Кичево
Нова самопослужна автоперална „Fi-Go“ во Кичево: Брзо, практично и достапно решение за чисто возило

Љубителите на чисти и уредни автомобили во Кичево отсега имаат нова, модерна опција за миење и одржување на своето возило. Самопослужната автоперална „Fi-Go“ е отворена и нуди практична услуга за чистење на автомобилот во секое време – благодарение на работното време 24/7, и се наоѓа на локацијата ТУКА
Што нуди „Fi-Go“?
-
Пена: 30 секунди за 10 денари – за ефикасно нанесување на средство за чистење и отстранување нечистотии.
-
Вода: 60 секунди за 10 денари – за темелно испирање на возилото.
-
Правосмукалка: 45 секунди за 10 денари – за брзо и прецизно чистење на ентериерот.
Начини на плаќање
Плаќањето е лесно и достапно за сите – се прифаќаат монети, книжни пари.
Зошто да ја изберете „Fi-Go“?
-
Брзина: За само 10 минути можете целосно да го освежите автомобилот.
-
Флексибилност: Работи 24 часа, секој ден во неделата.
-
Едноставност: Лесно ракување со апаратите и брза услуга.
Ако сакате вашето возило секогаш да биде чисто без да трошите многу време и пари, „Fi-Go“ во Кичево е идеалниот избор. Посетете ја и уверете се во квалитетот на услугата!
Кичево
ОВР Кичево поднесе кривична за велешанец кој бил сопрен превезувајќи огревно дрво со лажна испратница издадена од правно лице

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Н.К.(60) од велешкото село Бузалково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.
На магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на Кичево, полициски службеници го затекнале пријавениот при транспорт на огревни дрва со неговото товарно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки, при што е констатирано дека употребил испратница со невистината содржина, издадена од правно лице, а потпишана од одговорно лице, кое повеќе не било во работен однос во правниот субјект, истакна Министерството за внатрешни работи.
Кичево
(ВИДЕО) Караванот „Македонијо во срце те носиме“ вчера го исполни кичевскиот плоштад до последно место, незапаметена македонска атмосфера во срцето на градот

Караванот „Македонијо во срце те носиме“ својата славна приказна ја заврши таму каде што истата продолжува – во срцето на Македонија, во Кичево! Секоја станица досега беше повеќе од концерт – беше заедничка молитва испеана низ песна, беше сведоштво дека македонската песна живее, дише и ги зближува генерациите.
Вчерашната вечер беше вечер на емоции, гордост и незаборавна музика. На сцена блеснаа ѕвездите на вечерта кој со својот глас ја славеа татковината: Спасен Сиљаноски, Бојана Скендеровски, Наум Петрески, Зуица Лазова, Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, Сузана Спасовска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Марија Спасовска и Мина Блажев.
Овој караван ни покажа нешто многу важно – за убавата македонска песна секогаш има расположение и публика! Илјадниците луѓе кои пееја низ цела Македонија го докажаа тоа. Благодарение на Скендеровски продукција кои се организаторите на оваа музичка мисија овие концертни збиднувања добија поинаква музичка димензија.
Во продолжение погледнете го ТУКА, краткото видео од вчера во Кичево:
Кичево
Концертниот караван „Македонијо во срце те носиме“ во недела пристигнува на градскиот плоштад во Кичево, Спасен Сиљаноски, Наум Петрески, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски на едно место…

По успешните и емотивни вечери ширум Македонија, концертниот караван „Македонијо, во срце те носиме“ со полна енергија и патриотски дух ќе допатува во нашиот град Кичево.
Во градовите каде што овој караван помина, веќе одекнаа звуците на љубов, традиција и гордост. Илјадници луѓе се собраа под отворено небо, со едно срце и една песна – за Македонија. Речиси и да нема гостување, а тоа да не биде буквално претесно за публиката која ја почувствува магијата на новите композиции, химни на љубовта кон татковината, а изведувачите ја испратија најсилната порака – Македонската песна живее!
Сега, таа иста енергија доаѓа и во Кичево. Затоа во недела на 28 септември со почеток од 20:00 часот на градскиот плоштад со срце и глас, заедно да пееме за Македонија!
На сцената ќе блеснат: Наум Петрески, Зуица Лазова, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, Сузана Спасовска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Марија Спасовска и Мина Блажев и се разбира нашата кичевска гордост, мега популарната фолк ѕвезда Спасен Сиљаноски како домаќин на оваа вечер.
– Песната нѐ обединува, ни дава сила и нѐ потсетува кои сме, Кичево ќе го покаже музичкиот дух, духот на македонската музика која своите зачетоци се буквално од тука
„Македонијо, во срце те носиме” – затоа што песната е нашата душа, а Македонија е нашата инспирација!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (29 септември)
-
Кичево1 ден
(ВИДЕО) Караванот „Македонијо во срце те носиме“ вчера го исполни кичевскиот плоштад до последно место, незапаметена македонска атмосфера во срцето на градот
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за вторник (30 септември)
-
Кичево7 часа
ОВР Кичево поднесе кривична за велешанец кој бил сопрен превезувајќи огревно дрво со лажна испратница издадена од правно лице
-
Временска прогноза1 ден
Почеток на месец октомври ќе се соочиме со ладен зимски бран од исток, проследен со врнежи од дожд, а на високите места снег
-
Македонија10 часа
Попоски со предупредување за снег на местата до 1000 нмв, веќе од 2 октомври нашата територија влегува во ладен зимски бран
-
Магазин1 ден
Спроведено истражување на 15.000 телефони: Ова се најдоверливите брендови
-
Lifestyle1 ден
Применете ги овие едноставни трикови и облеката ќе мириса долго по перењето