Македонија
Нови 1272 случаи и 33 починати. Од Кичево денес 21 заболен и 2 починати лица
Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 33 лица, односно, 12 пациенти од Скопје (34г,45г,59г,62г,65г,72г,73г,75г, 78г,79г,80г и 84г) и по 2 пациенти од Прилеп (65г и 85г), Куманово (68г и 69г), Тетово (68г и 74г), Велес (68г и 78г), Охрид (49г и 83г), Кичево (73г и 80г) и Виница (59г и 84г).
Од Ковид-19 починал и по еден пациент од Кавадарци (79г), Битола (41г), Струмица (49г), Неготино (61г), Крива Паланка (84г), Валандово (83г) и Крушево (85г). Сите пријавени смртни случаи се починати во болнички услови.
Во последните 24 часа се потврдени 1.272 случаи на Ковид-19, информираат од МЗ. Регистрирани се 619 случаи во Скопје, 75 во Битола, 65 во Прилеп, 61 во Куманово, 50 во Тетово, 40 во Кавадарци, 39 во Велес, 34 во Охрид, 32 во Штип, по 23 во Струмица и Струга, 22 во Кочани, по 21 во Кичево и Берово и 19 во Гостивар.
Потоа, 18 случаи на Ковид-19 се регистрирани во Неготино, 17 во Крива Паланка, 15 во Гевгелија, 11 во Валандово, десет во Ресен, девет во Радовиш, по осум во Свети Николе, Пробиштип и Виница, пет во Делчево, по четири во Демир Капија, Кратово и Пехчево, по два во Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица и еден случај на Ковид-19 е регистриран во Крушево.
Македонија
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 76,00 ден/лит.
Македонија
Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.
Македонија
Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет
На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.
Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево1 ден
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за петок (26 април)
-
Автомобили1 ден
Електрични возила и губење на вредноста
-
Магазин1 ден
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери
-
Автомобили1 ден
Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?