Следете не

Македонија

Од ноќеска дизелот со нова покачена цена, бензините остануваат исти

Објавено пред

на

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.11.2024 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.11.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 68,00 ден/лит,  додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 42,985 ден/кг.

Македонија

МВР: Гласањето се одвива мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонски броеви 192 или 112

Објавено пред

на

Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир.

Во 09:00 часот на улица „Дабничка“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп, во врска со кривично дело „поткуп при избори и гласање“, ги лишија од слобода Б.Х.(72) и Д.С.(36), двајцата од Крушево. Во врска со истиот настан, во Полициската станица Прилеп повикани се С.А.(28), М.А.(31), Ш.А.(40), Д.А.(22) и Џ.А.(36) од Крушево, со престој во Прилеп. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Регистрирани се неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе места, но по преземени мерки до овој момент не се потврдени наводите од пријавите.

МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонски броеви 192 или 112.

Прочитај повеќе...

Македонија

Нов случај со измама за наводно случена сообраќајка, каде побарана била изнуда од висока сума на пари за итна операција

Објавено пред

на

На 16.10.2025 во 17:20 часот во СВР Скопје, 71-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена за сума од 36.300 евра. Според пријавеното, едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа и е тешко повредена и дека треба да плати за да се направи итна операција.

Како што е пријавено, таа повторно била контактирана телефонски, овојпат од лице кое се претставило како лекар и кое и посочило каде да ги остави парите.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираше МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

МВР: Во целост ја гарантираме безбедноста на граѓаните во насока на спроведување на фер и демократски „Локални избори 2025“

Објавено пред

на

©porta.mk

Министерството за внатрешни работи во пресрет на „Локални избори 2025“ континуирано презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес.

Согласно направените проценки и воспоставените планови на денот на изборите полициските службеници ќе бидат присутни во близина на локациите на избирачките места, како и на клучните сообраќајни точки, со цел зголемена ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир.

Безбедноста на граѓаните ќе биде гарантирана со стандардните материјално технички средства, мобилни тимови и пунктовско работење, а ќе се користи и современа технологија – дронови за воздушна контрола со цел побрза реакција и преземање на соодветни мерки и активности во случај на инциденти.

МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера, да ги почитуваат упатствата на полициските службеници и да се воздржат од било какви активности кои би можеле да го нарушат изборниот процес.

Во текот на изборниот ден, МВР соодветно ќе ја информира јавноста за одвивањето на изборниот процес, известија од МВР.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Фото: Fredrick Tendong @ unsplash Фото: Fredrick Tendong @ unsplash
Гејминг1 час

Battlefield 6 продаде над 7 милиони примероци за само три дена

Најновото издание од популарната франшиза Battlefield постигна неверојатен успех — над 7 милиони продадени примероци во првите три дена од...

Фото: Nick Collins @ unsplash Фото: Nick Collins @ unsplash
Lifestyle1 час

5 причини да јадете тиква: Ако сакате да ослабете, подгответе ја вака

Тиквата е една од најздравите есенски намирници, богата со хранливи состојки и корисна за целото тело. Сè што треба да...

Фото: Mara Cotta @ pexels Фото: Mara Cotta @ pexels
Lifestyle1 час

Со топол леб или палачинки: Овој џем од јаболка ќе стане вашето омилено есенско откритие

Кога мирисот на свежо сварен џем од јаболка ќе се прошири низ кујната, тешко е да се остане рамнодушен. Овој...

Фото: Windows @ unsplash Фото: Windows @ unsplash
Магазин1 час

Сакате Windows 11? Microsoft го направи достапен за сите!

Microsoft официјално објави дека новата верзија Windows 11 25H2 сега е достапна за сите корисници на Windows 10 и за...

Фото: Laurenz Heymann @ unsplash Фото: Laurenz Heymann @ unsplash
Магазин1 час

Apple го претстави првиот M5 чип

Американскиот технолошки гигант Apple официјално го претстави својот најнов M5 чип, кој ќе го движи следниот бран на уреди, вклучувајќи...

Временска прогноза3 часа

Пред нас период на суво време и значително топло

Во почетокот од новата работна недела, односно во понеделник и во вторник (20/21 октомври) времето во Македонија ќе биде стабилно,...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за понеделник (20 октомври)

Овен Дневниот хороскоп ви предвидува огромен наплив на енергија и креативност во средината на денот, одеднаш ќе можете да го...

Македонија22 часа

МВР: Гласањето се одвива мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонски броеви 192 или 112

Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. МВР презема мерки и...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (19 октомври)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Социјални мрежи2 дена

„Мeta“ ја гаси оваа верзија на „Messenger“

Мета потврди за Engadget дека десктоп апликациите на Messenger за macOS и Windows ќе бидат целосно исклучени на 15 декември....

НАЈЧИТАНИ