Временска прогноза
Од недела нашата територија ќе биде изложена на нов ладен и влажен бран, ова се информациите

Во недела на 2 март нашата територија повторно ќе биде зафатена од нов ладен и поголем влажен бран кој ќе услови пообилни врнежи кои во градовите ќе бидат претежно од дожд, додека на повисоките места и на планините (до околу 1000 метри надморска височина) врнежите ќе бидат од снег.
Снежната граница, особено во северните и во северозападните предели се очекува да се спушти и под 1000 метри, па така, појава на повремен снег во овие предели ќе има и во дел од повисоките населени места. Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието.
И во Скопскиот регион со овој ладен и влажен бран од север ќе има врнежи од дожд, а на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Не се исклучува можноста послаби врнежи од снег во недела на 2 март да има и во дел од повисоките предели од котлината. Повремено и во Скопје ќе дува засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие во недела на 2 март позначителнои ќе опаднат и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Најава за пороен дожд од утре, температурите би се спуштиле за половина од достигнатиот максимум од минатата седмица

Под влијание на фронтална долина со поладен воздух на висина, во Македонија следува променливо и нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
– Денес (вторник 29 јули) повремено ќе дува засилен ветер, во западните предели од западен, а долж Повардарието од северен правец.
Нестабилно на повеќе места со врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со силен ветер и со услови за појава на град ќе биде во текот на утрешната ноќ (среда кон четврток 30/31 јули) како и во четврток (31 јули) во текот на денот.
Локално ќе има пообилни врнежи па така локално ќе наврнат над 15 литри дожд на метар квадратен.
И во Скопскиот регион за време на погоре споменатиот период ќе биде нестабилно со повремен локален дожд, услови за појава на грмежи како и со повремено засилен ветер од северен правец. Поголеми услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на краткотрајно невреме ќе има во четврток (31 јули).
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 23 степени, додека максималните дневни температури на воздухот кај нас ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.
Во Скопје наутро температурата ќе се спушта до околу 20 степени, а максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот помеѓу 30 и 32 степени.
– Апелирам во случај на појава на невреме и на електрични празнења во следниот период, да се избегнува претстој на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните да ги заштитат слоите автомобили, односно, истите да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Сепак летните температури ќе попуштат, еве кога ќе имаме заладување

Од понеделник (28 јули) во нашата Република Македонија, и тоа поради продор на значително посвеж воздух од север, ќе имаме значително освежување на времето, проследено со повремено засилен ветер од северен правец и пад на температурите на воздухот и за повеќе од 10 степени во споредба од оние кои ги имаме сега.
Од понеделник (28 јули) на многу места низ нашата Македонија температурите ќе бидат под 30 степени, а само во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе бидат за неколку степени над 30 степени, што значи дека ќе имаме многу пријатно време, односно посвежо време.
Уште посвежо пак ќе биде во ноќните и во утринските часови кога минималните температури во нашата Македонија ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 19 степени во Повардарието, односно во најтоплите предели од Македонија.
Исто така, следната седмица локално и повремено ќе има развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност, а не се исклучува можноста и за локална појава на краткотрајно невреме со силен ветер и со појава на град, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски: Од утре се очекува брз продор на посвежа воздушна маса од север

По денешниот стабилен, суво, сончев и могу топол ден со максимални температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39, додека во Скопје максималната дневна температура денес (среда 16 јули) ќе се искачи до околу 36 степени.
Веќе поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, утре (четврток 17 јули) во попладневните и во вечерните часови повремено ќе дува засилен ветер, во западните предели од западен правец, додека особено во Повардарието ветерот ќе биде од северен правец. Во попладневните и во вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Особено поинтензивни атмосферски процеси ќе имаме во северните и во источните предели од нашата Република Македонија.
И во делови од Скопскиот регион утре (четврток 17 јули) во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме со силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
Утре (четврток 17 јули) и понатаму температурите ќе бидат без поголеми промени, односно останува многу топло, додека во петок (18 јули) температурите ќе бидат пониски од сегашните за 4 до 6 степени, и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени, а во Скопје максималната температура во петок (18 јули) ќе се искачи до околу 30 степени.
Поради очекуваното невреме утре (четврток 17 јули) апелирам на поголема внимателност кај граѓаните, односно, во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, односно да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени, информира Славчо Попоски
-
Хроника2 дена
ЖАЛНА ВЕСТ: Душко Чифлиганец ја загуби битката за својот живот откако настрада во фатална сообраќајна незгода на мотоциклистичка трка во Чешка
-
Кичево19 часа
Викендов во Кичево СВР Охрид и ОВР Кичево реализираа „Соседска патрола“
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (4 август)
-
Кичево14 часа
(ФОТО) Во с. Челопеци кичевско изгаснат бил избувнат пожар на стрниште речиси до живеалишта
-
Македонија18 часа
Предмалку земјотрес регистриран во западна Македонија, кај Тетово
-
Македонија2 дена
СВР Охрид истакна детали за приведувањето на српскиот пејач
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за вторник (5 август)
-
Македонија1 ден
Кичево, 122 година од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година, симбол на храброст и пожртвуваност