Македонија
Ново намалување на цената на бензините од ноќеска, дизелот останува непроменет, авто-плинот за сега по иста цена?

РКЕ за денес донесе одлука со која од ноќеска ќе се намалат малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, и двата за два денари за литар. Дизелот, мазутот и екстра-лесното масло за домаќинство ќе се продаваат по стари цени.
Од полноќ максималните цени на Еуросупер БС-95 ќе изнесуваат 86,50 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава за 88,50 денари за литар. Дизел горивото останува по старата цена од 90 денари за литар, додека екстра-лесното масло за домаќинство чини 85,50 денари за литар. Мазутот ќе се продава по досегашната цена од 43,046 денари за килограм.
Авто-плинот кој знаеме дека не потпаѓа под регулатирна комисија се уште бележиме дека останува со иста непроменета цена.
Последното намалување на неговата цена го бележиме пред три месеци, на 17 август каде драстично падна за 5 денари и се продаваше по цена од 48,5 ден/лит, потоа во почетокот на месец октомври истиот се зголеми за 3 денари и до денес неговата цена е иста.
Дали малопродажните објекти повторно ќе одлучат да го намалат ова често купувано погонско гориво, судејќи по неколкуте намалувања на цените од течните горива, останува да видиме.
Македонија
На ГП Деве Баир жители на Бугарија недолично се однесувале и се обиделе физички да ја нападнат полицијата

Околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г.З (35),А.Х(50)и Р.Х(54) бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства, при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот
Извор: МВР
Македонија
Мин. за земјоделство, шумарство и водостопанство одобри лов на дива свиња до крајот на месец март, ова се деталите..

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство со цел продолжување на мерките од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство врз основа на епидемиолошката состојба со болеста Африканска чума кај дивите свињи одобри лов на дива свиња од 01.02.2023 до 31.03.2023 година во ловиштата на територија на Македонија кои се простираат во источниот дел од левата стана на патниот правец (А-1) Е-75, кој се протега од граничниот премин Табановце до граничниот премин Богородица.
Санитарниот лов на диви свињи се спроведува на ловишта каде болеста е веќе потврдена, а ловот се врши групно во присуство на ловочувар, инспектор за ловство и ветеринарен доктор, а застреланиот дивеч треба да биде складиран согласно решението на АФВ за заштитните мерки на ловиштата во однос на африканската чума кај дивите свињи, истакнаа од Министерството.
Македонија
Поради агресивно однесување, СВР Охрид приведе жител на Албанија

На 02.02.2023 во 21.10 часот, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Л.П.(55) од Република Албанија затоа што на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во близина на охридското село Трпејца, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, за Порта истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за понеделник (6 февруари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (5 февруари)
-
Временска прогноза1 ден
Еве какво време не очекува во текот на седмицата, сончеви периоди со засилен северен ветер, додека наутро температурите….
-
Кичево2 часа
Во Кичево вчера најмногу казни за пречекорување на брзина..
-
Занимливости19 часа
Неколку трикови успешно покажани за откажување на пушењето цигари
-
Свет2 дена
Илон Маск на суд ги победи акционерите на „Tesla“
-
Скопје1 ден
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Магазин3 часа
Првата генерација на iPhone во фабричко пакување понуден на аукција