Следете не

Македонија

Нешто повисоки бројки денес на Ковид-19 во земјава, вкупно 682 нови случаи, додека 32 починале како последица од вирусот..

Објавено пред

на

Во последните 24 часа се направени 6.425 тестирањe, а регистрирани се 682 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 317
• Куманово – 51
• Тетово – 49
• Битола – 31
• Кичево – 30
• Кавадарци – 22
• Гостивар – 19
• Струмица – 18
• Ресен – 15
• Прилеп – 13
• Охрид и Струга – по 11
• Делчево -10
• Пробиштип и Валандово – по 8
• Радовиш, Крива Паланка и Кратово – по 7
• Штип и Дебар – по 6
• Велес, Неготино, Свети Николе и Берово – по 5
• Кочани и Гевгелија – по 4
• Виница и Демир Хисар – по 2
• Богданци, Пехчево, Македонска Каменица и Дојран – по 1
Пријавени се 32 починати лица: 9 починати лица од Скопје (88г, 78г, 71г, 69г, 68г, 66г, 61г, 53г и 42г), 4 починати лица од Куманово (84г, 70г, 63г, 58г), по 3 починати лица од Гостивар (71г, 71г и 41г) и Тетово (88г, 82г и 82г), по 2 починати лица од Велес (80г и 72г), Свети Николе (73г и 53г) и Штип (56г и 33г) и по едно починато лице од Кичево (75г), Охрид (62г), Струга (80г), Дебар (83г), Струмица (70г), Прилеп (65г) и Македонски Брод (61г). Од пријавените 28 се починати во болнички услови и 4 се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 1.031 оздравени пациенти од:
• Тетово – 393
• Скопје – 296
• Гостивар – 99
• Куманово – 57
• Кичево и Охрид – по 28
• Струга – 25
• Дебар – 21
• Струмица – 15
• Битола – 13
• Прилеп – 11
• Велес – 10
• Македонски Брод – 8
• Пехчево – 5
• Радовиш и Кочани – по 4
• Виница – 3
• Валандово, Кратово, Свети Николе и Берово – по 2
• Кавадарци, Ресен и Македонска Каменица – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.197.339 тестирање на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.919, бројката на оздравени пациенти е 160.396, на починати е 6.129, а бројот на активни случаи изнесува 14.394

Македонија

На пат Гостивар-Тетово возел со 151 км/ч, Полицијата го сопре на радар!

Објавено пред

на

На 28.04.2025 во 14.50 часот на патот Гостивар-Тетово, кај клучка Жеровјане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Н.Р.(40) од с.Мала Речица, затоа што управувал патничко моторно возило ,,бмв“, со гостиварски регистарски таблици, со брзина од 151 км на час на место каде максимална дозволена брзина е 80 км на час.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 297-а од Кривичниот законик- ,,безобѕирно управување со моторно возило“, истакна МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

Од ноќеска поскапуваат нафтените деривати, ова е новата цена!

Објавено пред

на

©porta.mk

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.04.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,50 ден/лит, додека малопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.04.2025 година и со тоа, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 65,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,375 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.04.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот
М-1 НС изнесува 37,155 ден/кг, известуваат од РКЕ.

Прочитај повеќе...

Македонија

(ФОТО) СВР Охрид со кампања за заштита на граѓаните и туристите од кражби

Објавено пред

на

СВР Охрид со кампања за заштита на граѓаните и туристите од кражби
Отсекот за превенција при СВР Охрид, деновиве спроведува превентивно едукативни активности со цел, заштита на граѓаните и туристите кои престојуваат во Охрид, од сторители на кражби, џебни кражби и други имотни деликти.

Полициски службеници од отсекот за превенција, на повеќе локации во градот, остваруваат кратки средби со граѓани и туристите кои престојуваат во Охрид и ги посетуваат туристичките комплекси на подрачјето и, низ кратки разговори, ги потсетуваат на потребата од поголема грижа за паричниците и другите лични и вредни предмети што ги имаат, да не ги оставаат необезбедени со што стануваат лесно достапни до сторителите и се предмет на кражби и џепни кражби.

Притоа, прецизно им се укажува на можните форми и начини на вршење на овие кривични дела, како и за неопходните основни мерки за заштита од сторителите на имотните и други деликти. На граѓаните и туристите, им се делат едукативни флаери со низа практични совети, со цел поефикасна заштита на нивните вредни предмети и друга лична сопственост, како и  зголемување на нивната безбедносна култура.

Оваа проектна активност е во рамките на концептот „Полициско работење во заедницата“, кое подразбира градење посилен партнерски однос помеѓу полицијата и граѓаните во спречување, намалување, откривање и решавање на безбедносните проблеми и предизвици, извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура11 часа

Во среда на 7-ми мај традиционално и оваа година во Струга ќе се одржи Еордија (литија) со чесните мошти на Великомаченикот и на неговата чудотворна икона

На 7 мај (среда) во храмот на Светиот Великомаченик Георгиј во Струга, со почеток во 16 часот, ќе биде отслужена празнична...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за петок (2 мај)

ОВЕН Денешниот ден ви доаѓа како порачан. Намалениот прилив на обврски ќе ви го овозможи потребниот одмор. Можни се сомнежи...

Скопје22 часа

Во ПС Карпош пријавено дека исчезнато е дете на 8 годишна возраст

Денеска (01.05.2025) во 00.45 часот во Полициската станица Карпош, А.Џ.(55) од Скопје пријавил дека од местото каде престојувале се оддалечил...

Занимливости22 часа

Ден на трудот – 1 мај, се вели ден произлезен од традициите на работничкото движење

Први мај е меѓународен празник кој се слави на секаде во светот. Во многу земји се поистоветува со денот на...

Кичево1 ден

(ФОТО) Автошоп „Delta“ – Кичево прославува 25 години постоење, верификуван бренд „број 1“ за вашиот автомобил, сѐ на едно место!

Денес 1-ви мај се навршуваат точно 25 години постоење на Автошоп „Delta“ – Кичево, специјализирана продавница за авто-делови, козметика, пневматици...

На денешен ден1 ден

На денешен ден – 1 мај

1707 година – Стапи на сила Законот за Унија, со кој кралствата Шкотска и Англија беа обединети во Велика Британија....

Временска прогноза1 ден

Попоски: Не очекува просечно топол месец мај, но повремено и често нестабилно, појава која може да резултира и со потпросечни температурни разлики

Оваа 2025 година мај во Македонија, но и во регионот ќе биде просечно топол гледано по температурите, иако, повремено е...

Хороскоп1 ден

Месечен Хороскоп (мај 2025)

ОВЕН Денес, ќе добивате разни сигнали од луѓе со кои работите и пријатели, па затоа не е изненадувачки што ќе...

Скопје2 дена

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради најавен протест, следните улици треба да се одбегнуваат

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (01.05.2025) со почеток во 11.00 часот поради одржување на протест, Единицата за безбедност...

Спорт2 дена

Првиот човек на ФФМ оствари средба со раководствата на финалистите кои ќе се соочат за „Купот на Македонија“, со негова заложба на мечот ќе има ВАР технологија

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, во текот на вчерашниот ден оствари средба со раководствата на ФК...

НАЈЧИТАНИ