Магазин
Од Apple ќе се бара да поддржува USB-C полнач
Регулаторното тело на Европската унија најави дека сите производители на електронски уреди ќе треба да го усвојат стандардот USB-C до есента 2024 година. Тоа значи дека сите уреди во земјите на ЕУ ќе добијат универзална порта за полнење.
За универзалните полначи се сонуваа долго време – не само што животот ќе беше поедноставен со ист полнач за сите уреди, туку и ќе се намали количината на електронски отпад. Одлуката сигурно ќе влијае на компанијата Apple, чии производи имаат посебен Lightning влез. iPhone и AirPods кои ќе се продаваат во Европската унија ќе се разликуваат од 2024 година, бидејќи ќе мора да се префрлат на стандардот.
Клиентите ќе можат да изберат дали сакаат да го купат уредот со или без полнач во пакувањето, што повторно ќе има влијание врз намалувањето на количината на отпад. Нема да има излишни кабли, ниту пак трошење пари на полначи кои не се потребни. Со текот на годините, Apple ги менуваше начините на полнење на уредите на iPhone, па премина од 30-пинскиот конектор до Lightning кабелот, што стана вообичаено уште од моделот iPhone 5. Од 2018 година се зборува за префрлување на нов протокол, но четири години подоцна тоа сè уште не се случило. Можеби 2024 година е годината што конечно ќе го промени тоа.
Ова не значи дека Apple ќе се префрли на протоколот USB-C во сите делови на светот, барем не веднаш. Додатоци носат сериозни приходи, па универзален полнач не е нешто за што сонуваат оние кои сакаат добар профит. Законите се таму за да бидат на страната на корисникот, но и на целата планета која се гуши во фрлените кабли.
Извор: news.com
Магазин
Apple ги објави најпопуларните апликации и игри за iPhone и iPad во 2025 година
Apple ја објави официјалната листа на најпреземаните апликации и игри за iPhone и iPad уредите за 2025 година, откривајќи кои содржини доминирале меѓу корисниците ширум светот.
Најпопуларни бесплатни апликации за iPhone
Во категоријата бесплатни апликации за iPhone, убедливо првото место го зазема ChatGPT, што ја потврдува сè поголемата популарност на алатките базирани на вештачка интелигенција. Листата продолжува со:
-
Threads
-
Google
-
TikTok
-
WhatsApp
Најпреземани платени апликации за iPhone
Кога станува збор за платени апликации, корисниците најмногу се одлучувале за продуктивни и креативни алатки:
-
HotSchedules – најпопуларна платена апликација
-
Shadowrocket
-
Procreate Pocket
-
AnkiMobile Flashcards
-
Paprika Recipe Manager 3
Најпопуларни игри за iPhone
Во гејминг сегментот, 2025 година донесе јасни фаворити:
-
Block Blast! – најпреземана бесплатна игра
-
Minecraft: Dream it, Build it! – најпопуларна платена игра
-
NFL Retro Bowl ’26 – најпопуларна аркадна игра
Најпреземани игри за iPad
Корисниците на iPad покажаа слични преференции:
-
Roblox – најпопуларна бесплатна игра
-
Minecraft: Dream it, Build it! – водечки платен наслов и на iPad
Оваа листа јасно покажува дека апликациите за комуникација, креативност и вештачка интелигенција, како и игрите со отворен свет, и понатаму доминираат кај корисниците на Apple уредите.
Извор: B92
Хороскоп
Хороскоп за понеделник (15 декември)
ОВЕН
Може да очекувате генерално поволен ден. Ако вашата работа е поврзана со продажба, ќе имате голем успех. Можно е да не ја забележувате личноста која се обидува на суптилен начин да ви ги покаже емоциите. Чувајте се од хронични болести.
БИК
Може да очекувате ден во кој ќе имате многу обврски. Потрудете се да се посветите на работата сега кога е тоа важно. Склони сте кон чести кавги и љубоморни испади со саканата личност. Проблеми поради паднат имунитет.
БЛИЗНАЦИ
Пред вас е некој пресврт на работно поле. Имате впечаток дека состојбата е нестабилна и дека ви се руши тлото под нозете. Нова љубовна прилика ве очекува но од вас зависи дали ќе ја искористите или не. Одлично се чувствувате.
РАК
На работата имате успех и ве прати среќа и судбината сега дефинитивно е на ваша страна. Секој човек има свои маани па така и вашиот партнер. На вас е одлуката дали ќе ги прифатите. Проблеми со стомакот.
ЛАВ
Работните обврски на некој начин ве гушат. Потребен ви е одмор за да се наполните со енергија. Лесно го покажувате интересирањето кон личноста која ви се допаѓа. Ви одговара физичка активност.
ДЕВИЦА
Финансиската состојба би требало полека да се поправува кај вас. Може да очекувате позитивен ден. Односот со саканата личност може да биде променлив во наредниот период и сами веќе не знаете што сакате. Внимавајте на исхраната.
ВАГА
Одложувањето на работните обврски е нешто во што сте генерално добри и сега дојде време сериозно да се посветите на работата. Вашиот брак е во криза и свесни сте дека така е веќе подолго време. Можни се проблеми со срцето.
ШКОРПИЈА
Ве очекува многу добра ситуација на работно поле и пари, подготвени сте да остварите и уште поголем успех во иднина. Задоволни сте со својот емотивен избор и добро се чувствувате поради тоа.
СТРЕЛЕЦ
Доаѓа до сериозни промени во раководството кое со тек на време значајно ќе се одрази и на вашиот деловен статус. Подготвени сте на саканата личност да и ја дадете љубовта која ја бара од вас. Ви се враќаат проблемите со кичмата.
ЈАРЕЦ
Постепено се ослободувате од големиот број на обврски кои сте ги имале во претходниот период и чувствувате големо олеснување поради тоа. Ја засакавте својата слобода и не сакате нова врска. Имате додворувачи, но не ве интересираат. Се чувствувате многу добро.
ВОДОЛИЈА
Вашата загриженост и нервоза која ја покажувате може да ги демотивира соработниците и да направи општи проблеми на работно поле. Заладувањето на односот помеѓу вас и саканата личност води до прекинување на врската. Водете сметка за урогениталниот тракт.
РИБИ
Сериозни сте и важно ви е работата да иде во посакуваниот правец. Ќе направите сѐ што можете за да ги остварите своите цели. Не очекувајте почеток на нова врска денес. Ова не е поволен ден за вас на љубовно поле. Можна е појава на камен во бубрезите.
Технологија
Откриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима
Новооткриениот малвер „DroidLock“ моментално е насочен кон корисници во Шпанија и се шири преку измамнички фишинг веб-страници. По инсталацијата, користи лажни системски известувања и „ажурирања“ за да го заклучи екранот и да создаде чувство на итност, со цел жртвите да бидат принудени да стапат во контакт со напаѓачите.
Според Вишну Пратапагири, експерт за сајбер-безбедност од Zimperium, DroidLock е напреден ransomware кој целосно го онеспособува мобилниот уред. Иако не врши класична енкрипција на датотеки, неговите можности се далеку поопасни.
Малверот комуницира со командно-контролен сервер преку повеќе од десетина различни инструкции, што укажува на високо ниво на техничка сложеност. Со злоупотреба на администраторските привилегии, DroidLock може да го промени PIN-от, да го избрише уредот или трајно да го заклучи, оставајќи ја жртвата без пристап.
Особено загрижувачка е функцијата за кражба на чувствителни информации. Преку лажни преклопни екрани, малверот прибира шеми за отклучување, лозинки за апликации и други доверливи податоци, без знаење на корисникот.
DroidLock овозможува и далечински надзор — напаѓачите можат во реално време да го следат екранот, да управуваат со уредот преку VNC и да собираат податоци како лозинки, MFA кодови и приватна содржина. Истражувачите потврдија дека постои и можност за фотографирање преку предната камера.
Оваа закана е особено критична бидејќи мобилните телефони често претставуваат најслабата алка во корпоративната безбедност. Само еден клик на злонамерна врска може да резултира со целосна контрола врз уредот и сериозно нарушување на личните и деловните податоци.
Извор: vesti-online
-
Спорт2 дена(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
-
Хроника2 денаМаж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (14 декември)
-
Кичево1 ден(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
-
Хороскоп13 часаХороскоп за понеделник (15 декември)
-
Временска прогноза13 часаВременска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
-
Спорт13 часаРакометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
-
Технологија14 часаОткриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима
