Занимливости
Од „НАСА“ известуваат дека астероид со големина на „автобус“ во 6 јануари ќе се приближи до Земјата
Според американската вселенска агенција НАСА, астероидот 2014 YE15, првпат откриен во 2014 година, на 6 јануари ќе се приближи до Земјата на оддалеченост од околу 7.400.000 километри.
Иако НАСА смета дека објектите поголеми од 150 метри кои се приближуваат до Земјата на растојание од 7,5 милиони километри се рачунаат за „потенцијално опасни“, овој седум метри широк или астероид „со големина на автобус“ не се смета за голема закана.
Крајот на годината ќе биде обележан со навидум поголема опасност која поминува од вселената, бидејќи на 29 декември астероид широк околу 149 метри ќе се приближи многу поблиску до Земјата, на 3.540.000 km.
Астероидите се појавуваат во релативна близина на планетата на секои неколку дена, а НАСА ги следи нивните движења и редовно ја ажурира листата.
Сепак, тоа не значи дека тие можат да се игнорираат. Дури и малите можат да предизвикаат проблеми, бидејќи во 2013 година, астероид широк 20 метри експлодираше над Челјабинск во Русија, ослободувајќи ја истата енергија како околу 26 до 33 експлозии на атомски бомби. Оштетени се неколку згради, а околу 1.500 лица се згрижени поради повредите предизвикани од експлозијата.
Извор: b92.net
Занимливости
Мрсната коса бара секојдневна грижа и одржување
Брзото мрсење на косата е чест и непријатен проблем што им создава грижи на многумина. Одржувањето на ваквата коса често знае да биде вистински предизвик. Иако на пазарот има бројни производи наменети за мрсна коса, не секој делува исто кај сите. Затоа, домашниот шампон може да биде едноставно и природно решение за оние кои сакаат да ја намалат мрснотијата и повторно да ѝ го вратат здравиот изглед на својата коса.
Со редовна употреба на овој природен шампон, косата ќе се масти поретко и ќе изгледа посјајна и свежа.
Рецепт:
Измешајте сода бикарбона и вода во сооднос 1:3, односно на една мерка сода додадете три мерки вода.
На пример, за коса до рамена доволни се две до три кафени лажички сода бикарбона.
Смесата нанесете ја на сува или влажна коса, почнувајќи од коренот кон врвовите, и оставете да делува една до две минути. Потоа добро исперете со вода.
Потоа подгответе раствор од оцет (вински или алкохолен) и вода во однос 1:4. За поблаг мирис, може да додадете неколку капки етерично масло по ваш избор. Со оваа смеса исплакнете ја косата, а потоа повторно исперете со вода.
По ваквата нега, косата ќе биде чиста, мека и ќе има природен сјај.
/taratur
Занимливости
„Астероидот 2025 PM“ безбедно прелета покрај Земјата
Астероидот кој беше откриен годинава, безбедно прелета покрај Земјата на растојание од околу еден милион километри — што е над два и пол пати подалеку од оддалеченоста на Месечината.
Според Лабораторијата за сончева астрономија при IKI RAN, најновите набљудувања овозможија попрецизно да се утврдат неговите димензии. Се покажало дека астероидот има дијаметар од приближно 53 метри, што е малку повеќе од првичните проценки. Неговата орбита е темелно проучена и не постои ризик од судир со Земјата.
Минувањето се случи денеска во 11:03 часот по средноевропско време, точно како што беше предвидено.
Во втората половина на септември се очекува уште едно блиско прелетување: астероидот 2025 FA22, со дијаметар од околу 200 метри, ќе помине на слична оддалеченост од околу еден милион километри. Иако не претставува непосредна закана, астрономите внимателно го следат поради неговата големина, со што тој се вбројува меѓу потенцијално опасните објекти, пишуваат светските медиуми.
Занимливости
Во Македонија возиме драстично поевтино гориво за разлика од соседството?
Во следната недела во соседна Србија, цената на дизелот ќе биде пониска, имено литар еуродизел чини 192 динари, додека цената на бензинот е 178 динари. Во наша валута на македонски денари, тоа значи дека во Србија литар дизел до следниот петок ќе се продава за 101 денар, додека бензинот 93,50 денари.
Ако го споредиме со износите од минатата недела, еуродизелот поевтини за еден динар, додека цената на литар бензин остана иста.
Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта малку се зголеми на 66.839 долари, а цената на нафтата Брент падна на 66.546 долари.
Кај нас моменталната цена на еуродизелот е 68,50 ден/лит, додека бензинот (95 октани) на малопродажните објекти се продава за 74,50 ден/лит, а (98 октани) за 76,50 ден/лит.
-
Кичево2 дена„ЕВН КЕЦ Кичево“ најави прекин на електрична енергија на овие локации, работите на терен се планирани за вторник и четврток
-
Кичево21 час(ФОТО) Кичево: Се работи во населба „Иванидол“, чекор по чекор до реализација на сите ветувања за подобар по квалитетен живот за сите граѓани
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (18 ноември)
-
Македонија2 денаПоскапи нафтени деривати од ноќеска, ова е новата цена за источен литар
-
Хороскоп9 часаХороскоп за среда (19 ноември)
-
Спорт2 денаВажен натпревар, врвен судиски тим. Макеле ќе биде главен судија на Македонија – Велс во Кардиф
-
Временска прогноза24 часаВо овој момент се формира влажен бран кој носи обилен дожд и невреме!
-
Македонија2 денаНелегално ја преминал границата „Ќафасан“, потоа превезувал огревно дрво без таблици и без документација
