Магазин
Notepad нема да биде ист повторно: Програмата што постои од 1983 година добива голема промена

Microsoft продолжува да ја проширува употребата на вештачка интелигенција во своите алатки, овој пат вклучувајќи го и Notepad. Овој текст-уредувач, познат на корисниците на Windows уште од 1983 година, добива нова функција наречена Rewrite, која моментално се тестира преку програмата Windows Insider. Со оваа функција, корисниците ќе можат да користат алатки за вештачка интелигенција за преформулирање реченици, прилагодување на тонот и промена на должината на текстот.
Корисниците кои имаат пристап до ова ажурирање можат едноставно да означат дел од текстот, а со десен клик да ја изберат опцијата Rewrite. Потоа, Notepad ќе понуди три различни верзии на текстот за замена на оригиналот. За користење на оваа функција, потребно е најавување со Microsoft сметка, бидејќи услугата е базирана на cloud.
Microsoft ја воведува оваа нова функционалност како дел од Windows 11 за корисниците во САД, Франција, Велика Британија, Канада, Италија и Германија. Дополнително, неодамнешните иновации како проверка на правопис и автоматска корекција на текстот ги подобрија основните можности на Notepad.
Microsoft ја проширува вештачката интелигенција на класични алатки
Покрај Rewrite за Notepad, нови алатки со вештачка интелигенција доаѓаат и во Paint, вклучувајќи ги функциите Generative Fill и Generative Erase, кои овозможуваат додавање и отстранување елементи од сликите по барање на корисникот. Додека Generative Fill ќе биде достапен само за корисниците со Copilot Plus компјутери, Generative Erase ќе биде достапен за сите корисници на Windows 11 Insider програмата.
Microsoft јасно става до знаење дека ја гледа вештачката интелигенција како иднината на секој аспект од корисничкото искуство. Сепак, дел од корисниците веќе чувствуваат замор од тоа што Microsoft постојано ја вградува вештачката интелигенција во секој можен дел од својот екосистем.
Хороскоп
Хороскоп за среда (9 јули)

Овен
Потрудете се да размислувате малку поразумно кога се работи за љубовта и романсата. Можеби ќе треба да бидете малку повнимателни за да го добиете она што го сакате. Во главно, ова ќе ви биде еден од чудните денови, едно ќе правите, а друго ќе мислите.
Бик
Денот ќе ви започнме со многу обврски. По завршувањето на тие обврски, вечерта поминете ја со партнерот и опуштете се, ќе ви биде потребно. Слободните Бикови нека го искористат времето за да поспијат час-два повеќе.
Близнаци
Утрото ќе го започнете со мало нерасположение, но до крајот на денот испијте релаксирачко кафе со пријателите и тие веднаш ќе ја подигнат вашата енергија и ќе го подобрат вашето расположение.
Рак
Денот започнете го со позитивни мисли, и тие позитивно ќе делуваат на вас. Внимавајте на своето здравје, можни се нарушувања поради алергии. Очекувајте повик од личност од странство.
Лав
Денот ќе го започнете со полна пареа и со многу енергија. Вишокот енергија што ќе ви остане после работното време, искористете го спортувајќи. Отидете на рутински преглед кај лекар.
Девица
Вашето семејство ќе биде прекрасно поради изненадувањата кои ги приредувате за нив. Добриот фамилијарен ручек ќе внесе насмевки и среќа во вашиот дом.
Вага
Денес е прекрасен ден за да го посветите на себеси. Вашите финансии денеска искористете ги за добра масажа или некаков козметички третман, вашето тело ќе ви биде благодарно.
Шкорпија
Убавиот ден искористете читајќи добра книга и уживајќи во времето поминато сами со себе. Остатокот од денот искористете го за чистење и освежување на вашиот дом. Можна е средба со некоја важна личност.
Стрелец
Лицемерните личности околу вас денес избегнувајте ги и ширете позитивна енергија на лицата кои го заслужуваат тоа. Можна е мала расправија со партнерот.
Јарец
Денес е вашиот ден! Уште рано наутро ќе бидете преплавени со позитивна енергија. Опуштете се и мислете на убавите работи кои ве очекуваат и на изненадувањата кои ќе ви ги донесе овој ден.
Водолија
За поголема среќа во денот, започнете го со мал шопинг. Денешните обврски не ги оставајте за утре, без разлика ако треба да останете малку повеќе на вашето работно место.
Риби
Скоро за сѐ сте сигурни во себе, освен за една работа. Кога станува збор за љубовна врска вие се чувствувате прилично несгигурно. Можеби затоа што не знаете како да постапите. Добро размислете што сакате, пред да продолжите понатаму.
Фото: Maklay62
Магазин
Најдобрите телефони на Xiaomi можеби ќе добијат голема промена

Кинескиот технолошки гигант Xiaomi планира значителна промена во стратегијата за мобилна фотографија. Според доверливи извори, компанијата ќе ја прекине соработката со познатиот бренд Leica, која досега беше главен адут во нивната премиум фото технологија.
Xiaomi ќе се фокусира на сопствени решенија за камера во претстојните уреди од серијата SM8850, кои ќе го користат новиот Snapdragon 8 Gen 4 (Elite 2) чипсет. Наместо логото на Leica, овие телефони ќе се потпираат на внатрешно развиена технологија за обработка на слики и калибрација на бои, инспирирана од нивната премиум линија.
Кои уреди ќе бидат засегнати?
Оваа промена ќе влијае на неколку клучни модели:
-
Xiaomi 16
-
Xiaomi 16 Pro
-
Xiaomi 16 Ultra
-
Xiaomi 16 Ultra Max
-
Redmi K90 Pro
-
Poco F8 Ultra
Брендовите Redmi и Poco, кои се насочени кон пазари чувствителни на цена, ќе имаат најголема корист од намалените трошоци поради елиминацијата на лиценцата на Leica.
Зошто Xiaomi ја прави оваа промена?
Според познатиот кинески аналитичар Digital Chat Station, неколку фактори стојат зад оваа одлука:
-
Намалување на трошоците: Соработката со Leica додавала 3–5 долари по уред за лиценца, плус дополнителни административни трошоци.
-
Поголема независност: Xiaomi сè повеќе се потпира на своите внатрешни R&D тимови.
-
Фокус на хардверски подобрувања: Спарените средства ќе се пренасочат во:
-
Подобри сензори на камерите
-
Подобра обработка на слика преку процесор
-
Поголеми батерии
-
Висококвалитетни рамни екрани
-
Digital Chat Station дури ги нарече идните надградби на камерите кај Redmi уредите „епски“.
Што значи ова за трендовите во мобилната фотографија?
Оваа одлука се совпаѓа со поширок тренд во индустријата – се намалува зависноста од партнери за фото брендови. Така, Huawei веќе премина на сопствениот XMAGE систем по прекинот со Leica, додека други брендови како Vivo, Oppo и Honor сè уште соработуваат со Zeiss, Hasselblad и Harcourt.
Заклучок
Xiaomi прави храбар чекор со фокус на целосна контрола врз фото искуството. Дали потрошувачите ќе ја препознаат и прифатат оваа промена? Се очекува наредните месеци да донесат интересни ревизии и нови модели кои ќе ја покажат вистинската моќ на Xiaomi без поддршка од Leica.
Извор: B92
Магазин
YouTube Create конечно достапен и на iOS: Видео едитор за мобилни уреди пристигнува на iPhone

По речиси две години од првото појавување, мобилната апликација за уредување видеа YouTube Create конечно пристигнува и на iOS уредите, најави Google.
Оваа апликација, која досега беше достапна само за Android корисници, овозможува едноставно и брзо креирање и уредување видеа директно од мобилен уред – токму она што им е најпотребно на младите креатори на содржина.
Што нуди YouTube Create?
Апликацијата е дизајнирана со фокус на креаторите, и нуди:
-
Бесплатни алатки за уредување видеа
-
Налепници, GIF-ови и визуелни ефекти
-
Функции за кратки видеа (Shorts) и подолги формати
-
Интерфејс оптимизиран за брза и интуитивна употреба
Според Google, развојот на апликацијата е резултат на консултации со над 3.000 YouTube креатори, со цел да се одговори на нивните реални потреби.
Историја и достапност
-
Септември 2023: Прво лансирање на Android во САД и уште 7 пазари
-
Во 2024: Проширување на уште 13 земји
-
Сега: Лансирање на iOS глобално, со цел зголемување на интересот
Иако Android верзијата веќе подолго време е достапна, Google очекува дека влегувањето на iOS пазарот ќе му донесе нова публика и ќе го засили интересот кај корисниците на Apple.
Дали може да се мери со конкуренцијата?
Апликацијата YouTube Create директно конкурира на популарниот CapCut, кој е во сопственост на ByteDance (компанијата зад TikTok). Сепак, досегашните бројки покажуваат голема разлика:
-
CapCut: 442 милиони месечно активни корисници на Android
-
YouTube Create: под 1 милион месечно активни корисници
-
Преземања во Q2 2025:
-
CapCut – 21 милион
-
YouTube Create – под 500.000
-
Заклучок
Со проширувањето на iOS, YouTube Create се обидува да привлече нова база на корисници и да стане посериозен играч на полето на мобилно видео уредување. Ќе успее ли да се приближи до конкуренцијата? Времето ќе покаже.
Извор: TechCrunch
-
Кичево15 часа
Во сабота традиционална „Мото парада 2025“ по повод „Петровден“, именден на нашиот градски храм „Св.Петар и Павле“
-
Кичево2 дена
Нова самопослужна автоперална „Fi-Go“ во Кичево: Брзо, практично и достапно решение за чисто возило
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (8 јули)
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец
-
Македонија2 дена
ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за среда (9 јули)
-
Lifestyle23 часа
Напиток што ги топи килограмите, го чисти телото и забрзува метаболизмот – резултатите се видливи за 7 дена
-
Македонија2 дена
Цената на бензините се намалува, додека на дизелот се покачува