Следете не

Временска прогноза

Нестабилното време продолжува, ова се најновите метео вести

Објавено пред

на

Продолжува периодот на нестабилно време во Македонија. Сепак во претпладневните часови ќе има повеќе сончеви периоди, додека во попладневните локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Денес поголеми услови за нестабилност ќе има во западните предели.

Во почетокот од следната седмица повторно на многу места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално за време на овој период повторно ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд кој може да услови НОВИ ЛОКАЛНИ ПОПЛАВУВАЊА и ШТЕТИ, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Токму поради ова ПРЕПОРАЧУВАМЕ КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ, и ги советуваме надлежните да бидат подготвени, вели Славчо Попоски.

Температурите овие денови ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.

Временска прогноза

Од вечерва и во текот на утрешниот ден локален дожд, еве каде..

Објавено пред

на

Вечерва, во текот на ноќта и утре во текот на целиот ден на многу места низ Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има појава на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој локално би можел да биде и крупен.

– Најпогодени ќе бидат западните и централните предели од Македонија, како и делови од Скопскиот регион. Локално во овие делови ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог. Апелираме на КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ, во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. 🌩🌩🌩

Пишува: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Утре во попладневните часови и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Објавено пред

на

Невремето во регионот веќе прави проблеми и предизвикува штети, а постои опасност и од локални поројни поплави. Под влијание на силен циклон, утре особено од попладневните часови, па во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник на многу места низ Македонија ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради загреаната атмосфера и исполнета со енергија и тоа поради многу високите температури овие неколку денови, локално процесите ќе бидат интензивни и застапени во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен јужен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој локално би можел да биде и крупен.

И во Скопскиот регион очекуваме нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на невреме.

Најмногу врнежи за време на овој циклон ќе има во западната половина од државава, и локално таму ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог.

Апелираме во случај на појава на силно невреме и на силни и чести електрични празнења, граѓаните да бидат крајно внимателни, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Температурите од понеделник ќе опаднат за 6 до 8 степени во споредба со сегашните, и тогаш максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени. Од вторник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и значително посуво.

Инаку овие денови над Македонското небо и тоа поради изразеното јужно воздушно струење е присутна Сахарска прашина и песок, со што и атмосферата е значително заматена, пишува Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Викендов се спрема ново невреме, ова се најновите информации..

Објавено пред

на

На убавото и натпросечно топло време во Македонија му доаѓа крајот, што значи дека под влијание на Џеновски циклон, во недела и во понеделник кај нас ќе дојде до поголема промена на времето. 

На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради загреаната атмосфера и тоа поради високите температури кои ги имаме овие денови, локално процесите ќе бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен јужен ветер (над 50/60 км/час), силни електрични празнења и со појава на град кој локално би можел да биде покрупен.

Најинтензивни врнежи за време на овој циклон ќе има во западната половина од државава (локално над 30 л/м2 воден талог). Од понеделник ќе биде и посвежо со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

И во Скопскиот регион очекуваме појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината ќе има услови и за појава на невреме.

Апелираме во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Инаку силно невреме овој викенд ќе има на многу места низ регионот, а можна е појава дури и на Суперќелијско невреме. Постои опасност од поплави.

Во алпскиот регион ќе има поинтензивни врнежи од снег, пишува Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп6 часа

Хороскоп за среда (27 септември)

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

Спорт13 часа

Познати осминафиналистите за Купот на Македонија, додека теренот на ФК Башкими суспендиран за натпревари

Познати се двојките од осминафиналето во Купот на Македонија. Бранителот на трофејот, Македонија Ѓорче Петров ќе игра против Вардар. Финалистот...

Автомобили23 часа

(ВИДЕО) „BMW XM“ изненади на тестот на еден престижен настан за автомобили

Шпански специјализиран сајт го тестираше BMW XM, првиот независен модел М, но и најтешкиот сериски BMW во продажба од 2.800...

На денешен ден23 часа

На денешен ден (26 септември)

1186 – Дубровник склучил мир со српскиот голем префект Стефан Немања, кој се обидел да го заземе градот во два...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (26 септември)

ОВЕН Размислувајте однапред при носењето одлуки на деловно поле и важно е некои проекти добро да ги организирате. Со саканата...

Спорт1 ден

Ова е составот на Украина кој ќе биде на располагање и на мечот против Македонија во Прага закажан за 14 октомври, истакна Ребров

Селекторот на фудбалската репрезентација на Украина, Сергеј Ребров, го објави списокот на фудбалери на кои ќе бидат на располагање на...

Македонија2 дена

Од вечерва горивата со намалена цена за литар, ова е новата цена

Од вечерва по еден ипол денар поевтинуваат нафтените деривати, односно, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 89 денари за...

Магазин2 дена

Пристигнаа првите информации за серијата Google Pixel 8: Дали iPhone 15 добива „ривал во сенка“? (ФОТО)

Впечатоците по iPhone 15 сè уште не стивнуваат, а веќе ги имаме првите информации за новиот изданок на серијата Google...

Магазин2 дена

Snapchat се обидува да им отежне на тинејџерите да се поврзат со странци

Snapchat додава нови функции кои имаат за цел да ги обесхрабрат тинејџерите да комуницираат со странци на својата апликација. Промените...

Магазин2 дена

YouTube работи на алатки за вештачка интелигенција за да им помогне на креаторите

YouTube има нови AI функции за креаторите. Функциите со вештачка интелигенција што компанијата ги објави на настанот „Made on YouTube“...

НАЈЧИТАНИ