Следете не

Магазин

Nintendo ја потврди новата Switch конзола

Објавено пред

на

Фото: Unsplash

Nintendo потврди дека објави нова Nintendo Switch конзола за да спречи хакерски модификации кои го таргетираат популарниот систем за игри.

Засега не е познато кога е објавена оваа нова верзија на конзолата, ниту какви хардверски промени добила. Нејзината објава беше потврдена за време на судењето на хакерот Гери Боусер од Team Xecuter Group.

Судскиот процес заврши со изрекување на затворска казна од 40 месеци за Баузер, а се појави и документација од овој случај која открива некои детали, меѓу кои и споменатата конзола.

„Nintendo мораше да објави нова верзија на својот хардвер како одговор на хакерска алатка, а оваа модификација бараше безброј часови инженеринг и подесување на нашиот глобален синџир на производство и снабдување, и секако соодветни ресурси“, се вели во соопштението на Nintendo. „Да бидеме јасни, овие ефекти се директен резултат на нападите на Bauzer и Team Xecuter врз нашите мерки за заштита на технологијата.

Nintendo истакна дека е агресивен со тужбата и дека со голема сериозност го третира овој спор, за да испрати порака. Не се посочува кога е пуштен во продажба новиот модел, но се претпоставува дека тоа можеби се случило во 2018 година.

/b92.net/

Мобилни уреди

За новите уреди на „iPhone“, реномираниот бренд би можел да има нов редизајн

Објавено пред

на

ФОТО: ©Laurenz Heymann / unsplash.com

Првиот iPhone беше претставен на 9 јануари 2007 година, на конференцијата Macworld во Сан Франциско, а беше пуштен во продажба на 29 јуни истата година во Соединетите Американски Држави. Во 2027 година, iPhone ќе ја одбележи својата 20-годишнина, но Apple се чини дека има големи планови.

Некои странски медиуми истакнуваат дека iPhone-от за 20-годишнината би можел да го донесе најрадикалниот редизајн досега – уред чиј преден дел би бил целосно покриен со екранот, без видливи исечоци за камерата, сензорите и слично.

Оваа шпекулација се совпаѓа со извештајот на „Блумберг“, според кој „Apple“ наводно развива посебен Pro модел со акцент на стаклен дизајн за да прослави две децении од постоењето на „iPhone“ и може да биде придружен и од долгоочекуваниот преклопен iPhone, но засега не е јасно дали тоа ќе биде првата или втората генерација на таков уред.

Според моменталните информации со кој располага изворот, преклопниот iPhone би можел да биде претставен веќе во 2026 година. Интересно е што Apple е сè уште единствениот голем производител на паметни телефони кој нема свој преклопен модел.

Оваа голема годишнина би можела да помогне и во оживувањето на интересот за iPhone, особено затоа што продажбата се забави во последните месеци. Дополнителен предизвик претставува новата царина од 125% за производи од Кина, каде што се произведуваат повеќето компоненти за iPhone, воведена за време на администрацијата на Доналд Трамп, пренесуваат од „CNET“.

Извор: b92.net

Прочитај повеќе...

Магазин

„Сите за Кочани – Трчаме заедно!“ – „Денот на Европа“ со хуманитарна трка во седум македонски градови, наменета за погодените од трагедијата во Кочани

Објавено пред

на

ФОТО: euhouse.mk

Оваа година, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус ќе го одбележат „Денот на Европа” со организирање на хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани. На 25 мај, истовремено во 7 града – Скопје, Струмица, Крива Паланка, Битола, Велес, Струга и Тетово, ќе трчаме заедно со една единствена цел: да му подадеме рака на Кочани.

– „СИТЕ ЗА КОЧАНИ – ТРЧАМЕ ЗАЕДНО!” е хуманитарна иницијатива во која може да учествува секој, без разлика на возраста или физичката подготвеност. Трките се наменети за сите: рекреативци, спортисти, аматери, помлади и повозрасни, бидејќи не се работи за километри, туку за солидарност.

Пријавувањето е отворено и може да се врши преку платформата https://sitezakocani.mk, каде што секој заинтересиран може да избере град и да стане дел од најважната трка оваа година. Сите средства собрани од котизациите ќе бидат донирани преку Црвениот крст, кој ќе ги насочи кон заедницата во Кочани, осигурувајќи дека секоја донација ќе оди таму каде што е најпотребна.

На 25 мај, нема да трчаме за резултати, ниту пак за награди – ќе трчаме за солидарност и за вредностите кои нѐ дефинираат како општество и како заедница.

Сите за Кочани – да трчаме заедно! Придружете ни се!

/ПР – euhouse.mk

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за понеделник (28 април)

Објавено пред

на

ОВЕН
Целото ваше внимание е насочено кон некој семеен проблем. Денес ќе се случи конечната кулминација на сето тоа а добрата вест е дека решението е едноставно и поволно за вас. После големите турбуленции ви пристигнува големо олеснување.

БИК
Ве обзема идеа да започнете некоја приватна работа. Затегнатите односи со шефовите и лошата атмосфера во опкружувањето може да издвои екипа на луѓе со кои е возможно остварување на самостоен бизнис. Не заборавајте дека онаму каде што владее интересот, љубовта и сочувството спијат.

БЛИЗНАЦИ
Конечно ги привршувате заостанатите работи со кои сте се мачеле долго време. Конечно се назира епилог на нешто на кое долго сте работетел. После долго чекање ќе ви годи чувството на мала победа па имате право да си дозволите краткотраен одмор.

РАК
Денот ќе го започнете стресно и со големо незадоволство. Доколку не избегнете непотребни трошоци, можете да западнете во голема финансиска криза. Од попладнето можете да рачунате на позитивни вести и интензивна комунилација со странство.

ЛАВ
Свесни сте дека пред вас е напоред период на речиси сите полиња. Полни сте со енергија и волја а вродениот борбен дух и оптимизам ќе ве направи уште посилни. Иако ќе вложите многу труд, на крајот ќе бидете задоволни со постигнатите резултати.

ДЕВИЦА
Брзи сте но и невнимателни. Поради претераното брзање сте приморани да направите селекција што е важно а што не е. Сепак, со оглед на тоа колку сте се залетале, шансите да направите опасна грешка се минимални. Бидете внимателни особено во сообраќајот.

ВАГА
Чувствувате дека сте професионално доста ценети, а денес ви стигнува и мала потврда за тоа. Паралелно со тоа ќе имате позитивен напредок во семејните односи и тоа додатно ќе ве орасположи. Добрата атмосфера создава миг кога ќе сакате да изнесете се што ви лежи на срце.

ШКОРПИЈА
Внимателно испланирајте го денот и ќе имате прилика да изградите нова деловна стратегија која долгорочно ќе ви донесе резултати на кои ќе бидете доста горди. Насочете се кон работата и семејните односи оставете ги настрана.

СТРЕЛЕЦ
Не се обидувајте да ги спроведете своите замисли во дело, сте избрале погрешен ден. Наместо тоа, прочитајте ја омилената книга и посетете кино или театар. Чувајте се од инфекции и овој ден поминете го во изолација од другите луѓе.

ЈАРЕЦ
Полни сте со енергија толку што не знаете што да правите со неа. Кога немате каде да ја трошите почнете да ја пренесувате тензијата на околината. На удар е саканата личност а знаете дека немате причина за тоа. Со своето однесување можете непотребно да ја нарушите стабилноста на врската.

ВОДОЛИЈА
Пронајдете баланс помеѓу деловниот и семејниот живот. Премногу зборувате за она кое треба да биде ваша интима а тоа може да биде сигнал дека ве мачи некаква грижа на совест. Размислете за тоа пред околината да почне да ве избегнува.

РИБИ
Математички сте го израчунале својот љубовен живот па по ваше мислење не постои шанса нештата да бидат онакви какви што сте ги замислиле. Сфаќате дека не е лесно да го предвидите развојот на случувањата особено ако во односите се вклучени и емоции.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Мобилни уреди1 час

За новите уреди на „iPhone“, реномираниот бренд би можел да има нов редизајн

Првиот iPhone беше претставен на 9 јануари 2007 година, на конференцијата Macworld во Сан Франциско, а беше пуштен во продажба...

Магазин6 часа

„Сите за Кочани – Трчаме заедно!“ – „Денот на Европа“ со хуманитарна трка во седум македонски градови, наменета за погодените од трагедијата во Кочани

Оваа година, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус ќе го одбележат „Денот на Европа” со организирање на...

Занимливости6 часа

Светскиот гигант „Google“ ќе ги враќа вработените во своите канцеларии, работењето од дома ќе стане минато

Технолошкиот гигант „Google“ на голем број вработени им издаде соопштение во кое се бара истите да се вратат во канцеларија...

Македонија8 часа

Од ноќеска поскапуваат нафтените деривати, ова е новата цена!

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 2,00 ден/лит, во...

Хороскоп23 часа

Хороскоп за понеделник (28 април)

ОВЕН Целото ваше внимание е насочено кон некој семеен проблем. Денес ќе се случи конечната кулминација на сето тоа а...

Скопје1 ден

СВР Скопје изрече 96 санкции, 41 од нив биле за возење со брзина поголема од дозволената

Денеска (27.04.2025) од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 08:30 до 16:00...

Спорт1 ден

ФФМ со експресно соопштение ја извести јавноста во врска со случајот ФК Гостивар

На денешниот натпревар од Прва МФЛ меѓу ФК Гостивар и ФК Работнички бевме сведоци на срамен чин – свесно и...

Здравје и убавина1 ден

Мувлата на овошјата може да доведе до несакани последици по здравјето на човекот

Ако мувла зафатила само еден дел од вашата храна, најверојатно мислите дека е безбедно да го отстраните тој дел и...

Кичево1 ден

(ВИДЕО) КУД „Рацин“ Кичево во полна сала вчера го реализираше традиционалниот „Велигденски концерт“ на песни и ора „Писмо дојде“

Вчера во НУ ЦК „Кочо Рацин“ – Кичево се реализираше традиционалниот „Велигденски концерт“ на КУД „Рацин“ – „Писмо дојде“ со...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (27 април)

ОВЕН Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува...

НАЈЧИТАНИ