Следете не

Спорт

Селекторот на македонската фудбалска А репрезентација Благоја Милевски вчера го одржа првиот работен состанок

Објавено пред

на

Фудбалската федерација на Македонија, како и досега, активно продолжува да работи со цел да ја унапреди состојбата на фудбалот во нашата земја. Новиот предводник на А селекцијата на Македонија, Благоја Милевски заедно со техничкиот директор на федерацијата, Зоран Стратев, како и раководителот на сите селекции, Никола Зердески одржаа работен состанок во просториите на „Куќата на фудбалот”. На средбата се разговараше за неколку актуелни теми, со цел поуспешни резултати на сите наши национални тимови. Најголем акцент беше ставен на меѓусебната координација на сите селекциите, односно тоа дека сите наши репрезентации ќе почнат со имплементација на играње со иста формација, се со цел полесно вклопување на играчите во секоја наредна фаза во селекцијата, за крај и успешна афирмација на самите фудбалери во А селекцијата. Очекувањата се оптимистични, а сето тоа е добра најава за нови, поголеми успеси на сите наши национални тимови.

„Се одржа работен состанок помеѓу тренерите на националните селекции кој беше инициран од селекторот Благоја Милевски. На самиот состанок се дискутираше за фудбалски теми. Дискусијата главно беше сведена на поставувањето на критериуми при одредување на репрезентативци, а целта е создавање на профил на играчи кој ќе одговори на потребите на репрезентацијата. Самиот селектор сугерираше дека е потребно сите селекции да се базираат на играње со иста формација, и врз основа на тоа да се создадат профили на играчи кои ќе одговараат на најсоодветната формација за остварување на национални успеси.”, изјави техничкиот директор на ФФМ, Зоран Стратев.

„Разговаравме околу принципите на селектирање, системите на игра со кој ќе се обучуваат фудбалерите, како и самиот профил на репрезентативците, односно кои индивидуални карактеристики треба да ги поседуваат за да бидат членови на репрезентацијата, без оглед на тоа за која возрасна група имаат право да настапуваат.”, изјави новиот предводник на нашата најсилна селекција, Благоја Милевски.

Спорт

Во просториите на ФФМ работен состанок одржа комисијата за избор на нов селектор на фудбалската репрезентација, изборот ќе се знае до 25 декември

Објавено пред

на

©porta.mk

Комисијата за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација, во состав на Масар Омерагиќ претседател на ФФМ, Горан Пандев директор на Национални репрезентации, Николче Новески раководител на скаутинг-службата на ФФМ, Агим Ибраими член на Управниот одбор на ФФМ и Марјан Стојковски потпретседател на ФФМ (присутен online), денеска одржа работен состанок.

На средбата разгледана била актуелната состојба во националниот тим, потребите за претстојниот квалификациски циклус и профилот на тренер кој е неопходен за унапредување на конкурентноста и организацијата на најдобрата македонска селекција.

Членовите на Комисијата според ФФМ дебатираа на конструктивна дискусија заснована врз стручни параметри, систем на работа, долгорочна стратегија, модел на развој на играчите и стремеж кон резултатска стабилност. Во процесот на избор посебен акцент бил истакнат на потребата од тренер кој добро ги познава домашните фудбалски токови, го разбира потенцијалот на македонските фудбалери и може да внесе јасна тактичка визија и дисциплина во репрезентацијата.

Комисијата ќе го достави својот предлог македонски стратег кој, според направените анализи, ги исполнува утврдените критериуми. Конечната одлука ќе ја донесе Управниот одбор на ФФМ, најдоцна до 25 декември.

Фудбалската федерација на Македонија останува посветена на професионален и транспарентен процес, со цел изборот на новиот селектор да обезбеди квалитетна и стабилна работа на македонската А-репрезентација.

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Спорт

ФФМ: Центарот за едукација објавува конкурс за лица кои ќе се стекнат со тренерски лиценци

Објавено пред

на

©porta.mk

Центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објавува конкурс за прием на нови кандидати за тренерски лиценци. Конкурсот опфаќа различни категории на лиценци, согласно стандардите и програмите на УЕФА и ФФМ.

Центарот за едукација ја информира јавноста дека пријавувањето е отворено за следните тренерски програми: УЕФА А курс, УЕФА Б курс, УЕФА Б курс за голмани и УЕФА Ц курс.

Сите заинтересирани можат да поднесат пријава во предвидениот рок, во согласност со критериумите и упатствата објавени од Центарот за едукација на ФФМ. Подетални информации за условите, потребната документација и начинот на аплицирање се достапни во приложените документи.

Повеќе информации ќе најдете на официјалната страница од ФФМ, ТУКА

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Спорт

Ако не победат „Кралевите“ против Сити, клубот ќе го менува Алонсо, по незадоволството од поразот против Селта Виго?

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Vienna Reyes

Реал Мадрид по поразот од Селта Виго со 0:2 на домашен терен во „Примера дивизион“ минатата недела, при што беа доделени и два црвени картони, по тој пораз, Барселона остана на лидерската позиција со четири бода предност, а ситуацијата на клупата на Реал се комплицира, со најава дека тренерот Алонсо може да биде отпуштен уште оваа недела.

Според информации од Шпанија, во понеделник беше свикан итен состанок во Мадрид за да се разгледа моменталната ситуација со Алонсо и неговиот тим. Како што пренесува „Марка“, натпреварот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите ќе биде одлучувачки за иднината на тренерот.

Во случај на пораз, Алонсо ќе биде отпуштен, но ако Реал извојува победа, неговиот мандат ќе продолжи.

Реал Мадрид ќе игра против Сити на домашен терен в среда во 21 часот, а голем интерес ќе предизвика тоа како ќе реагираат играчите и дали ќе успеат да бидат мотивирани и покрај нарушената атмосфера во соблекувалната оваа сезона.

– Инаку, Алонсо го презеде тимот ова лето, а најголемо внимание привлече поради неговиот напнат однос со Винисиус Жуниор. Управувањето со Реал и контрола на соблекувалната не е лесна задача, а чини се дека тоа е најголемиот предизвик за Алонсо, кој, и покрај напорите, не успеа да постигне одлични резултати.

Во јавноста веќе се споменуваат имињата на Зинедин Зидан и Јорген Клоп како потенцијални наследници на Алонсо, но повеќе детали ќе се знаат ако се случи промена на тренерската позиција.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија3 часа

Се намалува малопродажната цена на Мазутот, бензините и дизелот остануваат со иста цена за литар

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,089 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Хроника3 часа

Денеска млад жител на Скопје бил пронајден починат во напуштена куќа, вчера имало уште еден случај пријавен до СВР Скопје..

Ноќеска, на 12.12.2025 околу 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштена куќа на подрачјето на Центар е...

Кичево4 часа

Вчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево

На 11.12.2025 во 23:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во угостителски објект, на ул. „Маршал Тито“ во Кичево...

Спорт4 часа

Во просториите на ФФМ работен состанок одржа комисијата за избор на нов селектор на фудбалската репрезентација, изборот ќе се знае до 25 декември

Комисијата за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација, во состав на Масар Омерагиќ претседател на ФФМ, Горан Пандев директор...

Социјални мрежи7 часа

„Инстаграм“ за минатиот месец е водечка апликација по превземања на мобилните телефони, за септември на прво место беше „ChatGPT“

Мобилните апликации денес се неизбежен дел од нашата секојдневна рутина и заземаат голем дел од времето што го минуваме пред...

Македонија7 часа

(ВИДЕО) МВР: Расчистено убиство во гостиварско, поднесена кривична пријава

СВР Тетово – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.М.(53) од с.Неготино, општина Врапчиште, поради постоење...

Кичево8 часа

Финишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа

Месец јануари ќе започне долгоочекуваниот „Божиќен Базар“ 2026, кој функционира долго време поради неговиот карактер и хуманитарна мисија. Предмалку побаравме...

Временска прогноза9 часа

Ладно на утро со температури под нулата

Влијанието на силниот Антициклон кој се протега од југ и кај нас условува да имаме стабилно суво и претежно сончево...

Хороскоп18 часа

Хороскоп за петок (12 декември)

ОВЕН Ви претстои важен состанок, а можно е да се договорите. Одлично време е да го претставите она што ви...

Кичево1 ден

Во ОВР Кичево вчера било пријавено непознато лице, кое направило обид на сила да влезе во семејна куќа на постара жена

На 10.12.2025 во 00:00 часот во ОВР Кичево, 49-годишен маж од Кичево пријавил дека на 09.12.2025 околу 23:40 часот едно...

НАЈЧИТАНИ