Временска прогноза
Од ноќеска брз продор на засилен ладен ветер, кој создава дополнителен проблем со пожарите

Вечерва, во текот на претстојната ноќ, и утре (четврток 10 јули) во текот на целиот ден, и тоа поради брз продор на ладен воздух од северозапад кај нас во Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Најсилен ветерот ќе биде во Повардарието.
И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час).
Што се однесува до температурите, тие до утре (четврток 10 јули) наутро ќе опаднат дури и за околу 15 степени во споредба од оние кои ги имавме до сега и тие до утре наутро ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени во најтоплите предели од нашата Македонија, односно во Повардарието.
Во Скопскиот регион до утре наутро температурата ќе се спушти до околу 15 степени.
Максималните дневни темпратури пак утре ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, во Скопје до околу 28 степени.
– Попоски апелира, во случај на појава на силен ветер, граѓаните да бидат внимателни каде и како се движат, поради тоа што силниот ветер можно е да создава и проблеми, истакна метеорологот.
Временска прогноза
(ФОТО) „Стража“ почна да белее, апел за поголемо внимание, еве какво време нè очекува овие денови

Под влијание на циклонска активност и на многу ладна воздушна маса која од исток и од североисток, односно од Русија која се спушта кон нашиот дел од Европскиот Континент, до крајот на денов како и утре (петок 3 октомври) времето во Македонија ќе биде облачно и невообичаено ладно за самиот почеток на месец октомври со врнежи од дожд кои во најголем дел ќе бидат обилни и ќе наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен, локално и над 60 литри дожд на метар квадратен. Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец.
На повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег и на планините ќе се формира првата сериозна снежна покривка за оваа сезона (над 50/60 сантиметри снег). Поради заладувањето понатаму повремени врнежи од снег ќе има и во дел од повисоките градови во западните и во северните предели од нашата Македонија.
Во Скопје и околината во погоре споменатиот период исто така ќе биде невообичаено ладно за самиот почеток на месец октомври а ќе дува и повремено засилен ветер од северен правец. Времето ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд а на околните планини и повисоки места од Скопје ќе има врнежи од снег. Во Скопскиот регион очекувам локално да наврнат над 30/40 литри дожд на метар квадратен а на околните планини ќе се формира снежна покривка.
Што се однесува до температурите тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени а утре (петок 3 октомври) ќе биде уште поладно со максимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 9 степени. На планинските и високите места температурите ќе бидат под нулата и ќе има појава на мраз.
Апелирам доколку патувате низ планинските превои задолжително да понесете со себе зимска опрема и да бидете крајно внимателни како управувате со своите возила, и тоа поради појавата на мраз и обилните врнежи од снег, утрово истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Дожд, студено време и снег, метеоролозите предвидуваат промена на времето и заладување!

Под влијание на Средоземен циклон кој секундарно ќе се формира и ќе влијае на времето во Република Македонија и тоа уште од денес (среда 1 октомври) почнувајќи од вечерните часови и ноќта кон утрешниот ден (четврток 2 октомври) и во текот на целиот утрешен ден четврток како и во петок (2 и 3 октомври) условувајќи облачно време со обилни врнежи од дожд насекаде во Македонија.
Во најголем дел од Македонија ќе наврне големо количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен а локално дури и над 60 литри дожд на метар квадратен).
Во исто време од исток и од североисток, во Македонија ќе продира многу ладен воздух, невообичаен за самиот почеток на октомври и ќе услови засилен ветер од северен правец и многу ниски температури на воздухот. Токму поради ова на планините и на повисоките места врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег со што ќе се формира првата сериозна снежна покривка за оваа сезона. На планините, особено оние планини со поголема надморска височина локално ќе се формира снежна покривка дури од над 50/60 сантиметри снег.
Поради понатамошно заладување ноќта четврток кон петок како и во петок (3 октомври) снежната граница ќе се спушти и под 1000 метри надморска височина, па така врнежи од снег ќе има и во дел од повисоките градови особено во западните и во северните предели од Република Македонија.
И во Скопје и околината за време на погоре споменатиот период ќе има обилни врнежи од дожд а на околните планини и повисоки места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и ќе дува засилен ветер од северен правец. И во Скопје и околината ќе има големо заладување на времето.
Што се однесува до температурите, тие во четврток (2 октомври) ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени а во петок (3 октомври) тие ќе бидат уште пониски и ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 9 степени. На повисоките и планинските места температурите ќе бидат под нулата и ќе има појава на мраз.
– Се на се пред нас е права зима уште во првите денови од месец октомври и температурите ќе бидат потпросечни дури и за повеќе од 10/15 степени што е премногу. Подгответе ја топлата облека и зимските гуми на возилата, и секако бидете крајно внимателни доколку патувате низ планинските превои и тоа поради очекуваните обилни врнежи од снег и снежната покривка, но и поради очекуваната појава на мраз поради минусните температури на воздухот, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Почеток на месец октомври ќе се соочиме со ладен зимски бран од исток, проследен со врнежи од дожд, а на високите места снег

Во четврток и во петок (2 и 3 октомври) Македонија но и целиот регион ќе биде зафатен од зимски ладен бран од исток и од североисток, односно од Русија. Ќе дојде до формирање на секундарен циклон над Медитеранот и тој ќе услови да имаме многу обилни врнежи од дожд кои полека ќе преминуваат во снег на повисоките места и на планините каде ќе дојде до формирање на првата и посериозна снежна покривка за оваа сезона.
Според она што можам да го кажам во моментов и според најновите излези на прогностичките материјали, на 2 и на 3 октомври снежната граница во Македонија ќе се спушти дури и на помала надморска височина (локално под 1000 метри).
– Снег на 2 и на 3 октомври можеме да очекуваме и во повисоките населени места, па дури и во дел од градовите во западните и во северните предели од Република Македонија.
Следува целосна и детална метео анализа токму околу овој зимски бран во првите денови од месец октомври, утрово истакна Славчо Попоски.