Македонија
Новогодишната ноќ помина со 90 санкционирани возачи поради алкохолизирана состојба

Во текот на вчерашната вечер (31.12.2021/01.01.2022) во периодот од 23.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Македонија, при што санкционирани се 90 возачи.
Од нив 38 на територија на СВР Скопје, 11 на територија на СВР Охрид…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Извор: МВР
Македонија
(ВИДЕО) Во 3 по полноќ го ограби верскиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во село Обршани, општина Кривогаштани

Одземена полна фиока со пари од Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ од селото Обршани, општина Кривогаштани ја згрози Македонија. Како што истакнуваат на нивната социјална мрежа која споделуваат новости за храмот, грабежот е регистриран на нивната сигурносна камера во 03 часот по полноќ ноќта 23-ти април.
Предмалку исто така објавија фотографија со лице кое се сомничи дека го сторил делото.
Од тука се прашуваме, до каде оди човештвото? Постои ли душа и совест во овие луѓе?!
Во продолжение видеото од грабежот на верскиот храм:
Македонија
Делница А2 Желино-Тетово поради геодетско снимање ќе биде затворена една сообраќајна лента во неколку фази

Од денес (24.04.2025) ќе има привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино – Тетово, помеѓу бензинската станица и северниот влез на Тетово. На овој дел од патот ќе се врши геодетско снимање и една сообраќајна лента ќе биде затворена во неколку фази.
Работите ќе траат до нивно завршување, информира Авто-Мото Сојузот на Македонија.
Македонија
МВР приведе кумановец затоа што управувал возило со 2,05 промили алкохол во крвта

На 23.04.2025 во 21.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода В.К.(51) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,05 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, известуваат од МВР.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (23 април)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за четврток (24 април)
-
Кичево9 часа
Вчера во Кичево се одржа состанок на општинскиот кризен штаб за превенција и заштита од пожари на отворен простор
-
Македонија4 часа
(ВИДЕО) Во 3 по полноќ го ограби верскиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во село Обршани, општина Кривогаштани
-
Кичево3 часа
„ЕВН КЕЦ Кичево“ утре ќе работи на терен, следните кичевски улици и села ќе бидат без електродистрибуција во домаќинствата
-
Кичево23 часа
Исполнети од радоста од Христовото Воскресение „Велигден“ бидете дел на Светол Источен Петок – „Балаклија“ во Манастир Пречиста кичевска – Христос Воскресе!
-
Култура2 дена
(ВИДЕО) Бигорски Манастир објави видео полно воскресенска радост
-
Култура8 часа
(ФОТО) Во с.Цер кичевско одбележани 120 години од смртта на Христо Узунов – симбол на револуционерната борба