Македонија
Ноќеска поскапува дизелот, додека бензините остануваат со непроменета цена за литар

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 78,5 денари за литар и поскапува 2 ден за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 85,5, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 87,5 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), пак, се зголемува за 2,5 денари за литар и ќе изнесува 78 денари. Со одлуката на РКЕ за 1,489 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега ќе се продава за 45,031 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,323 отсто, додека кај дизелот има зголемување за 4,575, кај екстра лесното масло за 4,647 и кај мазутот има зголемување за 3,754 отсто.
Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,486 отсто
Македонија
МВР информира за работното време на Управните служби за претстојните Велигденски празници

Министерството за внатрешни работи во пресрет на претстојните Велигденски празници, ја информира јавноста дека утре (18.04.) сите Отсеци за управни работи при Одделот за управни работи на МВР, освен Одделението за управни работи Скопје ќе работат во периодот од 08:00 до 16:00 часот.
Одделението за управни работи Скопје, пак, односно неговите организациони единици утре (18.04) ќе работат со следниот временски распоред:
Пункт Пролет – двосменски од 07.30 до 19.30 часот; Пункт МТВ – двосменски од 07.30 до 19.30 часот, а со истиот распоред ќе работат и пунктовите во Беко и во Ѓорче Петров;
Пунктовите Драчево и Бутел ќе работат во една смена во периодот од 10.00 до 18.00 часот.
Притоа, ги известуваме граѓаните дека фотографирањето за лични документи ќе се врши без закажување на термин, а издавањето на документите ќе се одвива тековно.
Задутре пак (сабота 19.04.) ќе работат само шалтерите за издавање на лични документи во МТВ и Беко од 08:00 до 16:00 часот.
Македонија
Од денес времена измена на сообраќај на автопат „А1“ делница Демир Капија – Смоквица, ова се информациите

„АМСМ“ известува дека се отпочнува времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од денес 17.4.2025 г. до 31.5.2025 год, поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на Тунел Т2.
Десната тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во левата тунелска цевка.
Извор: АМСМ
Македонија
Штипјанец се здоби со тешки телесни повреди, во него удрило пмв „форд фиеста“ управувано од виничанец

На 15.04.2025 околу 12 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Пиринска“ во Штип, патничко возило „форд фиеста“ со винички регистарски ознаки, управувано од М.М.(35) од Виница, удрило во пешакот С.С.(68) од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С. констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип, истакнаа од МВР во дневниот билтен за медиуми
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за четврток (17 април)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (16 април)
-
Магазин1 ден
Спасен, Мето и Престиж Бенд концертот во Сиднеј ќе го донираат за настраданите во Кочани
-
Скопје2 дена
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради мечот на Националната арена „Тодор Проески“
-
Временска прогноза2 дена
Времето за најголемиот христијански празник „Велигден“ ќе биде стабилно и сончево
-
Македонија1 ден
Штипјанец се здоби со тешки телесни повреди, во него удрило пмв „форд фиеста“ управувано од виничанец
-
Кичево4 часа
Св.Петар и Павле – Кичево, распоред на богослужби за Страсната и Светлата седмица (Велигден)
-
Македонија1 ден
МВР: Лишен од слобода косовски државјанин поради давање поткуп