Македонија
Ново поскапување на бензините, ова е цената која ќе стапи на сила од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 12.05.2022 година.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,258 ден/кг и сега ќе изнесува 52,436 ден/кг.
Од 17.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 92,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 94,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 86,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 84,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 52,436 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,334 %, кај дизелот има намалување за 1,840%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 1,559% и кај мазутот има намалување за 0,96%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,307%.
-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 17.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, посочуваат од Регулаторна.
Македонија
МВР: До 2030 преполовување на жртвите во сообраќајот, до 2050 – нула жртви
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на првата Национална конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“, што се одржа во Скопје во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).
Пред претставници на Владата, општините, ЗЕЛС, РСБСП и експертската јавност, министерот ја истакна загрижувачката состојба со сообраќајната безбедност и потребата од системски и координиран пристап. „Како и во светот, и кај нас најчести жртви на сообраќајните незгоди се младите. Минатата година имавме околу 78 жртви на милион жители, што е речиси двојно повеќе од европскиот просек од 40, а далеку над скандинавските земји, каде бројката е до 20 жртви на милион жители“, нагласи министерот.
Во своето обраќање тој посочи дека Македонија се приклучува кон европската стратегија „Safe System“, чија цел е до 2030 година бројот на жртви да се намали за половина, а до 2050 година да се постигне целосно нулта жртви.
Тошковски дефинираше дека клучните елементи на овој систем кој заеднички треба да го имплементираат институциите се: безбедна брзина, безбедни учесници во сообраќајот, безбедни патишта, безбедни возила и ефикасна институционална реакција по незгода.
Министерот ја поздрави иницијативата за потпишување на првата Декларација за сообраќајна безбедност, со која општините формално се обврзуваат дека ќе работат системски на подобрување на условите и инфраструктурата.
Посебен акцент беше ставен на започнатиот пробен период на системот „Безбеден град“, кој преку автоматско препознавање веќе детектира стотина илјади прекршоци. „Ова е значаен чекор кон современ, ефикасен и дисциплиниран сообраќајен амбиент“, истакна Тошковски.
Македонија
ДЕМАНТ: Внимание за злоупотреба на името на Бигорскиот манастир за продажба на лажни лекови
Бигорскиот манастир истакна соопштение и демант за злоупотребата на името на Бигорскиот манастир за продажба на лажни лекови. Се чувствуваме должни јавно да реагираме по повод лажните интернет-страници и спонзорирани објави кои деновиве кружат на социјалните мрежи, а во кои грубо се злоупотребува името и угледот на нашиот манастир, како и на монашкото братство.
Нивното интегрално соопштение проследете го во продолжение:
Македонија
ЈП за Државни патишта со санација на потпорниот ѕид и заштита кај Бигорскиот Манастир
Јавното претпријатие за државни патишта успешно реализираше проект за санација на потпорниот ѕид и заштита на регионалниот пат Р1202 во близина на Бигорскиот манастир, со што значително се подобри безбедноста и комфорот на сите учесници во сообраќајот. Овој проект има за цел да обезбеди стабилност на патната инфраструктура и да овозможи непречен проток на возила на една од најфреквентните туристички локации во регионот.
Покрај санацијата на потпорниот ѕид, изграден е и нов паркинг простор наменет за патниците намерници и туристите кои го посетуваат ова значајно македонско светилиште. Со тоа се решава долгогодишниот проблем со паркирањето и се подобрува пристапот на посетителите до манастирот.
Градежните активности започнаа минатата година и опфатија низа комплексни зафати:
✔️расчистување на трасата од грмушки и дрвја,
✔️машински ископ и изработка на насип,
✔️поставување тампонски слој од дробен камен,
✔️поставување нови рабници и метална пешачка ограда за мост,
✔️асфалтирање на коловозната површина,
обележување со патарска рефлектирачка боја за зголемена видливост и безбедност.
Вкупната вредност на проектот изнесува 569.591 евра, што претставува значајна инвестиција во подобрување на патната инфраструктура и туристичката понуда во регионот. Изведувач на работите беше ЕСКАВАТОРИ-МК ДООЕЛ увоз-извоз, Скопје, а надзорот го вршеше ГЕИНГ ДОО Скопје.
Со реализацијата на овој проект, се создаваат услови за безбеден и непречен сообраќај, а истовремено се поттикнува развојот на туризмот и зачувувањето на културното наследство на Македонија, на фејсбук истакна ЈП за Државни патишта
-
Кичево1 денПредмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско
-
Хороскоп2 денаМесечен Хороскоп (декември 2025)
-
Кичево6 часа(ФОТО) Конечно „ATVA Residence Hotel & Spa“ официјално отворен, уникатен модерен хотелски комплекс, уреден според највисоки светски стандарди
-
Хороскоп17 часаХороскоп за вторник (2 декември)
-
Здравје и убавина2 денаШто значи топла или превриена вода за човечкиот организам, еве неколку здравствени проблеми кои топлата вода може да ги реши
-
Кичево22 часаКК „Баскет Кичево“ започнува со тренинзи по термини во спортска сала, стани и ти дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери
-
Здравје и убавина2 денаПробајте врз утринското кафе да му додадете парче чоколадо
-
Македонија24 часаЈП за Државни патишта со санација на потпорниот ѕид и заштита кај Бигорскиот Манастир
