Автомобили
Nissan GT-R се пензионира по 18 години – крај на една ера
 
																								
												
												
											По цели 18 години производство, Nissan официјално го означи крајот на легендарниот R35 GT-R, откако последниот примерок за јапонскиот пазар излезе од производствената линија во фабриката во Точиги.
• Последниот произведен автомобил е премиум изданието T-Spec во препознатливата боја Midnight Purple, специјално наменето за јапонските клиенти.
• Од своето деби во 2007 година, произведени се приближно 48.000 примероци од овој култен спортски автомобил.
◢◤ありがとう、R35 GT-R ◢◤
世界中のファンとともに駆け抜けたGT-Rが生産終了。
GT-Rは日産の象徴であり、私たちの情熱そのもの。
この伝説は終わりではなく、次なる進化への始まりです。みなさんのGT-Rとの思い出を、 #GTR でぜひ教えてください。#NissanGTR pic.twitter.com/I1ozg4fK35
— 日産自動車株式会社 (@NissanJP) August 27, 2025
Наследство на R35 GT-R
„По 18 извонредни години, R35 GT-R остави неизбришлив белег во автомобилската историја. Неговото наследство е доказ за страста на нашиот тим и лојалноста на клиентите низ целиот свет“, изјави Иван Еспиноза, претседател и извршен директор на Nissan. Тој додаде дека ова не е „конечно збогување“ со GT-R, бидејќи компанијата има цел еден ден повторно да го врати ова име.
• R35 GT-R постави нови стандарди како врвен Grand Tourer, спојувајќи удобност, префинетост и екстремни перформанси.
• Моќноста на моторот низ годините се зголеми од 480 КС на 570 КС, додека верзиите NISMO достигнуваа до 600 КС.
Officially the last R35 GT-R leaving production pic.twitter.com/ieY47FmlQf
— Qrisys (@Qrisys) August 26, 2025
Уникатност и иднина
Една од најголемите карактеристики на GT-R е што секој од произведените 48.000 мотори бил рачно составен од тим од само девет мајстори, познати како „Такуми“, во фабриката во Јокохама.
Иако Nissan сè уште нема објавено конкретен план за наследник, компанијата останува посветена на името GT-R, со визија еден ден да го врати за новата генерација љубители на спортски автомобили.
Извор: Index
Автомобили
(ВИДЕО) „Tuning Car Show“ во Прилеп доби нова димензија со видеата на тимот од „Autodonia“
 
														Традиционалниот „Tuning Car Show“ во Прилеп дефинитивно е еден од најпрестижните манифестации за сите љубители на автомобилизмот. На 11-ти октомври традиционално се одржа и овогоднинешното издание под покровителство на Општина Прилеп и останатите спонзори.
Вообичаено забележителни се многу видеографи, доста компании кои овој настан знаат и умеат да го пренесат, но токму нас, впечатлив пренос на овој настан ни остави „Autodonia“. Неуморните дечки на чело со Nenad Kaevik. Дечкото е специјализиран за изработка на визуелно импресивни и високо функционални дигитални решенија. Вистински љубеник на автомобилизмот кој успева на секој битен настан да биде прв.
Во оваа прилика од нашиот медиум упатуваме честитка за успешна работа, а вие не чекате уште веднаш посетете го неговиот бизнис инстаграм профил ТУКА – верувајте има што да видите, за повеќе информации за неговата работа и портфолио погледнете ТУКА
Промо видео од „Tuning Car Show“ – Прилеп:
Автомобили
Volvo го прекинува производството на моделот V90 — последниот примерок оди во музеј
 
														По девет години и речиси 250.000 произведени примероци, Volvo официјално го прекина производството на моделите V90 и V90 Cross Country. Со тоа, уште еден од најелегантните каравани на пазарот заминува во историјата.
Класата на каравани веќе подолго време полека исчезнува, заменета со SUV модели кои доминираат во продажбата. Според порталот Carscoops, шведскиот производител Volvo Cars го стави крајот на производството на V90 и неговата надградена верзија V90 Cross Country по речиси една деценија на пазарот. Иако оваа одлука беше најавувана веќе неколку години, за многу љубители на класичните каравани ова е тажен момент.
Volvo го лансираше V90 во 2016 година, а дизајнот доби суптилно освежување во 2020 година. И денес, моделот изгледа модерно и префинето, со типичен скандинавски стил. Во текот на својот животен циклус, V90 понуди богата палета на мотори — од 2.0-литарски турбодизел со 148 коњски сили, до турбополнет и компресорски бензинец со 316 КС, па сè до plug-in хибрид со импресивни 455 КС.
Вкупно беа произведени околу 250.000 примероци, а последниот V90 нема да биде ставен во продажба. Наместо тоа, Volvo го додаде во својата колекција Heritage, каде ќе биде изложен во музејот „Светот на Volvo“ (World of Volvo) во Гетеборг. Таму ќе стои рамо до рамо со легендарни модели како Volvo 145, Volvo 960 и Amazon P220.
Судбината на V90 беше неизвесна веќе подолго време. Кон средината на 2023 година, Volvo објави дека ќе ја прекине продажбата на моделите V90, S90, S60 и V60 на британскиот пазар, во рамките на транзицијата кон SUV возила. Сепак, помалку од една година подоцна, поради зголемената побарувачка, компанијата повторно ги врати V60 и V90 во продажба во Велика Британија.
Со престанокот на производството на V90, моделот V60 останува единствениот караван во понудата на Volvo. Но, бидејќи сегашната генерација е на пазарот од 2018 година, не е сигурно колку долго ќе опстои. Се шпекулира дека Volvo би можел целосно да се збогува со караваните по моделската 2026 година, завршувајќи една славна ера што го направи брендот светски препознатлив.
Извор: BUG
Автомобили
(ФОТО) Кичево и Бојоски денеска со високо трето место на „авто слалом“ во Прилеп по повод 11-ти Октомври
 
														Нашиот кичевчанец Кристијан Бојоски го освои високото трето место во класа над 1600 cм³, и четврто место во друга класа на „Авто слалом“ трката денес по повод 11-ти Октомври традиционално во Прилеп – во организација на Авто мото клуб „Автомото Класика“ – Прилеп

Кристијан Бојоски (трето место)
Повеќе фотографии од овој настан може да download-ирате во продолжение ТУКА, во следните чекори „View content“ > Download (icon). Во оваа прилика им благодариме за официјалната покана до Порта.мк на „Автомото Класика“, се гледаме до година.
И на крај пред претставување на галеријата, оваа прилика ја користиме да го поздравиме со топло добредојде во тимот „Авто шлеп“ – Лони Кичево кој од денес на сите интернационални и домашни натпреварувања ќе го вози модифицираното возило на Кристијан Бојоски!
Мал дел фотографии:
- 
																	   Хороскоп2 дена Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (30 октомври) 
- 
																	   Кичево1 ден Кичево1 ден„Џојсон Сeјфти Системс“ – Кичево заедно со „ОВР Кичево“ во кичевските училишта реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“ 
- 
																	   Кичево1 ден Кичево1 денЈанев денес беше во посета на ОВР Кичево, заедно со раководствата на „РЦ Запад“ и регионалниот сектор за внатрешни работи Охрид 
- 
																	   Хороскоп24 часа Хороскоп24 часаХороскоп за петок (31 октомври) 
- 
																	   Временска прогноза13 часа Временска прогноза13 часаПопоски: Ни претстои потопла зима, но со повеќе снег од лани 
- 
																	   Кичево13 часа Кичево13 часаПоради градежни активности на автопат Охрид-Кичево кај Подмоље ќе се врши пренасочување на сообраќај до среда 
- 
																	   Lifestyle1 ден Lifestyle1 денСовршена кајгана за неколку минути: Тајната состојка што прави чуда 
- 
																	   На денешен ден2 дена На денешен ден2 денаСветот „На денешен ден“ – 30 октомври 

 
								 
 
 










 
 
 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														