Магазин
Nothing Phone (3a) и (3a) Pro: Нови телефони со иновативен дизајн и одлични карактеристики
Nothing официјално ги претстави новите телефони Nothing Phone (3a) и Phone (3a) Pro на саемот MWC 2025. Двата модели се од средната класа и користат иста платформа, но верзијата Pro нуди подобри карактеристики, вклучувајќи напредна камера и различен дизајн.
Nothing Phone (3a) Pro
Phone (3a) Pro има 6,77-инчен OLED дисплеј заштитен со Panda Glass. Екранот нуди осветленост од 1300 нити и стапка на освежување од 120 Hz. Напојуван е со Snapdragon 7s Gen 3 и до 12GB RAM и 256GB складирање.
Телефонот има главна камера од 50MP со OIS и перископ камера од 50MP која поддржува 3x оптички зум, со можност за зголемување до 6x со AI30. Дополнителна ултраширока камера од 8MP го комплетира системот. На предната страна се наоѓа сензор од 50MP.
Батеријата од 5000 mAh поддржува брзо полнење од 50W, а телефоните може да наполни 50% за 19 минути. Phone (3a) Pro има заштита IP64 и интерфејс Nothing Glyph. Сопствениците на телефоните ќе добијат три големи ажурирања на оперативниот систем и шест години безбедносни надградби.
Power in perspective.
Phone (3a) and Phone (3a) Pro. Two new signatures. Each refined to capture masterful shots.
Pre-order now. pic.twitter.com/2wYuV3eE84
— Nothing (@nothing) March 4, 2025
Цена и достапност:
Phone (3a) Pro ќе биде достапен за претходна нарачка од 11 март во сива и црна боја, со цена од 459 евра за 12GB/256GB верзијата.
Nothing Phone (3a) Blue#WithNothing pic.twitter.com/ZGPTPvhbSP
— Teknovist (@Teknovist) March 4, 2025
Nothing Phone (3a)
Стандардниот модел (3a) доаѓа со 6,77-инчен OLED дисплеј и чипсет Snapdragon 7s Gen 3. Главната разлика во однос на Pro верзијата е камерата. (3a) има главна камера од 50MP f/1.88, додека телефото сензорот со перископ е заменет со стандардна камера со 2x зум и сензор од 50MP.
Телефонот има ултраширока камера од 8MP и предна камера од 32MP. Батеријата е иста како кај Pro моделот – 5000 mAh со поддршка за брзо полнење.
Цена и достапност:
Nothing Phone (3a) ќе биде достапен во конфигурации од 8GB/128GB и 12GB/256GB, со цени од 329 и 379 евра. Претпродажбата започнува на 11 март, а достапни бои се црна, бела и сина.
Извор: B82
Магазин
YouTube го уредува фидот на почетната страница
• Пронаоѓањето видео на YouTube што навистина одговара на вашите интереси често знае да биде предизвик. Платформата го препозна ова и започна тестирање на нова експериментална функција наречена „Your Custom Feed“.
• Овој тест има цел да ја намали фрустрацијата што ја создаваат алгоритамските препораки, кои понекогаш погрешно ги толкуваат навиките на корисниците. Чест пример е ситуацијата кога гледањето неколку видеа за Disney го наведува алгоритмот да претпостави дека сте голем обожавател — па почнува да препорачува слична содржина во огромни количини.
Како функционира „Your Custom Feed“
• Корисниците вклучени во експериментот ќе забележат ново копче „Your Custom Feed“ веднаш до стандардното копче „Home“ на почетната страница.
• Со клик на него можете директно да внесувате свои барања и да му кажете на YouTube што сакате да гледате.
• Наместо пасивно да скролате низ содржина што не ве интересира, новата опција дозволува активно прилагодување на фидот преку внесување прецизни прашања или теми.
• На пример: ако сакате повеќе видеа за готвење, доволно е да внесете „cooking videos“ во прилагодениот фид — YouTube потоа ќе почне да дава приоритет на таква содржина.
Подобра алтернатива на старите опции
• Останува да се види колку ќе биде популарен „Your Custom Feed“, но оваа функција би можела да стане голема пресвртница.
• Потенцијално нуди многу поефикасен начин за прилагодување на фидот од класичните опции како „Not interested“ или „Don’t recommend channel“, кои бараат рачно кликнување на секое видео одделно.
Извор: TechCrunch
Технологија
„Google Maps“ воведува новитет за своите корисници, автоматски ќе ја препознава локацијата каде сте го оставиле возилото на паркинг
Google Maps воведува новитет кој, за почеток само на iOS, автоматски ја препознава локацијата каде што сте го оставиле автомобилот и ја зачувува во апликацијата, при што таа сега се прикажува и со специјална икона.
Функцијата за означување на местото на паркирање не е нова во Google Maps постои со години и се појавуваше во различни облици, како на пример копчето во Android Auto што се активира кога ќе пристигнете на вашата цел. Оваа опција е присутна на телефоните повеќе од десет години, но досега беше потребна рачна акција од корисникот.
Новата надградба, како што објасни Рио Акасака виш менаџер за производи во Google Maps овозможува апликацијата самостојно да препознае дека возилото е паркирано и автоматски да го зачува тоа место. Кога повторно ќе почнете да возите, зачуваната локација автоматски се отстранува. Ова е возможно кога Maps е поврзан со автомобилот преку USB, Bluetooth или CarPlay, што моментално ја ограничува функцијата исклучиво на iOS уредите.
Кај Android уредите, означувањето на местото за паркирање сè уште се изведува рачно, а засега нема најави кога би дошла целосната автоматизација.
Автоматското зачувување почна постепено да се активира кај корисниците на iPhone пред околу еден месец, но дополнителната новина е што Google Maps сега може да ја користи вашата прилагодена икона за автомобил како симбол за паркирање. Наместо вообичаеното „P“, на мапата ќе се прикажува истата икона што ја имате избрано за вашиот автомобил доколку користите таква. Персонализирани икони Google ги воведе во 2020 година, а неодамна ја прошири нивната употреба со нови форми, бои и поддршка за Android Auto и CarPlay.
Акасака истакна дека секој што има активирана прилагодена икона ќе може да ја види и на местото каде што неговото возило е паркирано.
Извор: 9to5google.com
Хороскоп
Хороскоп за среда (10 декември)
ОВЕН
Можеби имате трема пред новиот деловен почеток и потребно ви е некое време да се опуштите. Поволен ден за љубов, може да очекувате дека ќе имате добар однос со саканата личност. Болки во долниот дел на грбот.
БИК
Имате пред себе многу обврски и работа. Денешниот ден ќе ви биде на некој начин напорен на ова поле. Може да се надевате на многу позитивни промени и ново познанство. Можен е мал пад на имунитетот.
РАК
Имате шанса да напредувате и полека да остварите позитивни промени на деловно поле. На вашиот партнер му одговара вниманието кое му го посветувате. Задоволн сте бидејќи сте успеале да остварите еден квалитетен однос. Психосоматски проблеми.
ЛАВ
Немате добра комуникација со колегите и тоа за вас претставува голема кочница. Ве очекува ден во кој ќе бидете емотивно задоволни и исполнети. Пред вас е фаза во која ќе уживате. Кожата ви е осетлива.
ДЕВИЦА
Ќе дојде до некои промени во вашето деловно опкружување и нема да ви биде лесно да се прилагодите на нив. Саканата личност ќе ви покаже дека е подготвена на компромиси. Помали срцеви проблеми.
ВАГА
Време е да се соочите со потешкотиите и проблемите на работа. Кога ќе ги решите, ќе успеете да остварите напредок. Имавте некои дилеми на љубовно поле. Не сте сигурни која личност е вистинската. Многу сте чувствителни денес.
ШКОРПИЈА
Не е премногу поволен ден за работа денес. Можеби ќе се појават некои нови проблеми и компликации. Сакате да ја освоите личноста која ви се допаѓа и подготвени сте на сѐ за да го добиете нејзиното внимание. Избегнувајте алкохол.
СТРЕЛЕЦ
Ве очекува многу поволен период на деловно поле. Пред вас е фаза во која ќе имате некои нови деловни случувања. Ве очекува ново познанство и нови можности на љубовно поле. Се чувствувате сосема во ред.
ЈАРЕЦ
Може да очекувате стабилизација на финансиите. генерално ќе бидете задоволни со случувањата на работа. Стабилната љубовна ситуација ви влева чувство на задоволство. Можни се проблеми со забите.
ВОДОЛИЈА
Денес не носете нови одлуки и потрудете се да бидете трпеливи со своите заклучоци. Важно е да го дефинирате односот со партнерот. Можеби сакате врската да премине на посериозно ниво. Поспаност и замор.
РИБИ
Пред вас е фаза која е поволна за започнување нови деловни случувања и промени во работата. Може да се надевате на ново познанство и флерт со личност која ќе покаже интересирање кон вас. Денес ви е нагласена интуицијата.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (9 декември)
-
Кичево1 денНоќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
-
Кичево1 денКнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
-
Хороскоп13 часаХороскоп за среда (10 декември)
-
Временска прогноза1 денЗа вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
-
Македонија2 денаЖена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
-
Македонија23 часаНово намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети
-
Македонија2 денаПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
