Магазин
Новата функција „Заклучена папка“ доаѓа кај телефоните со Android

Во јуни оваа година, телефоните Pixel на Google станаа првите уреди што ја добија функцијата „Заклучена папка“ во апликацијата Google Photos. Речиси шест месеци откако беше претставена на најдобрите Android телефони на Google, оваа функција конечно доаѓа на повеќе уреди со Android.
Според извештаите, функцијата Заклучена папка почна да се појавува на неколку модели на телефони Samsung, OPPO и OnePlus во делот „Utilities“ на Google Photos. Се очекува новата функција да се појави на уште повеќе Android телефони во наредните недели.
Нема да има резервни копии на облак за она што е преместено во заклучената папка. Ако ставките што ги префрлате во заклучена папка веќе се поставени, тие ќе бидат избришани во облакот и ќе бидат достапни само на вашиот телефон. Фотографиите и видеата што ги преместувате во заклучена папка веќе нема да се појавуваат меѓу вашите фотографии, спомени или албуми. Другите апликации инсталирани на вашиот уред со пристап до вашите медиуми нема да можат да пристапат до нив.
За да ја поставите функцијата за прв пат, отворете ја апликацијата „Google Photos“ на телефонот и одете до Library > Utilities > Locked Folder. Потоа допрете „Set up Locked Folder“ и следете ги упатствата на екранот.
Сè што е зачувано во заклучената папка ќе се избрише ако ја деинсталирате апликацијата Photos или ги избришете податоците од апликацијата. За да бидете сигурни дека тоа нема да се случи, треба да ги зачувате пред да го деинсталирате Google Photos или да направите други промени.
Google минатиот месец објави дека функцијата Заклучена папка ќе биде достапна и на iOS пред крајот на годината.
© /Informacija/
📷 /Unsplash/
Хороскоп
Хороскоп за сабота (7 јуни)

ОВЕН
Можно е денес да бидете под голем притисок и да не ви биде лесно сите задачи да ги извршите како што треба. Ве очекуваат недоразбирања со саканата личност. Денот е поповолен и со помала тензија доколку не сте во врска. Можна е главоболка.
БИК
Можно е да се загрижите за својата иднина и да не ви биде лесно да донесете некои важни деловни одлуки кои ве ќекаат. Ве очекува период во кој ќе имате потреба да бидете повеќе со вашиот партнер. Можна е несоница.
БЛИЗНАЦИ
Можно е да дојде до одложување на плановите кои сте ги имале на ова поле, сѐ се движи полека и тоа ве прави незадоволни. На некој начин сте се затвориле во себе и не ви е лесно да ги покажете своите емоции. Без проблеми со здравјето.
РАК
Можни се мали финансиски проблеми и да не ги добиете парите кои ги очекувате, или да доживеете мало разочарување на работното место. Со партнерот се наоѓате во моменти на важни одлуки. Кичмата ви е осетлива. Доаѓа време повеќе да се посветите на своето здравје.
ЛАВ
Прилично сте загрижени за своето работно место па важно е на време да ги сфатите проблемите. Пред вас е ден за флерт и нови познанства, судбината ви е наклонета и се појавува некој нов. Избегнувајте внесување на алкохол.
ДЕВИЦА
Ова не е поволен ден за почнување нова работа и генерално потрудете се да избегнувате носење на било какви важни одлуки. Саканата личност не покажува доволно нежност и вие полека се оддалечувате од неа. Можни се проблеми со бубрезите.
ВАГА
Забележувате промени кај опкружувањето на работното место и не ви е лесно да се адаптирате на нив. Влеговте во фаза на монотонија со саканата личност. Лесно би можело да ви се укаже прилика за некој флерт. Подложни сте кон проблеми.
СКОРПИЈА
Пред вас е ден во кој ќе се занимавате со нови работни задачи и проекти кои се многу важни. Доколку сте слободни, можно е да дојде до шанса да се смирите со некој/а поранешен партнер/ка. Можни се проблеми со тахикардија.
СТРЕЛЕЦ
Доколку се занимавате со приватен бизнис, пред вас е многу добар период во кој ќе заработувате добро. Потребно ви е време да одлучите дали ќе менувате некои работи на оваа поле или не. Поведете сметка за градниот кош.
ЈАРЕЦ
Можно е да не ги остварите плановите кои ги имате. Засега потрудете се да не форсирате нови настани. Променете го својот пристап во контактот со партнерот ако сакате ситуацијата во вашата врска да се поправи. Проблеми со дишните патишта.
ВОДОЛИЈА
Не влегувајте во ризични зделки и не позајмувајте пари некому. Ова не е поволен ден за тоа. Се чувствувате моќно и дека можете да промените сѐ што ќе посакате, а гледате дека вашата врска не оди во добар правец. Осетливи заби и непца.
РИБИ
Можете лесно да направите грешка на работното место, која ќе ја забележат луѓето околу вас. Внимавајте на својата концентрација. Пред вас е можност да обновите контакт со некоја личност од вашето минато. Денес совршено ќе ви одговара одмор.
Технологија
„Google Photos“ прославува 10 години со нови можности засновани на вештачка интелигенција

По повод десетгодишнината на Google Photos, компанијата претстави значајни подобрувања во уредувањето на фотографии, ставајќи акцент на употребата на вештачка интелигенција – нешто што е во чекор со трендовите за 2025 година.
Апликацијата доби нов изглед и алатки кои досега беа достапни само на Pixel 9, како што е Magic Editor. Една од новите функции, Auto Frame, автоматски предлага идеално врамување на фотографиите, а доколку е потребно, користи AI за да генерира дополнителни делови од сликата и да го пополни кадарот.
Исто така, со новата опција за „преосмислување“, корисниците можат да додаваат елементи кои не постоеле на оригиналната фотографија – како есенски лисја или зелена трева. Иако резултатите можат да бидат импресивни, се јавуваат и етички прашања, бидејќи границата меѓу реалноста и дигиталната измислица станува нејасна. Поради тоа, Google започна да додава водени жигови на ваквите фотографии, со јасна ознака дека се создадени со помош на вештачка интелигенција.
Нова функција наречена AI Enhance комбинира неколку постоечки алатки, како острење и отстранување на објекти, за да понуди три различни верзии на една фотографија. Потоа, корисникот може да избере која му се допаѓа најмногу. Оваа опција е достапна во менито за уредување, веднаш до досегашните функции „Подобри“ и „Динамичко“.
Освен уредувањето, Google ја подобри и функцијата за споделување албуми. Сега корисниците можат да креираат QR код што води директно до албумот – практично за лесно споделување преку мобилен или дури и во печатена форма.
Новите можности најпрво ќе бидат достапни за Android уредите во јуни, додека корисниците на iOS ќе треба да почекаат малку подоцна во текот на годината.
Извор: engadget.com
Хороскоп
Хороскоп за петок (6 јуни)

ОВЕН
Можно е денес да бидете под голем притисок и да не ви биде лесно сите задачи да ги извршите како што треба. Ве очекуваат недоразбирања со саканата личност. Денот е поповолен и со помала тензија доколку не сте во врска. Можна е главоболка.
БИК
Можно е да се загрижите за својата иднина и да не ви биде лесно да донесете некои важни деловни одлуки кои ве ќекаат. Ве очекува период во кој ќе имате потреба да бидете повеќе со вашиот партнер. Можна е несоница.
БЛИЗНАЦИ
Можно е да дојде до одложување на плановите кои сте ги имале на ова поле, сѐ се движи полека и тоа ве прави незадоволни. На некој начин сте се затвориле во себе и не ви е лесно да ги покажете своите емоции. Без проблеми со здравјето.
РАК
Можни се мали финансиски проблеми и да не ги добиете парите кои ги очекувате, или да доживеете мало разочарување на работното место. Со партнерот се наоѓате во моменти на важни одлуки. Кичмата ви е осетлива. Доаѓа време повеќе да се посветите на своето здравје.
ЛАВ
Прилично сте загрижени за своето работно место па важно е на време да ги сфатите проблемите. Пред вас е ден за флерт и нови познанства, судбината ви е наклонета и се појавува некој нов. Избегнувајте внесување на алкохол.
ДЕВИЦА
Ова не е поволен ден за почнување нова работа и генерално потрудете се да избегнувате носење на било какви важни одлуки. Саканата личност не покажува доволно нежност и вие полека се оддалечувате од неа. Можни се проблеми со бубрезите.
ВАГА
Забележувате промени кај опкружувањето на работното место и не ви е лесно да се адаптирате на нив. Влеговте во фаза на монотонија со саканата личност. Лесно би можело да ви се укаже прилика за некој флерт. Подложни сте кон проблеми.
СКОРПИЈА
Пред вас е ден во кој ќе се занимавате со нови работни задачи и проекти кои се многу важни. Доколку сте слободни, можно е да дојде до шанса да се смирите со некој/а поранешен партнер/ка. Можни се проблеми со тахикардија.
СТРЕЛЕЦ
Доколку се занимавате со приватен бизнис, пред вас е многу добар период во кој ќе заработувате добро. Потребно ви е време да одлучите дали ќе менувате некои работи на оваа поле или не. Поведете сметка за градниот кош.
ЈАРЕЦ
Можно е да не ги остварите плановите кои ги имате. Засега потрудете се да не форсирате нови настани. Променете го својот пристап во контактот со партнерот ако сакате ситуацијата во вашата врска да се поправи. Проблеми со дишните патишта.
ВОДОЛИЈА
Не влегувајте во ризични зделки и не позајмувајте пари некому. Ова не е поволен ден за тоа. Се чувствувате моќно и дека можете да промените сѐ што ќе посакате, а гледате дека вашата врска не оди во добар правец. Осетливи заби и непца.
РИБИ
Можете лесно да направите грешка на работното место, која ќе ја забележат луѓето околу вас. Внимавајте на својата концентрација. Пред вас е можност да обновите контакт со некоја личност од вашето минато. Денес совршено ќе ви одговара одмор.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (6 јуни)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Се гаси дива депонија зад „Стара централа“
-
Кичево12 часа
Кичевското архиерејско намесништво истакна соопштение по повод „Духовденска задушница“
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за сабота (7 јуни)
-
Македонија15 часа
СВР Охрид: Армијата на Република Македонија ќе реализира тактичко-технички активности
-
Македонија1 ден
На граница кај бугарин во возило пронајдени биле електрошок и солзавец, бил веднаш лишен од слобода
-
Култура3 часа
(ВИДЕО) Краток фрагмент на отец Партениј за „Македонија и Патриотизмот“ од новиот филм посветен на неговиот триесет годишен монашки пат
-
Скопје2 дена
За еден ден во Скопје изречени 180 мерки во областа на сообраќајот