Следете не

Временска прогноза

Од недела па натаму повторно зголемување на облачноста и нови врнежи од дожд

Објавено пред

на

Утре и тоа особено долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен праве, додека од недела па натаму ќе има повторно зголемување на облачноста и ќе има појава на повремен локален дожд.

Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Во Скопје и околината утре и во сабота времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека од недела ќе има повторно зголемување на облачноста и ќе има услови за повремен дожд.

Температурите во текот на следните денови ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 17 степени, за Еспресо.мк пишува метео прогнозерот Славчо Попоски

Временска прогноза

Невообичаено високи температури со можност за локално невреме

Објавено пред

на

Нашата територија се наоѓа под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира од северните предели на Африка, и истата условува натпросечно високи температури.

Од денес, па во следните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево во претпладневните часови, додека во попладневните и вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите можно е да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Температурите нема многу да се менуваат во споредба со сегашните и ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени. Мал пад на истите ќе има во понеделник, но потоа температурите ќе бележат тенденција на уште поголем пораст и во најтоплите предели од државава во текот на следната недела температурите се очекува да надминат 35 степени.

Автор: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Предвреме летни температури, ова се најновите детали

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево и МНОГУ ТОПЛО со слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе се искачи до околу 31 степен. Потоа од утре па во следните денови во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а има услови и за локална појава на град.

Што се однесува до температурите, тие и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која продира од северните предели на Африка кон нашата држава остануваат МНОГУ ВИСОКИ и натпросечни за овој период од годината.

Мал пад на истите се очекува во понеделник, но потоа повторно ќе бележат тенденција на уште поголем пораст и во најтоплите предели од државава температурите се очекува да се искачат дури и над 35 степени – за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски. 

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Шпанија се подготвува за температури од 42 степени

Објавено пред

на

Температурите во делови од јужна Шпанија утре ќе надминат 42 степени, додека топлотниот бран со „вонреден интензитет“ ќе донесе правливо небо, зголемен ризик од шумски пожари и топли услови кои се почести во средината на летото отколку во средината на мај.

Шпанската влада започна национален план за екстремни температури, откако метеоролошката агенција Аемет предупреди дека овој мај во Шпанија ќе биде еден од најтоплите во изминатите неколку години, објави „Гардијан“.

Аемет додаде дека воздушната маса на топол и сув воздух пристигнува од Африка, а со себе носи прашина од Сахара и „исклучително високи“ дневни температури, кои се за 10 до 15 степени над сезонскиот просек.

„Најновите податоци од метеоролошките модели го потврдуваат силниот интензитет на овој топлотен бран“, изјави портпаролот на Аемет, Рубен дел Кампо.

Тој додаде дека за Шпанија ова може да биде најинтензивниот топлотен бран во мај во последните 20 години.

Најтопло ќе бидат петок и сабота, а потоа во недела ќе има голем пад на температурата.

Метеорологот соопшти дека температурите во Андалузиската долина денеска би можеле да надминат 40, а утре 42 степени.

„Дури и топлотниот бран да се смири некаде, во североисточната долина Ебро повторно би можеле да се измерат температури од 40 или повеќе степени. Тоа е нешто што не е забележано во овој период“, додаде Дел Кампо.

Шпанија ја забележа најтоплата температура досега во август, кога живата во термометарот во градот Монторо во Андалузија достигна 47,4 степени.

Дел Кампо ги предупреди граѓаните на „екстремен ризик“ од шумски пожари во јужните, централните и североисточните области и рече дека очекуваат нов облак од прашина.

„Се соочуваме со екстремна епизода и ризикот од високи температури ќе биде изразен во многу области“, рече Дел Кампо.

/rtv.rs/

 

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за понеделник (23 мај)

ОВЕН Денес Месечината кај Овенот ги истакнува деловните и личните односи што се сведуваат на одредени обврски и дискусии. Договорените...

Македонија12 часа

Вчера во СВР Охрид било пријавено дека жена паднала од зграда, која била итно пренесена во болница

На 21.05.2022 околу 13:20 часот во СВР Охрид, пријавено дека, на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид, од зграда паднала Н.К.Д.(29)....

Скопје18 часа

Полицијата не простува, вчера изрече дури 246 мерки

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На...

Временска прогноза20 часа

Невообичаено високи температури со можност за локално невреме

Нашата територија се наоѓа под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира од северните предели на Африка, и истата условува натпросечно високи...

На денешен ден1 ден

22 мај – На денешен ден

337.- Почина Константин I Велики, првиот римски император кој го прифатил христијанството во Римската империја. Во 325 година го свикал...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (22 мај)

ОВЕН Многу ќе зависи од еден од талентите што ги имате. Патувајте само ако тоа ќе ви помогне да започнете...

Култура1 ден

Кичевскиот храм Св.Апостоли „Петар и Павле“ организираат бесплатен превоз по повод свечената Божествена Литургија во Скопје

На 24.05.2022 година во вторник, ќе се одржи најсвечената Света Божествена Литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје...

Спорт1 ден

Златниот симбол и оригинален трофеј од FIFA World Cup™ денеска беше официјално презентиран во Скопје

Трофејот пристигна во Скопје како дел од турата на FIFA World Cup™ трофејот организирана од Coca-Cola. Златниот симбол на светското...

Технологија2 дена

Microsoft оптимисти дека токму сега Windows 11 е комплетен и подготвен за широка употреба

Помина речиси една година откако Microsoft официјално го претстави Windows 11, а компанијата дури сега верува дека овој оперативен систем...

Македонија2 дена

Со донација од ФФМ, се реконструираа спортски терени, игралиште за мал фудбал, систем за наводнување наменети за потребите на ЕБР

Министерот Спасовски во посета на реконструираните спортски терени во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“- Скопје, донација од Фудбалската федерација на Македонија...

НАЈЧИТАНИ