Следете не

Магазин

Нов вирус кој ги напаѓа телефоните со Android користи добро познато име на антивирус – McAfee

Објавено пред

на

На онлајн платформите неодамна беше откриена варијанта на банкарскиот тројанец „Vultur“ кој ги таргетира телефоните со Android и се обидува да извлече податоци од финансиска природа.

Злонамерниот банкарски тројан Vultur првично беше откриен на платформата Google Play во 2021 година. Подобрената верзија на варијантата Vultur која беше откриена овој пат користи фишинг порака за ширење на веб-адресата за преземање на лажна антивирусна апликација „McAfee Security“. Ова всушност го привлекува вниманието на корисниците да го инсталираат на нивните телефони со Android.

Откако ќе паднете на измамата и ќе ја преземете лажната апликација, скриениот тројански вирус ќе го зарази вашиот телефон со Android. Напаѓачите ќе добијат далечински пристап до мобилниот уред, овозможувајќи им да вршат следење и контрола во реално време, како што се снимање на екранот, прегледување на дневникот на повици, откривање чувствителни информации за онлајн плаќањата и апликацијата на вашата банка, па дури и спречување нормално функционирање на одредени апликации .

Со прикажување на пораки како „Привремено недостапно“, вирусот го заобиколува механизмот за заклучување на екранот на мобилните уреди, со што добива пристап до вашите важни лични податоци на уредот без да внесува лозинка.

Иако антивирусната апликација која се преправа дека е „McAfee Security“ овојпат беше откриена од антивирусни компании, не постои гаранција дека нема да се повторат слични методи на злонамерни напади користејќи имиња на други добро познати апликации, се со цел да се шират уште подобро и побрзо на Интернет.

Се препорачува корисниците на мобилни телефони Андроид кои преземаат апликации на платформата Google Play, при примање пораки, да не кликаат лесно на URL линковите кои им нудат да ја преземат апликацијата и редовно да ги скенираат своите телефони со легитимни антивирусни апликации за да избегнат инфицирање на податоци со малициозни вируси. Ова е единствениот начин да го намалите ризикот од несакано истекување на вашите чувствителни податоци, пренесува Bleeping Computer.

Хороскоп

Хороскоп за сабота (25 јануари)

Објавено пред

на

ОВЕН
Денес целиот ваш труд ќе делува како залуден, но не грижете се за затоа што успехот ќе дојде брзо. Некои нешта не се онакви какви што изгледаат. Не можете да си дозволите да превземете ризик околу некоја ситуација. Можностите кои доаѓаат кај вас треба да бидат детално разгледани.

БИК
Вашите емоции денес ќе делуваат напнати и премногу изразени, тоа може да предизвика себичен впечаток кај другите. Но себичноста не секогаш мора да се карактеризира како нешто лошо. Понекогаш е здраво да направите нешто за себеси. Требада се грижите повеќе за себе.

БЛИЗНАЦИ
Вашите романтични ѕвезди денес изгледаат многу моќно. Месечината и Венера, двете најмноќни планети се подредени така што ги поместуваат вашите чувства и го запалуваат вашето срцео. Се што ви е потребно е да се појави вистинската личност.

РАК
Гледате на нештата црно бело, ќе морате да направите избор помеѓу повеќе опции. Обидете се да бидете повеќе флексибилни, разочарувањето и успехот ќе ве направат потолерантни кон другите, можеби со добра причина.

ЛАВ
Се отпуштате од некои нешта од минатото, особено во домот. Денес се изразени вашите врски со децата, на психолошки план, а тоа ве прави да делувате помладо. Се разбира тоа значи дека ќе уживате повеќе од вообичаено.

ДЕВИЦА
Партнер или колега е подготвен да направи договор што ќе ви донесе многу добри нешта, особено во домот. Ако можете да го забрзате вашето темпо, тогаш тоа ќе ви биде од корист. Вашата цел е да ја дознаете вистината а не да покажете дека сте биле во право.

ВАГА
Денес вашите лични избори и одлуки ќе бидат направени во духот на оптимизмот. Тоа е добро се додека сфатите дека некои услови се промениле во текот на времето, па ќе морате да се прилагодите.

ШКОРПИЈА
Можно е да сте биле излажани или сте биле водени на погрешен пат. Вашите планови сега треба да се прилагодат на конкретната ситуација. Ќе морате да работите надвор од вашите можности, нема друга опција.

СТРЕЛЕЦ
Следните неколку дена ќе се чувствувате како да сте се разбудиле од длабок сон. Ќе почнете да сфаќате дека некои ситуации кои ви делуваат збунувачки се всушност многу појасни. Ќе му дадете поддршка на некој помлад член од вашето семејство.

ЈАРЕЦ
Понекогаш притисокот да направите избор и да одлучите што е исправно е премногу голем. Можете да чувствувате како да се повлекувате настрана. Во минатото сте биле под притисок од многу луѓе, после се сега ќе мора да се изберете себеси.

ВОДОЛИЈА
Ќе ви биде потребен комфорт и стабилност, но во последно време тие некако ви се испуштаат од рака. Не грижете се, на крај се ќе биде добро. Ако вложите малку повеќе труд сега, ќе добиете многу повеќе во иднина.

РИБИ
Вашите емоционални длабочини се бранувани од последните борби кои сте биле принудени да ги водите. Ќе почнете да гледате кон иднината со повеќе јасност. Пристигнуваат добри вести. Никогаш не се сомневајте дека ќе ја имате љубовта од една специјална личност.

Прочитај повеќе...

Социјални мрежи

Нов тренд по интернет, ТикТок се забранува во САД, се појавија низа огласи каде што најскап мобилен уред со веќе постоечка апликација се продава за 75.000 долари

Објавено пред

на

Додека Apple и Google одбиваат да го вратат TikTok во нивните е-продавници за апликации додека не го купи американска компанија, препродавачите на eBay се обидуваат да ја искористат ситуацијата нудејќи им на iPhone уреди со инсталирана апликација по огромни цени. Ова доаѓа откако TikTok беше привремено забранет во САД, пред претседателот Доналд Трамп да потпише извршна наредба за заштита на апликацијата во следните 75 дена.

Apple зазеде цврст став дека нема да го врати TikTok во App Store додека апликацијата не ја купи американска компанија, а Google го стори истото со својата Play Store. Оваа одлука на двата технолошки гиганти дополнително ја искомплицира ситуацијата околу популарната апликација за споделување кратко видео.

Во меѓувреме, на eBay се појави нов тренд. Најскап меѓу рекламите е iPhone 15 Pro Max со 256 GB меморија, за кој бараат неверојатни 75.000 долари, додека повеќето други реклами ја задржуваат цената околу 50.000 долари.

Еден од продавачите, кој има 100% позитивни критики на eBay, во огласот наведува дека телефонот е во сосема нова состојба и цело време бил заштитен со квалитетна футрола. Сепак, она што привлекува внимание не е состојбата на телефонот, туку фактот што ја работи апликацијата TikTok.

Дури и ако некој реши да издвои огромна сума пари за ваков телефон, самата апликација најверојатно ќе биде неупотреблива поради забрана на системот. Во моментов нема информации дека телефони се продадени по овие цени, а се очекува продавачите наскоро да ги тргнат своите огласи, пренесува telegraf.rs

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за петок (24 јануари)

Објавено пред

на

ОВЕН

Слушајте ги другите повеќе од себе. Луѓето околу вас и оние со кои деловно соработувате сега повеќе гледаат од вас и имаат влијание на работите. Затоа поврзете се и не препрашувајте премногу. Следете ги до целта. Љубовта ви се чини дека е далеку од вас, но другите содржини од животот ви даваат сила да ја издржите самотијата или дистанцата во личните односи. Така ќе биде до крајот на оваа седмица.

БИК

Некои ќе отидат на пократок пат или на излет со саканата личност. Ова може да остане во незаборавен убав спомен. Други ќе пречекаат роднини кои ќе ги поврзат со личност која искрено ќе ги заинтересира. Добро ќе се справувате со тешки и значајни теми. Некои ќе бидат изоставени, или пак пред нив ќе бидат поставени поголеми задачи. Од финансиска гледна точка би требало да остварите добри резултати.

БЛИЗНАЦИ

Како што ќе одминува седмицата, сè повеќе ќе сакате да отидете на годишен одмор. Оние кои сè уште не можат, веројатно ќе мораат да се ангажираат околу некои заостанати работи за кои одамна мислеле дека се завршени. Пријатниот амбиент, поголемата отвореност и подготвеноста да го изразите она што го чувствувате како и наклонетоста на другата страна ќе ви ги направат овие денови убави.

РАК

Можеби ќе се чувствувате незаинтересирано за некои позначајни љубовни потфати. Тоа е како резултат на вашата блокираност. Објективно, можни се дискретни уживања кои ќе се помнат.  На дневен ред доаѓаат инвентивности. Ќе има и такви кои дефинитивно ќе завршат една фаза од својата работа. На повидок се нови очекувања, но за нивно остварување ќе треба да се постават нови темели.

ЛАВ

Повеќе би сакале да се повлечете и да работите нешто од дома. Некои ова влијание ќе го искористат за вистински домашни работи, па кога ќе им заврши работното време ќе отидат дома каде ќе се претворат во вистински мајстори. Љубовта во оваа седмица е некаде на страна, тивка и малку скриена.

ДЕВИЦА

Подгответе се за инвентивност или за затворање на деловните фази. Ќе има и такви кои непредвидено ќе отидат на годишен одмор. Овие денови нема да дојде до значително придвижување во вашите приватни односи. Ќе имате доволно енергија, особено за комуникација, па многумина со зборови ќе го надоместуваат она што им недостасува на емотивно поле.

ВАГА

Пред вас е ден за добри, но не големи љубовни прилики. Искористете го така што ќе ја зајакнете довербата помеѓу вас и партнерот. Исто така би требало да примените самоконтрола бидејќи од време на време ќе реагирате како што не треба. Бидете воздржани. Потрудете се да ја искористите можноста за унапредување на работното место.

ШКОРПИЈА

Од големи идеи и амбиции вие во оваа седмица полека ќе се спуштите на земја. Ќе има помалку соништа, а сè повеќе приземна работа, но тоа нема да ви биде непријатно. Од вас и вашата способност за самоконтрола зависи успехот во вашиот приватен живот. Потрудете се. Можно е да се случи нешто преубаво.

СТРЕЛЕЦ

На работното место ќе се случуваат значајни работи, а работата ќе добие на тежина. Тоа е нешто што го обожувате, па ќе и се предадете на работата без задршка и безрезервно. Мноштвото забави и бројните излегувања на атрактивни места ќе бидат ретко видени доживувања кај вас овие денови. Уживајте, но немојте да заборавите и на оние мали вниманија кои многу им значат на луѓето. Особено на вашата драга личност.

ЈАРЕЦ

Како што одминува седмицата ќе биде сè појасно дека тоа што го работите има поголемо значење отколку што ви се чинело на почетокот. Тоа ќе ве мотивира да работите уште повеќе и уште подобро. Се наоѓате во фаза на богат социјален живот, но вашите ново настанати приватни односи ќе бидат од површен карактер. Сепак тоа не значи дека подоцна нема да се развие нешто подлабоко.

ВОДОЛИЈА

Ќе бидете активни во барањето на сродна душа ако сте уште сами. Нема да ви биде тешко да отидете на крајот од светот само да го најдете она што го барате. Оние што се во врска ќе ја изненадат саканата личност со предлози полни со активности и динамика. Посветете малку време и на семејството.

РИБИ

Работите лесно ќе ги завршувате, а вашата самодоверба ќе расте. Многумина овие денови ќе имаат можност да ги покажат и докажат своите способности. Ако сте сè уште сами, дотерајте се и излезете меѓу луѓе. Тие ве чекаат. Оние што се во врска ќе почувствуваат како се развива нивниот однос во вистинската насока. Ќе им биде мило.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за сабота (25 јануари)

ОВЕН Денес целиот ваш труд ќе делува како залуден, но не грижете се за затоа што успехот ќе дојде брзо....

Социјални мрежи9 часа

Нов тренд по интернет, ТикТок се забранува во САД, се појавија низа огласи каде што најскап мобилен уред со веќе постоечка апликација се продава за 75.000 долари

Додека Apple и Google одбиваат да го вратат TikTok во нивните е-продавници за апликации додека не го купи американска компанија,...

Спорт12 часа

Футсал Македонија до 19 години оствари значајна победа над Гибралтар во рамките на првиот натпревар од претквалификацискиот турнир за пласман на ЕП во Молдавија

Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години забележа значајна победа над Гибралтар со 3:1 во рамките на првиот натпревар од...

Македонија13 часа

Мигрантите не запираат на ГП „Богородица“, овој пат приведено лице од Турција во својство на превозник, уапсени лица од Египет и Сирија

На 24.01.2025 во 02.00 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица го лишиле од...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (24 јануари)

ОВЕН Слушајте ги другите повеќе од себе. Луѓето околу вас и оние со кои деловно соработувате сега повеќе гледаат од...

Спорт1 ден

(ФОТО) Доаѓаат големи работи, дијамантот Елмас на маса со Пандев и претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ, за плановите во иднина

Предмалку Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ преку својата социјална мрежа обзнани фотографија со Горан Пандев, спортскиот директор...

Спорт2 дена

ФФМ ги истакна условите за работа на тренери и физиотерапевти од Спортската академија

ФФМ исткана оглас за тренери и физиотерапевти за работа со фудбалери од Спортска академија. Во продолжение, заинтересираните кандидати може да...

Кичево2 дена

Поради загадениот воздух во Кичево, издадени важни мерки и препораки од Министерството за животна средина и просторно планирање

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот...

Lifestyle2 дена

Кремаста супа од компири за студени денови: Брз и вкусен ручек за петмина

Ако обожавате крем супи, оваа брзо подготвена верзија со компири ќе стане редовен дел од вашата трпеза! Еве како да...

Lifestyle2 дена

Здрави навики за исхрана за различни сезони: Како да ја прилагодите вашата исхрана на пролет, лето, есен и зима

Секоја сезона носи свој уникатен сет на промени кои влијаат на нашето тело, расположение и потреби за хранливи материи. Прилагодувањето...

НАЈЧИТАНИ