Магазин
Netflix најави отворање на студио за развој на видео игри
При најавата за отворање на студиото, компанијата најави дека развојот на игри може да потрае со години, така што првите игри од тоа студио не треба да се очекуваат толку брзо.
Netflix има големи планови на пазарот на видео игри. Стриминг гигантот веќе ги покажа своите намери со стекнување на помали гејмерски компании како Night School Studio и Boss Fight Entertainment. Оваа недела тие направија уште еден чекор на тој пазар и најавија лансирање на сопствено студио за развој на видео игри.
Потпретседателот за видео игри на Netflix, Амир Рахими, на блогот на компанијата објави „визија за развој на студио за игри од светска класа“, а за да ја претворат таа визија во реалност, најмија добро познато име во индустријата за видео игри. Нивното студио ќе го води Марко Ластика, еден од основачите на Zynga и познат режисер во Electronic Arts.
Интересно е што студиото ќе го започнат во Хелсинки и ова ќе биде нивно второ студио во главниот град на Финска. Имено, на почетокот на оваа година тие веќе ја презедоа компанијата Next Games (со која соработуваа на развојот на игра базирана на популарната серија Stranger Things), чие седиште е исто така во Хелсинки. Новото студио го започнуваат од нула, а како причина зошто го одбрале токму тој град, Рахими истакна дека Хелсинки е местото каде што се наоѓаат едни од најдобрите развивачи на оваа индустрија.
Но, нагласи и дека тие штотуку влегле на овој пазар и сега ги градат темелите за иднината. Развојот на игрите, нагласи тој, може да трае со години, па сите оние кои очекуваат врвни игри со потпис на Netflix допрва ќе треба да чекаат уште долго.
Lifestyle
Домашен сок од грозје – рецепт што враќа во детството
Ако сакате пијалок со природен вкус и арома, кој ќе ве потсети на детството, домашниот сок од грозје е вистинскиот избор.
Без конзерванси и вештачки бои, овој сок е здрав и полн со природна сладост што ја дава само зрелото грозје. Подготовката е едноставна, а резултатот е освежителен пијалок што може да го чувате и пиете преку целата година.
Состојки
-
5 кг црно или бело грозје (зрело и слатко)
-
1 литар вода
-
500–700 г шеќер (по вкус)
-
сок од еден лимон (опционално, за свежина и подолго складирање)
Подготовка
-
Измијте го грозјето и одделете ги бобинките од стеблата. Отстранете оштетени или скапани зрна.
-
Ставете го грозјето со водата во голем сад и варете на средна температура околу 20–30 минути, сè додека бобинките не омекнат и не почнат да пукаат. Повремено мешајте и притискајте ги со вилушка за да ослободат повеќе сок.
-
Оставете ја смесата да се олади, а потоа процедете ја низ густа цедалка или газа.
-
Добиениот сок вратете го во чист сад, додадете шеќер по вкус и, ако сакате, сок од лимон. Варете уште 10–15 минути додека шеќерот целосно не се раствори.
-
Истурете го топлиот сок во стерилизирани стаклени шишиња, веднаш затворете ги и свртете ги наопаку на неколку минути за да се вакуумираат.
-
Оставете ги шишињата целосно да се изладат.
Резултатот е природен, ароматичен и вкусен сок кој ќе ве освежува во секое време од годината.
Извор: Nezavisne
Lifestyle
Грешки што ги правиме при нанесување дезодоранс – една е особено опасна
Во текот на летото, високите температури и лесната облека бараат да останеме свежи подолго. Но, многу луѓе прават несвесни грешки при користење дезодоранс. Некои го намалуваат неговото дејство, а една може да биде и опасна за кожата.
Нанесување на влажна кожа
По туширање, ако дезодорансот го нанесете додека кожата е сè уште влажна, тој нема добро да се задржи и ќе има послаб ефект.
-
Почекајте кожата целосно да се исуши пред да нанесете.
Тесна или синтетичка облека
Дури и најдобриот дезодоранс не помага ако кожата не може да дише. Синтетичките материјали и тесната облека ја задржуваат топлината и влагата, што предизвикува повеќе потење.
-
Изберете памук, лен или вискоза за свежина во текот на денот.
Нанесување врз испотена кожа
Многумина додаваат уште еден слој дезодоранс врз веќе испотена кожа, мислејќи дека ќе помогне. Всушност, тоа може да ја влоши ситуацијата и да предизвика иритации.
-
Прво избришете или измијте го пределот под пазувите, па потоа нанесете повторно.
Заборавање на ексфолијација
Под пазувите се акумулираат мртви клетки, исто како и на другите делови од телото. Тоа го намалува дејството на дезодорансот.
-
Направете нежен пилинг еднаш неделно – ќе имате подобра апсорпција, помал ризик од иритации и помазна кожа.
Со овие едноставни навики ќе овозможите дезодорансот да делува максимално и ќе ја зачувате кожата здрава и свежа.
Извор: Informer
Lifestyle
Како да ги направите крпите повторно меки со едноставен трик
Крпите се едни од најчесто користените текстилни предмети во секое домаќинство. Секојдневно ги земаме во раце, очекувајќи да бидат меки, впивливи и пријатни на допир. Но со текот на времето, многу крпи стануваат груби, тврди и безживотни.
Причината најчесто не е квалитетот на материјалот, туку начинот на перење и одржување.
Зошто крпите стануваат груби?
-
Прекумерна употреба на омекнувач – влакната на крпите впиваат остатоци од омекнувач и детергент. Со текот на времето тие создаваат слој што ги прави тврдi и ја намалува нивната впивливост.
-
Тврда вода – минералите како калциум и магнезиум се врзуваат за ткаенината и ја губи мекоста.
-
Неправилно сушење – ако крпите останат во машината долго време или се сушат во затворен простор без доволна циркулација на воздух, тие добиваат непријатен мирис и стануваат „тешки“.
Природно решение – лимон
Наместо скапи хемикалии, решението се крие во кујната. Сокот од лимон е природна и ефикасна алтернатива за враќање на мекоста и свежината на крпите.
-
Лимонската киселина ги разградува наслагите од сапун и минерали.
-
Дејствува антибактериски и ја освежува ткаенината.
-
Природно ја избелува и осветлува бојата на крпите.
Како се користи?
-
Ставете ги крпите во машината без да мешате со друга облека.
-
Додадете 125 мл свеж сок од лимон во делот за омекнувач.
-
Користете детергент како вообичаено, но без омекнувач.
-
Вклучете топла програма за подобар ефект.
-
По перењето, оставете ги крпите да се сушат на отворено и на сонце.
Совети за различни бои
-
За бели и светли крпи, лимонот е совршен – дава свежина, мекост и природно избелување.
-
За потемни крпи, подобро користете алкохолен оцет, кој ја има истата функција без да ја оштети бојата.
Зошто овој метод е најдобар?
-
Природен и безбеден – без вештачки хемикалии.
-
Економичен – не бара дополнителни трошоци.
-
Брз резултат – крпите стануваат меки и свежи уште по првото перење.
-
Подолг век на траење – се спречува оштетување на влакната.
Извор: SuperZena
-
Кичево1 денОВР Кичево лиши од слобода кичевчанка која вчера на „Магистрален пат“ возела со брзина 107 км/ч
-
Кичево1 денИграорците на КУД „Бисер“ од Кичево во Полска, се натпреваруваат за најубава македонска носија на меѓународен фестивал
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (18 август)
-
Спорт1 ден(ВИДЕО) Кичевски „ФК Напредок“ со полна пареа ги започна припремите за новата сезона, сонот е познат – „Враќање на победничките патеки“
-
Хороскоп24 часаХороскоп за вторник (19 август)
-
Македонија9 часаМВР соопшти за деталите околу сообраќајката кај с.Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево, каде учесници беа два автомобили и едно тешко товарно возило
-
Култура13 часаДенес е празник, „Преображение Господово“ – За многу години!
-
Македонија2 денаДенес во Штип, Македонската Армија одбележува 33 години од своето формирање, три децении исполнети со професионализам, посветеност и храброст
