Кичево
(ФОТО) Во Кичево денес официјално стартува со работа „Nuts World“, специјализирана продавница за здрава храна и се што ви треба на едно место

Од денес 03.03 петок со почеток од 14:00ч стартува со работа специјализираната продавница „Nuts World“, позиционирана во срцето на град Кичево, ул. „Булевар Ослободување“ бр. 63, во непосредна близина на полициската станица.
Не би била специјализирана доколку нема нешто корисно, а тоа е разновидната здрава и органска храна, најдобрите брендови и најпродавани по светот – локуми со фстак и калинка, млеко и фстак, специјализирани чаеви, масла од „Лен“, во секое време топла кикирика, бадеми, лешници, ф’стак, во секое време Папаја, популарните суви киви и што уште не!
- И тоа не сѐ! Во „Nuts World“ покрај најбараните здрави намирници за прв пат во нашиот град на ваше барање, Ви го презентираат она што за да бидете ФИТ едноставно најмногу ви треба, а тоа е – Професионална машина која од секој апетисан во моментот прави путер, така што, од сега додаток микс може да си правите по ваша желба, а љубезните вработени во „Nuts World“ секогаш ќе бидат тука да ви ги дадат најдобрите совети.
Не е заборавен и пултот за најмладите, каде ќе ги најдете најбараните играчки за мали деца, највкусните „Nutella & Kinder Joy“, како и најразновидните чипсови.
„Nuts World“ ќе работи од 08-00ч – понеделник / сабота, додека во недела продавницата ќе биде отворена од 14-22ч | GPS координати до продавницата: ТУКА
Добредојде „Nuts World“
Во прилог погледнете дел од преубавиот и уреден асортиман на здрава храна и намирници во специјализираната продавница:
Кичево
Во сабота традиционална „Мото парада 2025“ по повод „Петровден“, именден на нашиот градски храм „Св.Петар и Павле“

Почитувани кичевчани, чест и задоволство ни е да ве информираме дека и оваа година продолжува традицијата по повод именденот на нашата Православна црква „Св.Апостоли Петар и Павле“, со тоа што по 11-ти пат, односно 11 години по ред – ќе се одржи мирна мото-парада или мото дефиле низ кичевските улици.
Настанот ќе се реализира во сабота 12.07.25 со почеток од 19:00 часот од „Полигон“ во непосредна близина на „Железничката станица“, а завршната рута е предвидена пред самиот храм.
- Оваа година овој мото-марш ќе биде посветен за „Димитар Трајчески – Дидо“, страстен поддржувач на петровденската мото-парада и учесник во сите години наназад. Реши да не чува од небесата и од таму да биде блиску до срцата наши! Токму ова дефиле ќе биде посветено за него, бидејќи мото собирите заедно со другарчињата за него беа среќа!
На крај, закажано е заедничко кафе-дружење и групна фотографија во „City Caffe“ каде домаќините ќе го резервираат паркинг просторот како и место во самиот локал за сите гости.
Да ја покажеме нашата мото и сообраќајна култура, се вози според пропишаните сообраќајни знаци, додека предводници за безбедност во сообраќајот ќе бидат полициски службеници од ОВР Кичево.
Повторно кичевчани ќе имаат прилика да го проследат продефилирањето на разновидните мотоцикли низ нашиот град, како симбол и најава за големиот празник во чест на нашата православна црква! Бидете дел и заеднички со спектакуларниот мото звук да искажеме почит кон нашите светители и кичевскиот храм, заштитник на нашиот град!
- Имено, оваа прилика ја користиме да ја известиме јавноста дека Кичевското архиерејско намесништво, за претстојниот храмов празник (патронатот на храмот и градот Кичево) посветен на светите апостоли Петар и Павле, дава благослов да се вклучат жителите и верниците на Кичево и околината, оние кои се во можност, при помош за чистење на храмот, а притоа со тоа да придонесат за чист храм по повод патронатот свети апостоли Петар и Павле, слично како што и нашите предци тоа го извршувале низ вековите.
Оваа акција ќе се одржи утре 09.07.2025 година (среда) со почеток од 09:00 часот. Тие кои сакаат и можат да бидат дел од овој вид на помош се остава на нивната слободна волја и ревност
Вечна традиција, бидете дел!
Во прилог ланската мото-парада, лето господово 2024г.
Кичево
Нова самопослужна автоперална „Fi-Go“ во Кичево: Брзо, практично и достапно решение за чисто возило

Љубителите на чисти и уредни автомобили во Кичево отсега имаат нова, модерна опција за миење и одржување на своето возило. Самопослужната автоперална „Fi-Go“ е отворена и нуди практична услуга за чистење на автомобилот во секое време – благодарение на работното време 24/7, и се наоѓа на локацијата ТУКА
Што нуди „Fi-Go“?
-
Пена: 30 секунди за 10 денари – за ефикасно нанесување на средство за чистење и отстранување нечистотии.
-
Вода: 60 секунди за 10 денари – за темелно испирање на возилото.
-
Правосмукалка: 45 секунди за 10 денари – за брзо и прецизно чистење на ентериерот.
Начини на плаќање
Плаќањето е лесно и достапно за сите – се прифаќаат монети, книжни пари.
Зошто да ја изберете „Fi-Go“?
-
Брзина: За само 10 минути можете целосно да го освежите автомобилот.
-
Флексибилност: Работи 24 часа, секој ден во неделата.
-
Едноставност: Лесно ракување со апаратите и брза услуга.
Ако сакате вашето возило секогаш да биде чисто без да трошите многу време и пари, „Fi-Go“ во Кичево е идеалниот избор. Посетете ја и уверете се во квалитетот на услугата!
Кичево
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе на терен.
Последната интервенција е пред половина час во месноста Бичинци, односно покрај пат на дива депонија Бичинци-Мамудовци.
На терен дејствуваше екипа на ТППЕ Кичево со четири пожарникари.
Уште еднаш преку нашиот медиум пожарникарите апелираат за сериозноста на овој период на годината, да внимаваат, бидејќи мал отпушок е доволен за да се случи пожар!
-
Кичево16 часа
Во сабота традиционална „Мото парада 2025“ по повод „Петровден“, именден на нашиот градски храм „Св.Петар и Павле“
-
Кичево2 дена
Нова самопослужна автоперална „Fi-Go“ во Кичево: Брзо, практично и достапно решение за чисто возило
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (8 јули)
-
Спорт2 дена
(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец
-
Македонија2 дена
ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за среда (9 јули)
-
Lifestyle23 часа
Напиток што ги топи килограмите, го чисти телото и забрзува метаболизмот – резултатите се видливи за 7 дена
-
Македонија2 дена
Цената на бензините се намалува, додека на дизелот се покачува