Македонија
Од ноќеска дизелот со нова покачена цена за литар
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,36 % во однос на одлуката од 23.05.2022 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,323 ден/кг и изнесува 54,640 ден/кг.
Од 31.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 95,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 97,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 86,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 84,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,640 (денари/килограм)
Македонија
Жена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
На 07.12.2025 во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од ул. „7 Ноември“ со ул.„Васил Главинов“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната Л.Т. од с.Лескоец, охридско и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник Н.И.(26).
Во незгодата со телесни повреди се здобила Л.Т., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид, известуваат од МВР.
Македонија
ПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
Денеска (08.12.2025) во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници од, Полициската станица Франгово, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, од слобода го лишија А.Т.(46) од Поградец, Република Албанија.
При преглед извршен во патничко возило „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал, пронајдени се три торби со 62 паковки со марихуана.
Известен е јавен обвинител, дрогата е одземена, а А.Т. е задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
-
Кичево1 ден„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Хороскоп1 денХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Хороскоп9 часаХороскоп за вторник (9 декември)
-
Здравје и убавина2 денаДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
-
Македонија12 часаЖена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
-
Македонија17 часаПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
-
Спорт11 часаАко не победат „Кралевите“ против Сити, клубот ќе го менува Алонсо, по незадоволството од поразот против Селта Виго?
-
Свет8 часаТлото на Јапонија не престанува да се тресе, регистриран нов силен земјотрес од 6,3 степени според Рихтер, првиот беше со јачина од 7,6 степени
