Временска прогноза
Од денес и календарски е зима, од понеделник по студено со снег и силен ветер
Утре (недела 22.12.2024) ќе имаме краткотрајно стабилизирање на времето со утрински температури кои речиси насекаде ќе бидат под нулата, студено ќе остане и во текот на денот и со повеќе сонце.
Почнувајќи од понеделник 23.12.2024 па во деновите потоа под влијание на длабок циклон со центар над Средоземјето кој ќе биде поврзан со многу ладен воздух од север, ќе имаме нови обилни врнежи кои ќе бидат најмногу од снег, а особено во Повардарието и во крајните југоисточни предели ќе бидат од дожд, повремено од дожд и снег.
На планините и на Скијачките центри ќе има дополнително и големо зголемување на снежната покривка, и таа вкупно би можела со новиот снег да изнесува и над половина, до речиси еден метар снег.
– Снежна покривка ќе се формира и во повеќето градови во Македонија и тоа со висина од 5 до 10 сантиметри, а во западните и во источните предели локално од 10 до 20 сантиметри, понекаде можно е и до околу, па и над 30 сантиметри. Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до Скопје и околината, со овој нов голем влажен и ладен бран ќе има врнежи од дожд и од снег, а се очекува и формирање на снежна покривка, особено на околните планини и во повисоките предели од котлината. Формирање на помала снежна покривка се очекува и во делови од пониските предели од Скопската котлина. Повремено и во Скопскиот регион ќе дува засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие во текот на наредната седмица наутро на многу места ќе бидат под нулата, додека дневните максимални температури, исто така ќе се движат на многу места само за некој степен над нулата, или до околу нулата, додека во некои места тие и преку ден ќе останат под нулата, особено во оние повисоки населени места, планините, и секако Скијачките центри.
– Секако и да предупредам, со оглед на оваа настаната временска состојба, доколку од понеделник 23.12.2024, па во деновите потоа, поради очекуваните обилни врнежи од снег, препорачувам крајно да бидете внимателни особено вие возачите и тоа доколку патувате кон планинските превои каде секако ќе има многу снег и појава на голомразица. Исто така, на Скијачите им препорачувам да не се оддалечуваат од Скијачките центри, односно да не се движат кон поголеми надморски височини, и тоа поради намалената видливост која се очекува.
Исто така, од денес 21 декември (сабота) и официјално ни започнува Календарската Зима, и истата ќе си го покаже своето вистинско лице, и тоа како што доликува, информира Славчо Попоски
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Временска прогноза
Ни претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
Според она што можам денес да го изјавам за јавноста е тоа дека од ден 25 декември Католички Божик па во деновите потоа секако и за нова година ни претстои промена на синоптичката состојба над Европа, Балканот и Македонија.
Тоа значи дека на повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир кој ќе ни донесе вистинско зимско време баш за време на споменатиот период погоре.
Во ваква ситуација секако може да се очекува и снег.
– Се на се после овој подолг период на суво и натпросечно топло време за месец декември кончено може да се надеваме за надоаѓање на вистинската зима кај нас.
Следува најново ажурирање на прогностичките материјали па така од моја страна понатаму следува нова и по потреба обновена метео анализа токму околу ова, предмалку соопшти Славчо Попоски
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Временска прогноза
Временска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
Во текот на целата наредна седмица и тоа во периодот од 15 декември па се до 22 декември територијата на целиот Балкан и Македонија останува да биде под влијание на силниот Антициклон (Поле на висок воздушен притисок) кој се протега од југ и истиот условува да имаме температури значително над просекот за месец декември и стабилно и суво време без никави врнежи.
Сепак наутро останува да е ладно и на повеќе места температурите ќе се спуштаат за неколку степени под нулата па така се очекува појава на слана и на слаб мраз. Во ваква ситуација по котлините и по речните долини и понатаму особено во ноќните и во утринските часови ќе има појава на магла и на ниска облачност и таа повремено ќе биде густа и ќе условува намалена видливост.
Појава на магла и на ниска облачност особено во ноќните и во утринските часови ќе има и во делови од Скопската котлина.
Температурите пак како и до сега остануваат значително да бидат над просекот за месец декември и тие на повеќе места кај нас ќе надминуваат 10 степени а во југоисточните предели температурите ќе се искачуваат до околу 15 степени.
Во Скопје и околината наутро пак температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува до околу или ќе надминува 10 степени, доцна вечерва соопшти метеорологот Славчо Попоски
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Временска прогноза
Ладно на утро со температури под нулата
Влијанието на силниот Антициклон кој се протега од југ и кај нас условува да имаме стабилно суво и претежно сончево време со појава на магла и ниска облачност во дел од котлините ќе продолжи и за време на овој викенд. Сепак, температурите ќе бидат за неколку степени пониски за разлика од изминатите денови но и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
И во Скопје и околината за време на овој викенд ќе продолжи стабилното суво и претежно сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Во делови од колтината особено во утринските и во ноќните часови ќе има појава на магла и ниска облачност.
Викендов наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени а преку ден температурата ќе се искачува во интервалот од 7 до 14 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 9 и 11 степени, соопшти Славчо Попоски
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
-
Кичево3 часаСреќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
-
Кичево1 денПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (17 декември)
-
Култура1 денНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Македонија19 часаЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Временска прогноза2 часаНи претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
-
Хороскоп17 часаХороскоп за четврток (18 декември)
-
Магазин1 денГолема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато
