Следете не

Македонија

Нов удар по џебот на граѓаните, дизелот и вечерва поскапува, бензините не се менуваат

Објавено пред

на

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 103,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 99,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 89,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 91,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 51,920 ден/кг.

Македонија

ЦУК: Излеана река Пчиња од своето речно корито за околу 20 сантиметри, но не претставува проблем по живеалишта

Објавено пред

на

©porta.mk

РЦУК Куманово известува дека од ЕЛС Старо Нагоричане е добиена информација дека на подрачјето на с. Пелинце, во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, како и на локацијата кај бања Стрновац, реката Пчиња се има излеано од своето речно корито за околу 20 сантиметри.

Во моментот, излевањето не зафаќа куќи или викендици.

Дополнително, кај Коински мост е забележано насобирање на поголема количина дрвја, кое го отежнува нормалниот проток на реката Пчиња.
За состојбата е навремено известено Водостопанство Куманово, кое ќе постапи согласно своите надлежности.

Извор: ЦУК

Прочитај повеќе...

Македонија

МВР: Откриена група на крадци и помагачи кои краделе предмети во рудникот Бучим

Објавено пред

на

©porta.mk

На 18.11.2025 во 09:00 часот на стариот магистрален пат Струмица-Радовиш, во близина на село Владевци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода А.Д.(31) и К.И.(19), двајцата од Струмица. При преглед на товарно возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, во кое биле затекнати лицата, пронајдени се делови од генератор. Истиот ден во 12:30 часот во близина на село Воиславци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода и Е.У.(45) од Струмица затоа што при преглед на товарно возило „форд“ струмички регистарски ознаки, кое го управувал, пронајдени се генератор, алат и други предмети.

Во службени разговори во полициска станица лицата изјавиле дека предметите ги украле од рудник „Бучим“ во Радовиш, а воедно признале дека и претходно имале извршено вакви дела, по што одземените предмети ги продавале на лицето А.Ш.(43) од Струмица.

Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во домот на А.Ш., при што во негова близина пронајдена е поголема количина на складиран отпад и стари возила. Притоа, инспектор за животна средина утврди дека има складирано поголема количина на отпад со кој А.Ш. и Е.Д. неовластено тргуваат и дека на тој начин истите вршат кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 од Кривичниот законик.

Во врска со настанот, од слобода е лишен и В.А.(32) од Радовиш, вработен во рудникот „Бучим“, кој се сомничи дека за одреден паричен надомест дозволувал на лицата преку спореден влез да влегуваат во кругот на рудникот и да ги одземаат предметите.

Лицата се задржани во полициските станици во Струмица и Радовиш, за настанот е запознаен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава, информираше МВР за јавноста.

Прочитај повеќе...

Македонија

ЦУК: Апелираме за на зголемена внимателност при движење низ улиците каде има проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот

Објавено пред

на

Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот. Ова доведе до задржување и создавање водени површини под подвозниците и надвозниците.

Апелираме на зголемена внимателност при движење низ улиците и избегнување на сообраќајот кон наведените делови од патната инфраструктура.

Надлежните екипи се на терен и активно работат на надминување на состојбата, известуваат од ЦУК

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Фото: Michael Förtsch @ unsplash Фото: Michael Förtsch @ unsplash
Автомобили2 часа

Продажбата на BYD во Европа скокна, најавена е силна експанзија

Кинескиот производител на електрични и хибридни возила BYD планира значително да ја прошири својата продажна мрежа во Европа до крајот...

Фото: Solen Feyissa @ unsplash Фото: Solen Feyissa @ unsplash
Магазин2 часа

Google го лансира Gemini 3, најпаметната вештачка интелигенција досега

Google ја претстави серијата Gemini 3, за која компанијата тврди дека е нејзиниот најинтелигентен и најмоќен систем со вештачка интелигенција...

Македонија3 часа

ЦУК: Излеана река Пчиња од своето речно корито за околу 20 сантиметри, но не претставува проблем по живеалишта

РЦУК Куманово известува дека од ЕЛС Старо Нагоричане е добиена информација дека на подрачјето на с. Пелинце, во близина на...

Македонија4 часа

МВР: Откриена група на крадци и помагачи кои краделе предмети во рудникот Бучим

На 18.11.2025 во 09:00 часот на стариот магистрален пат Струмица-Радовиш, во близина на село Владевци, струмичко, полициски службеници од СВР...

Временска прогноза6 часа

Дожд секаде, повремено ќе засилува југоисточен ветер, поради состојбата ќе растат условите за зголемување на нивоата на реките и на езерата

Денеска поради влијанието на циклонската активност од Џенова во Македонија во најголем дел ќе има повремени врнежи од дожд. Особено...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за среда (19 ноември)

ОВЕН Овој викенд ќе бидете доста емотивни и чувствителни, но не во негативна смисла. Обрнете посебно внимание на луѓето што...

Спорт16 часа

Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!

Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор...

Технологија20 часа

Падот на „Cloudflare“ кој предизвика тотален интернет хаос, се соочил со проблем т.н. „внатрешна деградација на услугата“, претходно паднаа „Азур & Амазон“

Глобалниот провајдер на интернет-инфраструктура „Cloudflare“ денес се соочи со сериозен прекин кој траеше околу три часа, оставајќи милиони веб-страници и...

Технологија1 ден

„Cloudflare“ се соочува со проблеми, голем дел од интернет сајтовите привремено станаа недостапни поради техничка неисправност

Корисниците кои се обидоа да пристапат до платформи како X (поранешен Twitter) или до сајтот за филмски критики Letterboxd беа...

Фото: Scott Webb @ unsplash Фото: Scott Webb @ unsplash
Lifestyle1 ден

Како да го спречите замаглувањето на прозорците со средство што веќе го имате дома

Кондензацијата на прозорците е еден од најчестите зимски проблеми во домаќинствата. Секое утро истиот призор — капки вода по стаклото,...

НАЈЧИТАНИ