Кичево
Од денес ќе биде пуштена во употреба делницата Охрид-Кичево кај „Петља“ до Подмоље која беше затворена поради градежни работи
 
																								
												
												
											СВР Охрид ги информира граѓаните дека денеска од 11 часот, пред истекот на дадениот рок, за редовен сообраќај ќе биде пуштена во употреба делницата од магистралниот пат Охрид-Кичево, на потегот сообраќајна клучка „Петља“ до Подмоље која, поради градежни работи, од минатиот месец, беше затворена за сообраќај.
Со тоа престанува да важи задолжителниот времен режим за сообраќај и задолжителното пренасочување на сообраќајот по стариот пат Охрид-Струга.
Апелираме до возачите на внимателно управување со своите моторни возила и прилагодување на брзината спрема состојбите и условите на патот, за нашиот медиум известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
 
														На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево.
Претходно, во атарот на кичевското село Староец, ловочувар од ловечко здружение „Елен“ од Кичево го затекнал А.З. при незаконит лов и додека пукал кон диво животно од пушка „Маузер“, калибар 7,9 милиметри.
По насоки на јавен обвинител, одземена му е пушката и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 228 од кривичниот законик – „незаконит лов“, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
 
														Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“. Предводник на оваа манифестација, заедно со здружението е Алексо Тришоски.
Музичкиот настан е закажан со почеток од 18:00ч (сабота) 25.10.2025 г, додека влезница за овој настан ќе чини симболични 100 денари.
Бидете дел, да бидеме хумани, да помогнеме!

Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“
 
														Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
- 
																	   Хороскоп1 ден Хороскоп1 денХороскоп за среда (29 октомври) 
- 
																	   Македонија23 часа Македонија23 часаМВР: Кривична пријава против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“ 
- 
																	   Хороскоп10 часа Хороскоп10 часаХороскоп за четврток (30 октомври) 
- 
																	   Македонија19 часа Македонија19 часаДополнете гориво, ноќеска дизелот солидно поскапува, додека бензините остануваат со непроменета цена за литар 
- 
																	   Магазин2 дена Магазин2 денаИлон Маск ја претстави својата верзија на Wikipedia — Grokpedia 
- 
																	   Lifestyle2 дена Lifestyle2 денаКако да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии 
- 
																	   На денешен ден2 дена На денешен ден2 денаСветот на денешен ден (28 октомври) 
- 
																	   Магазин2 дена Магазин2 денаWhatsApp и Messenger воведуваат заштита од измами насочени кон постари лица 

 
								 
 
 
 
									 
																			 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																			 
 
 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														