Следете не

Магазин

Netflix подготвува изненадување за претплатниците до крајот на годината

Објавено пред

на

Фото: Thibault Penin @ unsplash
Фото: Thibault Penin @ unsplash

Најавата од Netflix најмногу ќе ги израдува љубителите на видео игри.

Netflix, најпопуларната стриминг платформа за филмови и серии, според најновите податоци има повеќе од 300 милиони претплатници ширум светот. И покрај овој импресивен број, во компанијата се свесни дека конкуренцијата расте и дека мора постојано да нудат нови содржини и услуги за да ги задржат своите корисници и да привлечат нови.

Еден од начините на кој Netflix планира да го постигне тоа е преку интеграција на видео игри во својата понуда. Компанијата го формираше својот оддел за видео игри кон крајот на 2021 година, овозможувајќи им на претплатниците да играат различни наслови преку мобилната апликација. Со текот на времето, бројот на достапни игри постојано растеше, а меѓу нив се појавија и познати наслови како GTA: San Andreas и Sonic Mania Plus. Денес, каталогот на Netflix брои повеќе од 120 игри.

Сериозноста на нивните намери ја потврдува и купувањето на финската компанија Next Games, за која Netflix плати околу 72 милиони долари.

Игри на голем екран

Во почетокот, Netflix игрите беа достапни исклучиво на мобилни уреди, но компанијата постепено почна да работи на тоа да ги донесе и на големите екрани. Некои корисници веќе имаа можност да тестираат игри на телевизори преку бета програмата на Netflix, под услов да поседуваат компатибилни уреди.

Netflix има големи планови за оваа функционалност, особено во пресрет на новогодишните и божиќните празници, кога луѓето минуваат повеќе време дома и често играат игри со семејството. Компанијата најави дека ќе претстави неколку нови забавни игри кои ќе можат да се играат директно на телевизорите.

Играчите ќе можат да им пристапат на игрите преку новата табула „Games“, а како контролер ќе се користи паметниот телефон.

До крајот на годината, Netflix планира да ги објави следниве наслови:

  • Lego Party!

  • Boggle Party

  • Pictionary: Game Night

  • Tetris Time Warp

  • Party Crashers: Fool Your Friends

Повеќе информации за секоја од овие игри ќе бидат достапни на официјалната веб-страница на Netflix.

Ограничена достапност

Иако оваа најава е одлична вест за гејмерите и сите што сакаат повремено да се забавуваат со лесни игри, Netflix напоменува дека игрите засега нема да бидат достапни за сите корисници. Тие ќе бидат достапни само на одредени модели на телевизори и на ограничен број пазари.

Сепак, компанијата планира постепено да ја прошири достапноста во текот на следната година, со цел што поголем број претплатници ширум светот да можат да уживаат во новите интерактивни содржини.

Извор: Tech Crunch

Хороскоп

Хороскоп за недела (23 ноември)

Објавено пред

на

ОВЕН
Повеќето денови ќе бидете многу емотивни и склони кон промени во расположението. Исклучително е важно да се држите до основите и да ги поедноставите работите. Не ја истегнувајте вистината и не давајте половични информации за другите, бидејќи до вечер се може да тргне наопаку. Во љубовта внимавајте бидејќи другата страна нема да биде искрена кога се во прашање емоциите и очекувањата.

БИК
Погледнете ги подетално инвестициите што ве интересираат или за кои некој постојано ви кажува. Денот е идеален за преместување, одлуки за купување недвижен имот или возила и воопшто работи поврзани со недвижен имот. Нема сомнение дека парите одат за вас, но најважно е да одредите буџет сега и да бидете свесни за сите идни трошоци.

БЛИЗНАЦИ
Сигурно имате се под контрола, затоа престанете да се сомневате во себе и не плашете се да направите нови потези. Ве очекува успех во се што е поврзано со планирање патувања, дружење и активности со семејството. Пријателите ќе бидат на ваша страна, а добрата атмосфера ќе преовладува на работа. Оставете доволно време за романтика.

РАК
Ако долго време се чувствувате уморно без посебна причина или сте под премногу стрес, размислете дали сте задоволни од вашата моментална деловна позиција и насоката во која одите. Проверете ги другите опции затоа што ќе се изненадите кога ќе сфатите колку нови можности имате околу вас. Љубовните промени сигурно ќе ви донесат среќа.

ЛАВ
Оние од вас кои се слободни, најверојатно денес ќе влезат во нова врска што ќе им помогне да создадат подобра иднина за себе. Во принцип, денот е поволен за секое партнерство, затоа посветете се на она што може да ви помогне да реализирате стара деловна идеја. Разговарајте со пријателите и семејството, ќе дојдете до нова реализација.

ДЕВИЦА
Пред да отворите тема, размислете што и на кого ќе кажете. Многу е важно да внимавате како се претставувате денес затоа што личност која има моќ ќе го следи секој ваш чекор. Beе бидете успешни во јавните настапи, но претерувањето ќе ве доведе до ветувања што не можете да ги исполните. Бидете реални, ажурирани и умерени во се.

ВАГА
Емоцијата ќе биде вашиот најголем непријател денес. Смирете се и не дозволувајте љубомората да ве натера да направите чекори или зборови за кои подоцна ќе зажалите. Ако сте премногу зафатени со работа, искористете го попладнето за да излезете со пријателите и да се забавувате. Фокусирајте се на колегите кои ви се драги и старите хоби што сте ги занемариле.

ШКОРПИЈА
Од вас ќе биде побарано да простите или заборавите некои работи. Денес, повеќето луѓе ќе ја вратат личноста од минатото, и ако не вложите доволно напор во врската, засекогаш ќе ја изгубите врската и шансата. Не бидете ексклузивни или селективно избирајте теми што ви одговараат. Напредок е возможен само ако целосно го прифатите минатото.

СТРЕЛЕЦ
Споделете ги вашите мисли и идеи со луѓе кои се постојано активни и желни за нови искуства, бидејќи на тој начин ќе научите нови работи и ќе разберете што треба да промените за да бидете подобра личност. Искуството денес ќе биде клучот за успехот, преземајте ризици и не двоумете се – фалете се или истакнете ги минатите достигнувања.

ЈАРЕЦ
Преспијте ги сите одлуки. Освен што денес нема да размислувате објективно, повеќето работи ќе бидат скриени или ќе се случуваат далеку од вашите очи. Ако се потпирате на увидите на блиска личност, имајте на ум дека секој различно ги перцепира работите. Си должите одмор и релаксација, слободно инвестирајте пари во вашите желби.

ВОДОЛИЈА
Оние од вас кои се на старото место сигурно ќе имаат желба да контактираат со лицето што се сеќава овде и таму. Слободно контактирајте, другата страна ќе биде среќна, но имајте ја предвид вашата моментална ситуација и не вршете притисок врз себе. Посветете се на се што ве интересира и не се замарајте со туѓите коментари.

РИБИ
Внимавајте како ги критикувате другите или барате да ги прават работите поинаку. Лесно ќе ги навредите другите со вашите коментари или ќе завршите на мрежа од лаги. Бидете искрени со сите, и ако некој не ви одговара, отстапете и свртете се кон позитивни работи. Размислете повторно што е најважно за вас.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за сабота (22 ноември)

Објавено пред

на

ОВЕН

Иако вашите очекувања не се преголеми, денес е неповолен ден за вас, па тешко дека ќе успеете да остварите дури минимум од планираното. Пред вас е период во кој ќе имате нови случувања на љубовно поле. Водете сметка за стомакот.

БИК

Може да се надевате дека ќе успеете да ги преболите проблемите и да ги исправите пропустите кои сте ги направиле во претходниот период. Со саканата личност имате повеќе проблеми отколку што очекувавте. Избегнувајте цигари.

БЛИЗНАЦИ

Пред вас е ден во кој ќе имате многу стресни околности. Подгответе ги своите нерви за напорен период. Вашата тврдоглавост е најголем проблем во врската. Ќе биде потребно малку повеќе да се прилагодувате на партнерот. Проблеми со варењето.

РАК

Може да очекувате реализација на вашите планови. Пред вас е добра фаза во која ќе имате интересни случувања. Денес ќе остварите контакт со личност со која ќе посакате убава љубовна врска. Проблеми со грлото.

ЛАВ

Денес е поволен ден за промени на работно поле. Може да очекувате можност за преоѓање на друго работно место. Наскоро ве очекува ново познанство. Ако сте веќе во брак или врска, можни се проблеми. збегнувајте прејадување.

ДЕВИЦА

Конечно напредувате кога станува збор за работата, подготвени сте за важни чекори и промени во иднина. Ве очекува средба со личност која ви се допаѓа и се надевате дека наскоро ќе започнете врска со неа. Чувствителен уринарен тракт.

ВАГА

Ве очекуваат нови околности на работно поле. Ќе ви биде потребно време да се прилагодите на промените. Денес ќе запознаете нова личност. Ве очекуваат многу можности за флерт, врска. Водете сметка за нискиот притисок.

ШКОРПИЈА

Ве очекува одличен ден на работно поле. Ќе успеете да ги остварите сите планови. Немате потполно исти интереси со саканата личност, ве очекуваат некои кавги, несогласувања и тензија. Нагласен пад на имунитетот.

СТРЕЛЕЦ

Избегнувајте ризични потези на деловно поле. Пред вас е период во кој ќе имате многу компликации. Ве очекува интересен настан и подготвени сте да им се препуштите на емоциите. Очите ви се чувствителни.

ЈАРЕЦ

Денес може да остварите многу добра соработка која во иднина ќе води кон поголемо напредување. Сѐ повеќе се сомневате во своите чувства и ви се чини дека доаѓа време да ставите точка на односот со саканата личност. Проблеми со стомакот.

ВОДОЛИЈА

Денес ве очекуваат значајни случувања на деловно поле. Пред вас е добар период за важни одлуки. Ќе имате многу самодоверба и ќе успеете да ја заведете личноста која ви се допаѓа веќе подолго време. Добро се чувствувате.

РИБИ

Може да очекувате многу поволен ден кога станува збор за работата. Среќата е на ваша страна. Можеби сте разочарани од саканата личност бидејќи не ги исполни вашите очекувања. Проблеми со тироидната жлезда.

Прочитај повеќе...

Магазин

Microsoft ја враќа една од најбараните функции

Објавено пред

на

Фото: Clint Patterson @ unsplash
Фото: Clint Patterson @ unsplash

Microsoft конечно ја враќа една од најбараните функции на лентата со задачи во Windows 11. Иако Windows 11 веќе не е нов оперативен систем, компанијата и понатаму работи на подобрување на искуството, особено околу лентата со задачи и менито Start — делови што долго време беа предмет на критики.

Една од најголемите забелешки беше недостигот на корисен скокачки календар, каков што имаше во Windows 10.

Што беше проблемот?

Во Windows 10, календарот овозможуваше:

  • брз преглед на агендата

  • додавање нови настани

  • подобра организација без отворање апликација

Во Windows 11, корисниците добија само празен календар без никакви функции, што доведе до

  • користење алтернативи од трети страни, како Calendar Flyout

  • разочарување поради намалената продуктивност

Што носи новата надградба?

Microsoft најави дека флај-прозорецот на календарот во Windows 11 конечно добива значајна надградба.
Следниот месец ќе биде воведен:

  • нов дневен приказ во скокачкиот календар

  • брз преглед на претстојни настани

  • копчиња за директно приклучување на состаноци

  • опции за разговор со Microsoft 365 Copilot

Овие подобрувања конечно ја носат функционалноста што корисниците ја бараа уште од официјалното лансирање на Windows 11.

Извор: B92

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп8 часа

Хороскоп за недела (23 ноември)

ОВЕН Повеќето денови ќе бидете многу емотивни и склони кон промени во расположението. Исклучително е важно да се држите до...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (22 ноември)

ОВЕН Иако вашите очекувања не се преголеми, денес е неповолен ден за вас, па тешко дека ќе успеете да остварите...

Спорт1 ден

Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел

Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК...

Македонија2 дена

Поради обилен дожд, на подрачјето од Општина Ресен се поплавени над 50 куќи и магацински простории

Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор...

Фото: Clint Patterson @ unsplash Фото: Clint Patterson @ unsplash
Магазин2 дена

Microsoft ја враќа една од најбараните функции

Microsoft конечно ја враќа една од најбараните функции на лентата со задачи во Windows 11. Иако Windows 11 веќе не...

Фото: Leon Bublitz @ unsplash Фото: Leon Bublitz @ unsplash
Магазин2 дена

YouTube повторно воведува директни пораки: Моментално се тестира!

YouTube го тестира враќањето на директните пораки, дозволувајќи им на корисниците да споделуваат видеа и да разговараат во рамките на...

Фото: Jonas Leupe @ unsplash Фото: Jonas Leupe @ unsplash
Магазин2 дена

За прв пат Android телефони поддржуваат AirDrop: овие четири модели можат директно да споделуваат фотографии со iPhone

Серијата Pixel 10 ја воведува првата вистинска директна размена на датотеки помеѓу Android Quick Share и Apple AirDrop, без потреба...

Фото: Solen Feyissa @ unsplash Фото: Solen Feyissa @ unsplash
Магазин2 дена

Gemini го претвора текстот во видео

Gemini сега може да креира клип од 8 секунди директно од текстуално барање. Google официјално ја претстави новата функција за...

Фото: Oberon Copeland @ unsplash Фото: Oberon Copeland @ unsplash
Магазин2 дена

Roblox ќе ги спречи децата да разговараат со непознати возрасни

По зголемениот притисок од родители и институции, Roblox конечно воведува проширени безбедносни мерки со цел подобра заштита на малолетниците. Новите...

Македонија2 дена

ЦУК: Истакна соопштение за состојбата на водостоите на реките, излевања, поплавени објекти и одрони по региони ширум Македонија

Поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемување на водостоите на реките...

НАЈЧИТАНИ