Македонија
Нови 1056 ковид-19 случаи денеска и 25 починати, од Кичево 16 позитивни на списокот
Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје информира дека во последните 24 часа се направени 3.728 тестирања, а регистрирани се 1056 нови случаи на ковид19.
Од нив најмногу во Скопје– 590, а потоа следуваат Битола – 57, Прилеп – 42, Велес – 36, Кавадарци – 35, Куманово – 34, Охрид – 30, Тетово – 28, Струмица – 21, Гостивар – 19, Неготино – 18, Струга и Кичево – по 16, Штип, Кочани, Гевгелија и Берово – по 13. Неколку други градови имаат по едноцифрени бројки новозаразени.
Пријавени се вкупно 25 починати лица, на возраст од 29 до 87 година. Од починатите седум пациенти се од Скопје, од Прилеп и Битола по четворица, од Кавадарци тројца и по еден починат од Куманово, Тетово, Велес, Гостивар, Кочани, Струга и Охрид. Од Министерството за здравство наведуваат дека сите пријавени се починати во болнички услови и со коморбидитети.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
Македонија
РЦ „Запад“ и СВР Охрид на охридскиот аеродром учествуваа на симулирана показна вежба „Воздухоплов со запален мотор на полетување“
Денеска, полициски службеници од СВР Охрид и граничната полиција Регионален центар „Запад“, учествуваа на симулирана показна вежба „ Воздухоплов со запален мотор на полетување“ што се одржа на охридскиот аеродром „ Св.Апостол Павле“.
Притоа, полициските службеници, ги увежбуваа и ги спроведоа предвидените мерки согласно безбедносните протоколи и постапија по план за преземање активности за реакција и поддршка во услови на појава на безбедносни инциденти на воздухоплов.
Целта на оваа вежба беше подигнување на степенот на оперативност на предвидените тактичко технички мерки на сите служби во насока на брза и ефикасна реакција при случаи на појава на безбедносен инцидент со воздухоплов, ажурирање на координативните мерки , меѓусебната комуникација и информирање за инциденти и сл.
– Во вежбата учество зедоа ТАВ „Аеродром“- Охрид, АКЛ, противпожарни екипи од „ТАВ“ и ТППЕ „Охрид“ и ТППЕ „Струга“, медицински екипи од „ТАВ“ и амбуланта „Охрид“ и „Струга“, „Црвен Крст“. Вежбата успешно заврши со покажана висока ефективност во реализацијата на предвидените безбедносни мерки, за Порта.мк соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Кичево2 денаЈовановски: „Ние во Кичево не можеме да исчистиме толку брзо колку што некои несовесни граѓани можат да расфрлаат ѓубре“
-
Култура2 денаУтре е голем празник, помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава, за многу години!
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (4 декември)
-
Временска прогноза2 денаДождот продолжува, на планините кои се над одредена надморска височина ќе се формира снежна покривка
-
Технологија2 дена„Sony“ го лансира најновиот супер моќен продукт „Sony A7 V“, опремен со нов сензор и „partial stacked“ архитектура
-
Спорт1 денБлагоја Милевски се заблагодари на сите досегашни претседатели на ФФМ, сите наши фудбалери, стручен штаб, медицински лица и логистика
-
Хороскоп1 часХороскоп за петок (5 декември)
-
Здравје и убавина15 часаСамо со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија
