Следете не

Свет

Новиот закон во Австрија со кој се регулира безбедност во сообраќај возачите да можат да ги загубат своите автомобили при тежок прекршок

Објавено пред

на

Во Австрија е на сила нов закон со кој се регулира безбедноста во сообраќајот. Од 1 март возачите во таа држава можат да ги загубат своите возила доколку направиле тежок прекршок. Сега таа законска одредба е активирана за прв пат и запленет автомобил оди на аукција.

17-годишниот возач возел со брзина од 198 км/ч на автопатот А1 во близина на Виена, каде дозволената брзина е само 100 км/ч. Младиот човек морал на лице место да ја предаде возачката дозвола, а автомобилот фолксваген пасат му бил одземен, јавува ХАК преглед.

Со оглед на тоа дека тој е и сопственик на возилото, австриското правосудство одлучило возилото да го продаде на аукција. Иако младиот човек од областа Салцбург има можност да се жали, шансите за успех се мали. Сојузната држава во која е извршен прекршокот има право на 30 отсто од приходите. Останатите 70 отсто одат за австрискиот фонд за безбедност на патиштата. Заработката од ова возило веројатно ќе биде скромна. Имено, моделот е караван VW Passat, кој е произведен помеѓу 2000 и 2005 година.

Во Австрија строги правила се во сила од 1 март 2024 година. Прекршителите кои возат 80 km/h повеќе од дозволеното во населени места и 90 km/h надвор од населено место мора привремено да ја предадат возачката дозвола и возилото ќе им биде одземено. Во Австрија годишно се случуваат од 400 до 450 сериозни инциденти со брзо возење. Постојат одредени ограничувања, возилата за изнајмување или лизинг не може да се продаваат на аукција поради правата на сопственост на трета страна.

Извор: Revijahak.hr

Свет

Маск: „SpaceX“ нема да го повлече својот вселенски брод „Dragon“

Објавено пред

на

ФОТО: SpaceX @ Unsplash.com

Илон Маск објави дека неговата ракетна компанија SpaceX нема да го повлече својот вселенски брод „Драгон“. Иако само неколку часа претходно тој изјави спротивното, дека авионот ќе биде повлечен од оперативна употреба.

Оваа ненадејна промена на ставот доаѓа во време на ескалација на јавниот конфликт меѓу Маск и претседателот на САД, Доналд Трамп. Конфликтот се засили во последните денови со размена на остри коментари на социјалните мрежи и изјави во медиумите.

Маск не ги објасни детално причините поради кои одлучил да ја промени претходната одлука. Сепак, постојат шпекулации од кругови блиски до компанијата дека моменталната политичка ситуација и потенцијалното влијание врз договорите со американската влада би можеле да играат клучна улога.

Вселенскиот брод „Драгон“, кој се користи за транспорт на товар и астронаути до Меѓународната вселенска станица, останува дел од вселенската програма на „Спејс Екс“.

Извор: phys.org

Прочитај повеќе...

Свет

Ноќеска во Грција регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/nagix.github.io/X/WorldEQLocator

Во раните утрински часови, во 3:06 по локално време, во областа на Коринтскиот Залив во Грција бил забележан земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, информира Атинскиот геодинамички институт.

Според информациите од институтот, епицентарот се наоѓал на 13 километри југоисточно од градот Галаксиди, а потресот бил на длабочина од 13,5 километри.

Коринтскиот Залив е познат како подрачје со висока сеизмичка активност, каде често се случуваат земјотреси, пишува „Катимерини“.

Прочитај повеќе...

Свет

(Вознемирувачко Видео) Хаотични сцени на прославата за титулата на Ливерпул, влета со автомобил во толпа навивачи!

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube

Фудбалерите на Ливерпул сè уште ја прославуваат титулата која ја обезбедија уште пред крајот на сезоната. Во неделата, тие официјално го подигнаа трофејот пред своите навивачи.

Илјадници луѓе излегоа на улиците за да ја одбележат победата, како што и се очекуваше.

Меѓутоа, прославата беше засенета од еден немил настан.

Невообичаена и вознемирувачка ситуација настана кога непознат возач со автомобил влета меѓу навивачите кои славеа.

– Предмалку полицијата во Велика Британија соопшти дека еден маж е приведен во Ливерпул, северна Англија, по пријавите дека автомобил се судрил со пешаци.

„Моментално се справуваме со пријави за сообраќајна несреќа во центарот на Ливерпул“, соопшти полицијата од Мерсисајд на X во понеделник. „Бевме контактирани веднаш по 18 часот денес, понеделник, 26 мај, по пријавите дека автомобил се судрил со голем број пешаци на улицата Вотер. Автомобилот застанал на местото на настанот и еден маж е приведен“, се додава во соопштението.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија6 часа

Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид

На ден 03.07. 2025 ќе се започне со градежни активности на автопат  А2 Кичево – Охрид каде ќе има времена...

Хороскоп6 часа

Хороскоп за петок (4 јули)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Скопје10 часа

МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак

Денеска (03.07.2025) во полициска станица во СВР Скопје е извршен службен разговор со Ф.Љ.(25) од Скопје, кој на 01.07.2025 околу...

Кичево16 часа

(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (3 јуни)

ОВЕН Марс сепак го зголемува вашиот стрес, бидејќи неговата главна идеја е да работите побрзо – ако се притиснете на...

Автомобили2 дена

Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците

Работата на моторот, квалитетот на системот, дизајнот на ентериерот и карактеристиките на возилото се само дел од аспектите кои ги...

Магазин2 дена

Експертите ја откриваат вистината за навиките што влијаат на траењето на батеријата на мобилниот телефон

Во денешно време, едно од најчестите прашања кај корисниците е дали честото полнење ја оштетува батеријата. Според експертите, одговорот е...

Автомобили2 дена

Дали би направиле место за резервно тркало?

Сè почесто се поставува прашањето: зошто новите автомобили речиси и да немаат резервно тркало и дали треба да се вратиме...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за среда (2 јули)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Магазин2 дена

(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации

Македонскиот популарен фолк пејач од наше поднебје, Спасен Сиљаноски предмалку сподели прекрасно видео кое допира длабоко во душата. За порта.мк...

НАЈЧИТАНИ