Кичево
(ГАЛЕРИЈА) Вечерва Кичево беше домаќин на третиот „Новогодишен концерт“ на радоста во прекрасен амбиент и полна сала
Вечерва 14 јануари, во прекрасен амбиент на големата сала на НУЦК „Кочо Рацин“ се одржа долгоочекуваниот трет „Новогодишно-Божикен“ концерт на традиционални празнични каланди во град Кичево.
На наша голема радост и радост на кичевчани, овој свечен настан со своето присуство го збогатија нашиот Старец и Епископ г. Партениј, гостин беше, Митрополит Крушевско-Демирхисарски, г. Јован, Архимандрит Доситеј Бигорски, Архимадрит Кирил Бигорски и останатите, монахињите од Манастирите Пречиста, Кнежино и Рајчица, како и монасите од Бигорски Манастир.
– Преку нашиот медиум се користи таа прилика јавно да се истакне благодарност за присуството и поддршката до сите чинители, добронамерници, соработници, општинската локална самоуправа на град Кичево, како и до директорот на НЦУК „Кочо Рацин“ г-дин Мазлам Османи за можноста за реализација на овој празничен настан.
Сите почести и за учесниците за одличната музичка мелост на „Чалгии Мерак“, дел од оркестарот на Филхармонија, како и кичевскиот Хор Митрополит „Козма Пречистански“, но и за актерите кои за прв пат на сцената ја одиграа детската претстава „Божиќна авантура во градот на снегулките”, адаптирана од страна на искусниот драматург г-ѓа Билјана Крајчевска, а според истоименото книжевно дело на г-ѓа Марија Ангеловска Дангева. Претставата беше во режија на г-дин Владо Дојчиновски и г-дин Никица Јанковски, а е изведена од нашите најмлади и најмили: Нина, Марија и Матеј.
Ние како и секоја година, заедно со Digital Centar Media и Димитар Павлески тука сме да дадеме максимална медиумска, како и видео/фото поддршка.
Проследете ги најубавите моменти од настанот преку нашиот фото објектив во продолжение..
Ви посакуваме среќен и благословен Божиќ и Новата 2024 година да Ви биде исполнета со љубов, радост, мир и среќа.
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Кичево
(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!
Кога станува збор за квалитет, разновидност и секогаш свежи производи, пиљара „Бамби“ е вистинскиот избор за секој дом. Фирма посветена на своите потрошувачи повеќе од 20 години во Кичево. Тука ќе пронајдете секогаш свежо и замрзнато овошје и зеленчук, внимателно одбрани апетисани, богат асортиман на прехрамбени производи, освежителни пијалоци. „Бамби“ нуди и кетеринг намирници, свежи печурки и уште многу други производи кои го прават секое купување лесно и пријатно.
Посебно внимание исто така посветуваат на млечните производи, кои се чуваат во посебен фрижидер, секогаш уредно, свежо и лесно достапно за купувачите, затоа што квалитетот и хигиената им се на прво место.
Што се однесува до овој период од годината, во пресрет на новогодишните и божиќните празници, „Бамби“ подготви и празнични пакетчиња за сите дечиња, исполнети со квалитетни и внимателно одбрани продукти, идеален начин да се измамат детски насмевки и празнична радост.
Пиљара „Бамби“ се наоѓа на улица „Борис Кидрич“ бр. 17 и работи од понеделник до сабота, со работно време од 08:00 до 22:00 часот.
Посетете ја пиљара „Бамби“ уште денес и бидете дочекани со насмевка, љубезност и брза услуга, дојдете и уверете се зошто „Бамби“ е омиленото место за купување во градот, секогаш свежо овошје и зеленчук, врвен квалитет и најпристапни цени.
Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно! 🍎🥦
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Кичево
Внимание: Измена во сообраќаен режим кон Охрид по една коловозна лента
СВР Охрид ја информира јавноста дека, од денеска во наредниве десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, за Порта.мк соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Кичево
Среќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
На 17.12.2025 во 16:40 часот на улица „Ужичка Република“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го пронајдоа 12-годишното дете, за кое претходно неговите родители пријавија дека се оддалечило од семејниот дом.
Малолетникот е предаден на неговите родители, за јавноста предмалку соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
-
Кичево14 часаСреќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
-
Кичево2 денаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Временска прогноза13 часаНи претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
-
Култура2 денаНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Македонија1 денЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (18 декември)
-
Македонија16 часа„Од народ, за народ“: До сите градови, во тек е шестата најмасовна хуманитарна акција – „Пакетчиња за сите дечиња“, радувај се на новогодишната магија!
-
Кичево8 часа(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!

















































































































































