Следете не

Временска прогноза

Од денес и календарски е зима, од понеделник по студено со снег и силен ветер

Објавено пред

на

Утре (недела 22.12.2024) ќе имаме краткотрајно стабилизирање на времето со утрински температури кои речиси насекаде ќе бидат под нулата, студено ќе остане и во текот на денот и со повеќе сонце.

Почнувајќи од понеделник 23.12.2024 па во деновите потоа под влијание на длабок циклон со центар над Средоземјето кој ќе биде поврзан со многу ладен воздух од север, ќе имаме нови обилни врнежи кои ќе бидат најмногу од снег, а особено во Повардарието и во крајните југоисточни предели ќе бидат од дожд, повремено од дожд и снег.

На планините и на Скијачките центри ќе има дополнително и големо зголемување на снежната покривка, и таа вкупно би можела со новиот снег да изнесува и над половина, до речиси еден метар снег.

– Снежна покривка ќе се формира и во повеќето градови во Македонија и тоа со висина од 5 до 10 сантиметри, а во западните и во источните предели локално од 10 до 20 сантиметри, понекаде можно е и до околу, па  и над 30 сантиметри.  Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до Скопје и околината, со овој нов голем влажен и ладен бран ќе има врнежи од дожд и од снег, а се очекува и формирање на снежна покривка, особено на околните планини и во повисоките предели од котлината. Формирање на помала снежна покривка се очекува  и во делови од пониските предели од Скопската котлина. Повремено и во Скопскиот регион ќе дува засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие во текот на наредната седмица наутро на многу места ќе бидат под нулата, додека дневните максимални температури, исто така ќе се движат на многу места само за некој степен над нулата, или до околу нулата, додека во некои места тие  и преку ден ќе останат под нулата, особено во оние повисоки населени места, планините, и секако Скијачките центри.

– Секако и да предупредам, со оглед на оваа настаната временска состојба, доколку од понеделник 23.12.2024, па во деновите потоа, поради очекуваните обилни врнежи од снег, препорачувам крајно да бидете внимателни особено вие возачите и тоа доколку патувате кон планинските превои каде секако ќе има многу снег и појава на голомразица. Исто така, на Скијачите им препорачувам да не се оддалечуваат од Скијачките центри, односно да не се движат кон поголеми надморски височини, и тоа поради намалената видливост која се очекува.

Исто така, од денес 21 декември (сабота) и официјално ни започнува Календарската Зима, и истата ќе си го покаже своето вистинско лице, и тоа како што доликува, информира Славчо Попоски

Временска прогноза

За вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември

Објавено пред

на

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на потопла воздушна маса од југ, во Македонија продолжува периодот на стабилно и суво време со температури кои ќе бидат значително над просекот за месец декември и тие ќе бидат повисоки од просечните за декември за околу па дури и за повеќе од 10 степени.

Ветерот ќе ја намали својата брзина следните денови и ќе биде претежно тивко. Наутро и повторно во вечерните и во ноќните часови по котлините ќе има појава на магла и на ниска облачност и токму на овие места температурите преку ден ќе останат пониски.

Кога сме кај температурите, тие во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17/18 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 10 или малку под 10 степени и тоа поради очекуваната магла и ниска облачност во Скопската колтината температурата ќе биде пониска за разлика од другите места во Македонија.

Наутро пак ќе биде релативно ладно и температурите на повеќе места ќе се спуштаат до близу 0 степени а во делови од Македонија тие ќе се спуштаат и за неколку степени под нулата особено на повисоките населени и на планинските места.

Кога сме кај вистинската зима и кај снегот, токму ова сценарио и понатаму го немаме на видик што значи дека за зима и за снег и понатаму ќе си чекаме, соопшти Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Се менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Температури за околу па и за повеќе од 10 степени повисоки од просечните за месец декември следната седмица ќе го зафатат целиот Балкан вклучувајќи ја и Македонија и ќе донесат високи температури на воздухот кои ќе бидат пролетно високи. Во делови од Балканот и во Македонија температурите ќе се искачат дури и до 20 степени а можно е тие да надминат и 20 степени. Врнежи не очекувам следната седмица што значи дека ќе имаме многу посуво и стабилно време.

Следната седмица целиот Балкан и Македонија ќе бидат под влијание на висок воздушен притисок и на топла воздушна маса од југ (Антициклон) и токму ова ќе услови да ги имаме овие невообичаено високи температури на воздухот за месец декември. Сепак во ваква ситуација по котлините ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност која во дел од котлините ќе се задржи и во текот на целиот ден па во овие котлини и температурите преку денот ќе останат пониски.

Невообичаено топло за месец декември ќе биде во најголем дел од Европскиот Континент и без врнежи.

Според она што можам да го кажам сега снежни врнежи и вистинска зима не треба да очекуваме дури до 20 декември, тоа значи дека за снегот и за вистинската зима и понатаму ќе се изначекаме, подвлече Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Врнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на голем влажен бран од југ денес (петок 5 декември) времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд насекаде кај нас и истите ќе бидат обилни особено во јужните предели од Македонија каде локално за 24 часа ќе наврнат над 40 литри дожд. На планините пак над 1700/1800 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. И во Скопје и околината денес (Петок 5 декември) времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 9 степени.

Поради очекуваните обилни врнежи, целата територијата на Македонија ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза, а југоисточните предели ќе се наоѓаат во портокалова предупредувачка фаза поради очекуваните обилни врнежи од дожд. Исто така, поради обилните врнежи од дожд повторно се очекува зголемувања на нивоата на реките и на езерата кај нас, особено во јужните предели каде се можни и нови локални поплавувања.

Апелирам поради можните нови поплавувања особено возачите да внимаваат како управуваат со своите возила, односно тие да не се движат покрај водотеците, соопшти Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Фото: Windows @ unsplash Фото: Windows @ unsplash
Магазин24 минути

Доаѓа ново големо ажурирање за Windows 11 — еве ги сите новости

• Мајкрософт ја продолжува стратегијата за 2025 година, која ја нарече „година на освежување на компјутерите со Windows 11“. Целта...

Магазин31 минута

Водич за купување ChatGPT со вештачка интелигенција

• OpenAI ја претстави новата функција „истражување на пазарување“, создадена за да им помогне на корисниците при празничното пазарување. Функцијата...

Фото: Mariia Shalabaieva @ unsplash Фото: Mariia Shalabaieva @ unsplash
Магазин33 минути

Nvidia ја прогласи Huawei за најсилна технолошка компанија во историјата

• Јенсен Хуанг истакна дека Huawei е најмоќната технолошка компанија досега, со исклучителни можности во вештачка интелигенција и хардвер. Не...

ФОТО: Unsplash.com @ Anh Nhat ФОТО: Unsplash.com @ Anh Nhat
Магазин34 минути

Телефоните на Samsung добиваат голема реконструкција: Започна бета-програмата One UI 8.5

Samsung ја претстави бета-програмата One UI 8.5, која им овозможува на корисниците да ја тестираат новата верзија на интерфејсот пред...

Кичево2 часа

Ноќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) соопшти дека ноќеска, во 01:23 часот, во Македонија е забележан земјотрес со јачина од 2 степени...

Временска прогноза3 часа

За вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на потопла воздушна маса од југ, во Македонија продолжува периодот на стабилно...

На денешен ден4 часа

Времеплов: На денешен ден (9 декември)

На денешен ден 9 декември, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед...

Кичево5 часа

Кнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните

Свети Ѓорѓија, еден од најпочитуваните светители на православната црква, се слави како посен празник од сите верници со православна вероисповед....

Свет13 часа

Тлото на Јапонија не престанува да се тресе, регистриран нов силен земјотрес од 6,3 степени според Рихтер, првиот беше со јачина од 7,6 степени

Денес, во 22:52 часот, беше забележан нов земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтерова скала на јапонскиот остров Хокаидо....

Хороскоп14 часа

Хороскоп за вторник (9 декември)

ОВЕН Не се прикажува? ( Повеќе инфо ) Премногу очекувате од соработниците кои не размислуваат на ист начин како вас....

НАЈЧИТАНИ