Временска прогноза
Нови поројни дождови и нестабилно време, проследено со постепено опаѓање на температурите

Продолжува многу нестабилното време и на многу места проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално повторно ќе има појава на поизразено невреме кое може да услови локални поплавувања и нови штети. Значи, невремето кое ја зафати Македонија ќе се задржи и во текот на новата недела која што ни следува.
Затоа, препорачуваме крајна претпазливост во случај на појава на НЕВРЕМЕ.
Температурите и понатаму позначително ќе се намалуваат и во следниот период истите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 29 степени, за Еспресо вели метеопрогнозерот Славчо Попоски и нагласува дека невреме е можно и во Скопје и околината во следниот период.
Временска прогноза
Алармот е вклучен, денес ќе имаме најтопол ден од почеток на 2025-та година!

Денес (недела 8 јуни) во Македонија топлотниот бран од Африка ќе го достигне својот максимум и температурите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени. Во Скопје максималната дневна температура ќе се искачи до околу 37 степени.
Времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
УВ ИНДЕКСОТ ќе има многу висока вреднот и ќе изнесува коефициент 8.
Денешниот ден ќе биде и најтоплиот ден досега оваа 2025 година, доцна вечерва истакна метеорологот Славчо Попоски од Метеоаларм.
Временска прогноза
Попоски апелира за локална дестабилизација со пороен дожд, ова се информациите

Под влијание на фронтална долина со поладен воздух во висина која се наоѓа над нашиот дел од Европа, во Македонија следува локално дестабилизирање на атмосферата.
Во ваква ситуација, деновиве во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на грмотевични конвективни облаци од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилност.
Поради загреаната атмосфера исполнета со енергија, локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со услови за појава на крупен град.
И во делови од Скопскиот регион следува развој на грмотевични облаци со поројни врнежи од дожд, силен ветер, електрични празнења (во форма на невреме), особено од утре (четврток 5 јуни).
Што се однесува до температурите, до крајот на оваа недела ќе бидат без промени во однос на оние кои ги имаме сега.
– Апелирам, во случај на појава на невреме граѓаните да обратат поголема внимателност, односно, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, однсоно, да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Најави за дожд речиси и да нема, следува период на летни температури и покачен УВ индекс

Пред нас е период на значително потопло време со значителен пораст на температурите на воздухот. Нашата Република Македонија во следните денови ќе биде под влијание на топол воздушен бран со потекло од Африка. Сепак, екстремно високи температури на воздухот нема да има, односно, што значи дека се работи за умерен топол Африкански бран.
Времето во следните денови ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Можни се сосема мали исклучоци, односно повремено и локално можно е да дојде до сосема мала дестабилизација на атмосферата, со што само накратко ќе има услови за краткотраен локален пороен дожд.
И во Скопје и околината следува период на многу потопло и стабилно и суво време, а ќе има и многу повеќе сонце.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат во значителен пораст, како утринските така и максималните дневни температури на воздухот. Преку ден тие на повеќе места ќе се искачат до околу 30 степени, а тие повремено на повеќе места ќе надминуваат и 30 степени, a во Повардарието тие ќе се искачат и до 35 степени.
Не се исклучува можноста повремено температурите во Повардарието да се искачат и за само некој степен над 35 степени.
УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено до многу висока вредност, и ќе изнесува вредност помеѓу 7 и 8, информира Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (8 јуни)
-
Македонија2 дена
Попладнево почувствуван земјотрес во Македонија
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за понеделник (9 јуни)
-
Временска прогноза1 ден
Алармот е вклучен, денес ќе имаме најтопол ден од почеток на 2025-та година!
-
Спорт2 дена
(ВИДЕО) „Капа доле“ за прикажаната игра упати Милевски, додека Омерагиќ во соблекувалната укажа поддршка и честитки до играчите на македонската репрезентација!
-
Македонија2 дена
Срамота: Пред Духовден во село во Македонска Каменица оштетени гробови
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) Американската тенисерка Гауф триумфираше на „Ролан Гарос“ по победата над белорусинката Арина Сабаленка
-
Култура18 часа
Денеска е „Духовден“ – Празник на Светиот Дух