Временска прогноза
Новата седмица ни носи краткотрајни врнежи од дожд, но и поголемо затоплување и пораст на дневните температури, ова се метео деталите..

Утре и во вторник ќе имаме зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд на пониските места (градовите) и од снег на планините и на повисоките места. Снежната граница понекаде би можела да се спушти и под 1000 метри надморска височина, со што слабо провејување на снег понекаде би можело да има и во повисоките населени места. Повеќе врнежи ќе има во западните предели, каде на планините и на повисоките места ќе дојде до формирање на помала снежна покривка.
Во Скопје исто така се очекуваат повремени врнежи од дожд со послаб интензитет, а на околните планини ќе провејува снег.
Наутро температурите во текот на новата седмица ќе бидат повисоки, но и понатаму претежно под нулата и ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -1 степен, а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.
Краткотрајно, но поголемо затоплување на времето ќе имаме кон крајот на работната недела кога температурите во Македонија ќе достигнат до 15 степени, по што следува нов продор на студен бран од север, за Порта.мк пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски утрово истакна важни метео вести за денес, вакво време ќе имаме

Денес (вторник 18 март), особено во претпладневните часови и во западните и во југозападните предели ќе има врнежи од снег кои повремено ќе бидат пообилни и ќе се формира снежна покривка. Во дел од градовите со висина до околу 10 cм снег, додека на планините и на Скијачките центри таа ќе биде поголема.
Во Скопје некои позначителни врнежи не се очекуваат.
Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат за околу, па и за повеќе од 20 степени пониски во споредба од оние кои ги имавме изминатиот период. Сето ова лошо се одразува на метеопатите, кај кои се можни поголеми здравствени проблеми, рано утрово не информираше Славчо Попоски.
Временска прогноза
Најавеното невреме, проследено со дожд, грмежи, ветер но и снег доаѓа!

Денес (понеделник 17 март) под влијание на висински циклон западно од нас, во Македонија ќе имаме нови повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со силен ветер од западен и од северозападен правец. Локално пак, процесите ќе бидат во форма на невреме, односно поинтензивни.
Поради падот на температурите, на планините над 1400/1500 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и ќе се формира снежна покривка.
Во попладневните часови од утрешниот ден (понеделник 17 март) полека снежната граница од север и северозапад ќе се спушта се пониско.
И во Скопскиот регион утре (понеделник 17 март) ќе има повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со силен ветер, во вид на невреме. На околните планини, особено од попладневните часови врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени, во Скопје до околу 16/17 степени, меѓутоа, од попладневните часови и навечер тие забрзано и значително ќе опаѓаат, доцна вечерва информираше Славчо Попоски.
Временска прогноза
Попоски: На повидок потврда дека пред нас доаѓа нагла промена на времето

Славчо Попоски предмалку објави првични информации за неверојатната нагла промена на времето која ни претстои.
Во првата метеоролошка карта, односно до среда (19 март) наутро на повеќе места во регионот, како и во Македонија, особено во западната половина од нашата Македонија ќе се формира снежна покривка, снег ќе има и во градовите.
Во втората метеоролошка карта, односно во среда наутро во Македонија појава на мразеви. Со овие прикази повеќе од сигурно се потврдува дека промената на времето ќе дојде сигурно.
-
Македонија2 дена
ИТНО да се известат семејствата на Методија Цонев и Стефанија Златановска што побрзо да пристигнат во скопската болница „8-ми Септември“
-
Хроника1 ден
Да се молиме за Панчо! Во несреќата вдишал топол дим, оштетена му била трахеата!
-
Балкан20 часа
(ВИДЕО) Претседателот Александар Вучиќ ги посети повредените македонски државјани во српските клиники
-
Хроника2 дена
Тага и горчина, Костадинов ја потврди лошата вест за членот од бендот на ДНК
-
Хроника2 дена
Андреј Ѓорѓиески од дуото ДНК помеѓу загинатите, се спасил но се вратил да спасува девојчиња!
-
Кичево19 часа
Кичевските гимназијалци утре со мирен собир ќе оддадат почит кон загинатите во страшната несреќа во Кочани
-
Македонија2 дена
Предмалку се огласи Министерството за здравство со важни информации
-
Хроника2 дена
Мартин Атанасовски „Буцо Битбокс“ и тонецот Игор Велков на групата „ДНК“ долги години соработници меѓу загинатите во трагичната несреќа во Кочани