Спорт
Новото раководство на ФФМ со плодна работа уште на старт, конечно стартува онлајн платформа за продажба на влезници за претстојните натпревари на репрезентацијата

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално ја стави во употреба својата on-line платформа (eticket.ffm.mk) за продажба на влезници за натпреварите на македонската репрезентација.
Навивачите и сите поддржувачи на македонскиот национален тим ќе можат да купуваат билети директно преку нашата нова веб-платформа, (eticket.ffm.mk), овозможувајќи побрз, побезбеден и поедноставен начин за поддршка на нашата репрезентација и домашните фудбалски натпревари.
Во неколку чекори подгответе се за натпреварот:
1. Посетете ја платформата eticket.ffm.mk
2. Изберете натпревар
3. Одберете седиште
4. Извршете уплата
5. Преземете го дигиталниот билет
Со оваа платформа добивате: Безбедно и лесно купувањена билети, предвремен пристап до влезници, дигитални и мобилни опции за нарачка и купување на влезници и ажурирање во реално време за достапноста на билетите.
Електронската платформа eticket.ffm.mk е достапна на македонски, албански и англиски јазик. Посетете ја eticket.ffm.mk за повеќе информации и бидете дел од поинакво фудбалско искуство, истакна ФФМ преку своето интегрално соопштение за јавноста.
Имено, со претстојните новости новото раководство на Федерацијата на чело со г-дин Омерагиќ и тоа како се пушти во плодна работа во корист на љубителите на фудбалот и воопшто на македонскиот спорт. Според најавите, со подобностите од ваков тип тек се започнува – што реално е за сите почести.
Во меѓувреме познат е распоредот за третиот круг од првенството во Првата фудбалска лига
Напред Македонија!
Спорт
Благоја Милевски го повика младиот Тошевски, во замена за повредените Ристовски и Ќамили, Ашковски неизвесен до самиот старт

После првиот тренинг на македонската фудбалска селекција, селекторот Благоја Милевски се соочи со неочекуван проблем. Имено, поради повреди на следните два меча против Лихтенштајн во гости и дома против Велс, неможе да смета на Милан Ристовски и Лирим Ќамили.
Како нивна замена, а според наши лични контакти со ова младо момче, дополнителен повик доби Тошевски Давид од австриски „Клагенфурт“. За стартот на Ашковски исто така ќе биде неизвесно како што информираат од ФФМ, но медицинскиот тим дополнително ќе ја прегледа неговата здравствена состојба со повредата на зглобот.
Напред Македонија!
Спорт
Македонската фудбалска репрезентација со молк и обединети во тага поради настаните ги започнаа претстојните подготовки за претстојните предизвици!

Македонската фудбалска репрезентација ги започна претстојните подготовки и нови предизвици со срце исполнето со болка и спомен ја споделуваме тагата со семејствата и блиските на настраданите.
Обединети во тагата, со молитви жртвите да почиваат во мир, истакнаа на својата социјална мрежа.
Спорт
„Не е време за фудбал“, поради трагедијата во Кочани, Фудбалската федерација на Македонија ги одложи денешните натпревари во сите конкуренции

Длабоко сме потресени од трагичната несреќа во Кочани во која настрадаа многу млади луѓе. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата и блиските на настраданите.
Изразуваме најискрено сочувство и поддршка.
Фудбалската федерација на Македонија ги одложува денешните натпревари во сите конкуренции, истакнаа од „Куќата на фудбалот“ и претседателот Масар Омерагиќ за јавноста.
-
Хроника2 дена
Да се молиме за Панчо! Во несреќата вдишал топол дим, оштетена му била трахеата!
-
Кичево11 часа
(ФОТО) „Ветрот ќе шепоти за нивната невиност, огнот ќе сведочи за нивната болка“ – Кичево оддаде почит за загинатите во несреќата во Кочани
-
Балкан1 ден
(ВИДЕО) Претседателот Александар Вучиќ ги посети повредените македонски државјани во српските клиники
-
Кичево1 ден
Кичевските гимназијалци утре со мирен собир ќе оддадат почит кон загинатите во страшната несреќа во Кочани
-
Македонија2 часа
Министерството за здравство предмалку истакна најново соопштение
-
Македонија1 ден
Поради снег предмалку воведена забрана за ТТВ на Стража, Маврово-Дебар
-
Македонија9 часа
Сообраќајци се обиделе да сопрат возило со мигранти, изгубило контрола и удрило во нив!
-
Временска прогноза19 часа
Попоски утрово истакна важни метео вести за денес, вакво време ќе имаме