Магазин
Notepad конечно добива табови
Една од апликациите во Windows, која најдолго се спротивставува на подобрувањата, секако е Notepad. Тоа се промени со доаѓањето на Windows 11, кога беа направени некои мали промени во овој текстуален уредувач. Како што стојат работите, се чини дека Notepad конечно ќе добие сериозна „надградба“, односно опција која ќе го доближи до популарните уредувачи на текст од трети страни.
Според протечените неофицијални информации, Notepad во Windows 11 очигледно ќе добие јазичиња. Оваа информација се појави на Twitter, а ја објави еден од менаџерите на производи на Microsoft. Сепак, само неколку минути подоцна, твитот беше избришан. Сликата од екранот објавена со пораката покажува две јазичиња и покажува дека станува збор за внатрешен тест, кој може да стане достапен за Windows Insiders во блиска иднина.
Додавањето јазичиња овозможува значително поголема флексибилност и ефикасност во работата. Затоа, Microsoft веќе ја додаде таа опција во Windows 11 File Explorer, што значително го намали „жонглирањето“ помеѓу повеќе отворени прозорци при копирање на датотеки. Интересно е што пред неколку години на Windows 10 OS беше тестирана верзија на File Explorer со табови, но од за нас непознати причини беше отфрлена и напуштена.
Патем, првата верзија на Notepad се појави уште во 1983 година, во MS-DOS околина. Оттогаш, со исклучок на „лифтинг на лицето“ и прилагодување на новите графички интерфејси, оваа апликација речиси и не е функционално подобрена. Покрај тоа, сè уште се користи многу често, па се надеваме дека можноста за работа со јазичиња наскоро ќе стане дел од официјалниот Notepad.
Извор: Engadget
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Lifestyle
Тоше Ангелески, пејач и композитор од Кичево, силна емоција, автентичен звук, 2026-та година ќе биде албумска со многу позитивна енергија
Тоше Ангелески, еден од најактивните македонски изведувачи во моментов, ја заокружува 2025 година со рекорден број на настапи, бројни гостувања низ македонската дијаспора и сериозни подготовки за својот нов студиски албум. Роден во Кичево, а денес живее и твори во Струга, Тоше чекори сигурно на музичката сцена, носејќи автентичен звук и силна емоција.
На наше барање направивме едно мини интервју пред новогодишната еуфорија, па истото Ви го пренесуваме во целост:
Порта.мк: Здраво Тоше, 2025 година важи за една од твоите најработни досега. Како ја доживуваш?
Тоше: Здраво Порта.мк, искрено, 2025-та ми е навистина посебна. Имав рекорден број на настапи, многу патувања и средби со публика која ми дава огромна енергија. Работата е напорна, но кога ќе ја видиш реакцијата на луѓето – сè има смисла.
Порта.мк: Голем дел од настапите беа и надвор од Македонија, во дијаспората. Колку ти значат тие средби?
Тоше: Настапите во македонската дијаспора се нешто многу емотивно. Нашите луѓе таму ја носат Македонија во срцето и секоја песна ја доживуваат длабоко. Тоа е посебна врска што не може да се опише со зборови.
Порта.мк: И покрај бројните обврски, повторно ќе настапиш на божиќниот базар во Кичево.
Тоше: Да, тоа ми е особено драго. Божиќниот базар во Кичево стана вистинска атракција последните пет години и секогаш со радост се враќам во мојот роден град. Публиката таму има посебно место во моето срце.
Порта.мк: Живееш и твориш во Струга. Колку градот влијае на твојата музика?
Тоше: Струга има посебна енергија – мир, вода, инспирација. Тука наоѓам баланс помеѓу приватниот живот и креативната работа. Тоа сигурно се чувствува и во песните.
Порта.мк: Најавен е и нов албум за 2026 година. Што можеме да очекуваме?
Тоше: Албумот е сериозен проект на кој работам со голема љубов. Вклучени се врвни автори како Анита Даева, Златко Миладиноски, Спасен Сиљаноски, Александар Јолевски и уште многу други познати композитори. Секој од нив донесе своја боја и приказна.
Порта.мк: Има ли некој помалку познат, но интересен факт поврзан со албумот?
Тоше: Да, и тоа ми е особено драго. Поголемиот дел од текстовите на албумот се напишани од мојот татко, Цане Анѓелески. Тоа му дава дополнителна длабочина и личен печат на целиот проект.
Порта.мк: Што би сакал публиката да почувствува кога ќе го слушне албумот?
Тоше: Искреност, емоција и приказни во кои ќе се пронајдат. Тоа е мојата цел – музика што останува и се слуша со срце.
Со јасна визија и силна поддршка од публиката, Тоше Ангелески ја затвора успешната 2025 година и со голем оптимизам ја најавува 2026-та година во која неговиот нов албум ќе го заземе заслуженото место на македонската музичка сцена, а Порта.мк секогаш ќе биде силна поддршка на македонските изведувачи особено од нашиот крај.
Во прилог неговиот најнов проект, дело на Cvetanski/Vangardo продукција, музика, текст и аранжман на Илија Ќосевски, заследете го официјалниот јутјуб канал на Тоше ТУКА и следете ги неговите најнови музички исполнувања
Среќни празници каде и да сте!
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Хороскоп
Хороскоп за петок (19 декември)
ОВЕН
Денес ќе ви се чини особено напорен ден затоа што ќе бидете помалку продуктивни од вообичаено, нема да имате многу за да кажете и ќе се чувствувате поспано и раздразнето. Со други зборови, денес е одличен ден за да се опуштите со вашата омилена книга, серија или филм. Одморете се, ќе имате многу време за да се вратите назад на вашата работа.
БИК
Денес ќе биде во особено чудно расположене. На почетокот на денот се ќе ви оди од рага, но немојте тоа да ве залажува и да ги сфатите нештата здраво за готово. „Гордоста доаѓа пред падот“ сетете се на ова пред да се опуштите премногу. Внимавајте како се однесувате со вашиот партнер, може да кажете нешто кое не го мислите и да предизвикате конфликт.
БЛИЗНАЦИ
Денес ќе се чувствувате особено свежо и надежно. Луѓето кои ќе ги сретнете ќе бидат особено драги и пријатни за вашето друштво, ќе имате светол поглед кон иднината и ќе бидете полни со ентузијазам и идеи. Уживајте во денот кој ви претстои.
РАК
Овие денови имавте тенденција да се чувствувате незадоволно од се што ве опкружува. Но денешниов ден ви носи доста продуктивност. Денес ви се нуди можност да уживате во резултатите од напорниот труд. Можно е да се вклучите во некоја уметничка или религиозна активност.
ЛАВ
Постојат денови кога се чувствувате задоволно без некоја особена причина. Денес е таков ден, иако постојано ќе ја барате причината за вашата среќа. Немојте премногу да размислувате, денес е идеален ден за да бидете во близина на вашите сакани и оние кои ви се драги, а ви претстои и нова интересна љубов на повидок.
ДЕВИЦА
Денес ќе биде одличен ден за вас. Ќе сакате да размислувате за нештата кои ве прават задоволни и ќе барате начини како да ги вклучите повеќе во вашето секојдневие. Ќе направите некои поправки во вашиот дом или работно место. Ќе добиете одговор на некое прашање за кое доста долго сте се прашувале. Бидете благодарни за прекрасните можности кои ви пристигнуваат.
ВАГА
Денес ќе бидете совршено организирани, но сепак ќе посакате да можете да побегнете од обврските барем на кратко и да уживате во спонтан и неиспланиран ден. Ќе бидете особено сочувствителни со блиските и ќе посакате да им бидете потпора и да ги слушате нивните проблеми. Тие ќе ви бидат благодарни за одвоеното време.
ШКОРПИЈА
Денес за Шкорпиите не е баш поволен ден да држат се под контрола. Престанете да бидете толку опседнати со деталите и оставете ги нештата да течат од себе. Ќе побарате нечија помош во врска со некое прашање. Ќе се почувствувате дека губите контрола врз себеси, но тоа не секогаш е нешто лошо.
СТРЕЛЕЦ
Денес ќе се чувствувате како да не знаеше што сакате. Ќе ви годи редекорирањето на вашиот дом. Комуникацијата со останатите ќе ви оди некако тешко па затоа е најдобро да се посветите на себеси и вашите активности. Конфузијата ќе помине, не грижете се.
ЈАРЕЦ
Денес ќе почнете да размислувате за проширување на вашите видици. Ќе почнете да кроите планови за напредување и можно е да прифатите работа надвор од земјата или од вашиот град. Бидете отворени и прифатете го она кое ви се нуди, наскоро ќе треба да донесете доста важна одлука.
ВОДОЛИЈА
Денес ќе чувствувате дека луѓето околу вас не ве слушаат и не се интересираат за она кое го имате да го кажете. Немојте да се вознемирувате, некои денови едноставно е најдобро да се посветите на својата визија и своите желби. Издвојте време за овој ден да го поминете покрај вашите сакани.
РИБИ
На вашиот пат ви претстои можност каква не добива секој. Ќе имате шанса да го промените вашиот живот од корен, било да е тоа некое патување за кое одамна сте сонувале или напредување на работното место. Ќе сакате да се почувствувате слободни и ќе се трудите да создадете таква атмосфера каде и да се појавите.
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Магазин
Заборавете го лаптопот: Galaxy Tab S11 носи сериозен мултитаскинг
За сите што некогаш се прашувале дали таблетот може целосно да го замени лаптопот, Samsung нуди јасен одговор – може, и тоа со стил.
Новата серија Galaxy Tab S11 носи редефинирана продуктивност во движење, комбинирајќи напредни алатки за вештачка интелигенција, редизајнирано S Pen пенкало и моќниот Samsung DeX, кој секоја работна површина ја претвора во функционален команден центар.
Продуктивност – каде и да сте
Galaxy Tab S11 доаѓа со унапреден Samsung DeX, кој овозможува работа со повеќе апликации истовремено – директно на таблетот или поврзан со надворешен монитор.
-
Поддршка за до четири одделни работни простори
-
Лесно влечење и преместување апликации меѓу екраните
-
Прилагодлива работна околина за работа, студии, патување или креативно создавање
Овој пристап е особено корисен за корисници кои паралелно работат со е-пошта, документи, интернет-прелистувачи и креативни алатки.
Galaxy AI – попаметен и побрз работен тек
Tab S11 работи со One UI 8 и носи длабока интеграција со Galaxy AI, што значително ја подобрува секојдневната продуктивност.
Клучни AI функции:
-
Gemini Live – вештачка интелигенција што го „гледа“ екранот или околината преку камерата и одговара на контекстуални прашања
-
AI-резимеа – автоматско сумирање статии, е-пораки и белешки без напуштање на апликацијата
-
Брзи команди – поврзување повеќе дејства со една гласовна наредба
-
Circle to Search – пребарување и превод на текст во реално време, директно од екранот
Овие функции овозможуваат работа без прекини и минимизирање на непотребните чекори.
Хардвер што оди чекор понатаму
Со 3-nanometarski процесор и значително подобрени перформанси на процесорот, графиката и NPU единицата, Galaxy Tab S11 е подготвен за:
-
Паралелна работа со захтевни апликации
-
Мултимедијална обработка
-
AI-базирани работни процеси
Тенкото куќиште, ефикасното ладење и издржливата батерија овозможуваат високи перформанси без прегревање, дури и при подолга употреба.
Редизајниран S Pen за поголема прецизност
Новото S Pen пенкало е унапредено со:
-
Конусен врв за попрецизни навалувања
-
Шестоаголна форма за подобра ергономија
-
Брзи алатки и кратенки за цртање, уредување и водење белешки
Корисниците можат да запишуваат идеи директно од активниот прозорец, без прекинување на работниот тек.
Поддршка за креативни и професионални апликации
Galaxy Tab S11 доаѓа со интеграции за популарни апликации како:
-
Goodnotes
-
Clip Studio Paint
-
Notion
-
LumaFusion
Со дополнителни поволности како бесплатни пробни периоди и попусти, корисниците можат веднаш да започнат со креативна или професионална работа.
Таблет без компромиси
Galaxy Tab S11 е повеќе од обичен таблет. Тоа е моќна алатка за продуктивност која ги намалува одвлекувањата на вниманието, ги забрзува работните процеси и ја брише границата меѓу мобилноста и перформансите.
Извор: B92
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
-
Кичево1 денСреќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
-
Кичево2 денаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Временска прогноза1 денНи претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
-
Македонија2 денаЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (18 декември)
-
Хороскоп15 часаХороскоп за петок (19 декември)
-
Кичево19 часа(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!
-
Кичево20 часаВнимание: Измена во сообраќаен режим кон Охрид по една коловозна лента
