Следете не

Кичево

Ноќеска ТППЕ Кичево со полни раце работа, избувнал пожар на тераса, нема повредени

Објавено пред

на

Ноќеска на 14.05.2021 год во 00:20 часот во ОВР Кичево пријавено е дека настанал пожар во зграда на улицата „4 јули“ во Кичево. Од извршениот увид констатирано е дека пожарот, во кој нема повредени лица, избувнал на тераса од стан сопственост на Б.П. од Кичево.

Интервенирала територијалната протипожарна единица од Кичево, а по вредени лица нема.

Извор: СВР Охрид / Стефан Димоски

Кичево

Демант од СВР Охрид: Стара е веста за случена сообраќајка кај кичевското село Трапчин Дол, која беше за жал со жртви

Објавено пред

на

©porta.mk

Предмалку до нашиот медиум вознемирени граѓани и читатели упатија низа прашања за тоа дали денес се случила сообраќајка кај село Трапчин Дол кичевско со трагични последици, по проследена објава на некои портали дека се случила сообраќајка, по што го контактиравме Секторот за внатрешни работи – Охрид, односно портпаролот Стефан Димоски кој за Порта.мк го истакна следново:

„Запознати сме дека некои медиуми имаат истакнато дека се случила тешка сообраќајка кај кичевското село Трапчин Дол, така што во овој момент преку вашиот медиум ја демантирам таа вест бидејќи станува збор за веќе случена сообраќајна несреќа која за жал беше со смртни последици. Сообраќајот моментално се одвива нормално и непречено.

– Исто така, апелирам до медиумите да ги проверуваат вестите со цел точно и навремено информирање на граѓаните“ – истакна портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Денес во кичевската касарна „Чеде Филипоски – Даме“ – со свеченост беше реализиран 21-ви Мај – „Денот на единицата“

Објавено пред

на

Денес во касарната „Чеде Филипоски – Даме“ – Кичево со воена свеченост припадниците од 1. пешадиски баталјон (1.пб), од 1 пешадиска бригада (1. пбр) традиционално го одбележаа 21-ви Мај – „Денот на Единицата“, која ги продолжува традициите на формирањето на Кичевско-Мавровскиот партизански одред.

Во текот на одбележувањето на денот со пригодни говори и честитки на свеченоста, присуствуваа бригаден генерал Дејан Чиплаковски, Командант на Командата за обуки и доктрини, бригаден генерал Лулзим Нуредини, пензиониран генерал Зоран Милески, поранешни команданти, старешини, војници и цивилни лица во Армијата, пензионирани лица од единицата и гости.

Овој ден 21-ви мај има посебно значење за припадниците од 1 пешадиски баталјон, каде се навршуваат 82 години од сега веќе далечната 1943 година кога Главниот штаб на Народно Ослободителнатра Војна и Партизанските Одреди на Македонија од пристигнатите борци на 21-ви мај 1943 го формираа Кичевско-Мавровскиот Партизански Одред. По тој повод се организира оваа воена свеченост „21-ви Мај Денот на единицата“

На оваа свеченост беа наградени најдобриот вод, пофалени и унапредените старешини и војници, беа врачени благодарници до локалните приватни и државни претпријатија, како и поклони и срдечни почести и честитки за пензионираните припадници на АРМ.

На крај свеченоста беше официјално затворена со скромен коктел за присутните во дворот на касарната „Чеде Филипоски – Даме“

На официјална покана и ние бевме дел од оваа свеченост, така што настанот ви го пренесуваме преку фотогалерија:

Д.Б.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ВИДЕО) Кичевчанец со огорченост говореше за смрдеата и заразите од дивата депонија „На Онкологија има над 700 кичевчани“

Објавено пред

на

©porta.mk

Во четвртокот во 18:00ч се одржа третиот по ред протест пред општинската зграда во Кичево, овој пат на кеј.

– Барањата беа исти, протестите се со цел дислокација на дивата депонија, настаната во местото повеќе познато меѓу кичевчани Керамички комбинат.

– Околу 200 кичевчани изразија револт поради до сега никаквото решение со депонијата која шири заразни болести и е закана по здравјето повеќе од 8 години.

– „На гости ми дојдоа луѓе од Истанбул, кога излеговме на балкон веднаш ме прашаа што е оваа смрдеа, јас приморан бев да им кажам дека на 100м имаме депонија, а тие на тоа ми одговорија ова да беше во Турција, ќе следеа низа казни и медиумски блам“ – на говорот истална Џани Вели, старограѓанин од Кичево, долгогодишен пациент на Онкологија.

Свое излагање пред присутните имаше и еден од организаторите кој даде крик за оваа немила ситуација со депонијата, г-дин Бојан Мишкоски, кој потсети дека само сè бара чист воздух, здрава средина, она што е загарантирано со закон.

– Тој исто така истакна дека тука нема да застанат и дека ќе го мобилизираат народот се до разрешница на овој долгогодишен проблем кој ги труе кичевчани, а најмногу младата популација.

Да потсетиме за овој проблем истражуваше и ИРЛ:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен ден4 часа

Времеплов: На денешен ден (24 мај)

На денешен ден 24 мај, хронолошки подредени значајни настани што се случиле низ различни години и делови на светот. Еве...

Хороскоп6 часа

Хороскоп за сабота (24 мај)

♈ Овен Работа: Денеска ќе почувствувате потреба да забавите и да размислувате пред да дејствувате. Ова е време за стратегија,...

Временска прогноза6 часа

Временска прогноза за сабота и недела, ќе имаме дожд на секаде и голем пад на температурите, ова се последните метео вести

Под влијание на циклонска активност со центар над Јонското море, за време на овој викенд (сабота и недела 24/25 мај)...

Спорт7 часа

Младинците на „АП Брера Струмица“ ја освоија титулата во „Купот на Македонија“ против екипата на „ФК Брегалница“

Во финалето на „Купот на Македонија“ на младинци, денеска екипата на „АП Брера Струмица“ ја освои титулата со убедлива победа...

Спорт7 часа

Ѓоковиќ ќе се бори за 100-тата титула, откако го победи Нори во Женева!

Новак Ѓоковиќ се избори за место во финалето на АТП турнирот во Женева, откако во полуфиналето го совлада Камерон Нори...

Занимливости11 часа

Дали сте се запрашале што е разликата помеѓу телевизорите „QLed“ и „OLed“, звучи слично но сепак се различни

Ако сте во потрага по нов телевизор, сигурно сте се запрашале за оваа работа поради големиот избор и разни технички...

Кичево13 часа

Демант од СВР Охрид: Стара е веста за случена сообраќајка кај кичевското село Трапчин Дол, која беше за жал со жртви

Предмалку до нашиот медиум вознемирени граѓани и читатели упатија низа прашања за тоа дали денес се случила сообраќајка кај село...

Здравје и убавина16 часа

Само со „20 минути возење“ велосипед секој ден, се подобрува целокупното здравје кај човекот

За некои, велосипедот е средство за рекреација, за некого превозно средство и не е редок случај тоа да е и...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (23 мај)

♈ Овен Љубов: Периодот е поволен за искрени разговори со партнерот. Внимавајте на себични реакции кои можат да предизвикаат конфликти....

Спорт1 ден

Пионерите на ФК „Македонија Ѓ.П.“ се новите освојувачи на „Купот на Македонија“, во денешното финале беа поуспешни од ФК „Работнички“

Помладите пионери на фудбалскиот клуб „Македонија Ѓорче Петров“ се новите освојувачи на „Купот на Македонија“. Тие денеска славеа победа од...

НАЈЧИТАНИ