Македонија
Од ноќеска намалена цена на сите горива

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 05.08.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.08.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,00 ден/лит, известуваат од РКЕ.
Македонија
Возел мотор без возачка и со сообраќајна од друг мотор со измината важност

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(48) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.
Полициски службеници го затекнале пријавениот во Дебар како управувал мотоцикл без да поседува соодветна категорија за управување на мотоцикл, додека сообраќајната дозвола била со измината важност од друг мотоцикл, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Во прилепско пронајдени неексплодирани гранати од Прва светска војна

На 16.04.2025 во 13.16 часот во СВР Битола, О.С. од Прилеп пријавил дека на место викано „Сакира“ пронашол две неексплодирани гранати.
Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ги подигнал гранатите, при што на местото дополнително биле пронајдени уште 14 артилериски гранати калибар 105 мм. кои потекнуваат од Првата светска војна.
Македонија
МВР информира за работното време на Управните служби за претстојните Велигденски празници

Министерството за внатрешни работи во пресрет на претстојните Велигденски празници, ја информира јавноста дека утре (18.04.) сите Отсеци за управни работи при Одделот за управни работи на МВР, освен Одделението за управни работи Скопје ќе работат во периодот од 08:00 до 16:00 часот.
Одделението за управни работи Скопје, пак, односно неговите организациони единици утре (18.04) ќе работат со следниот временски распоред:
Пункт Пролет – двосменски од 07.30 до 19.30 часот; Пункт МТВ – двосменски од 07.30 до 19.30 часот, а со истиот распоред ќе работат и пунктовите во Беко и во Ѓорче Петров;
Пунктовите Драчево и Бутел ќе работат во една смена во периодот од 10.00 до 18.00 часот.
Притоа, ги известуваме граѓаните дека фотографирањето за лични документи ќе се врши без закажување на термин, а издавањето на документите ќе се одвива тековно.
Задутре пак (сабота 19.04.) ќе работат само шалтерите за издавање на лични документи во МТВ и Беко од 08:00 до 16:00 часот.
-
Кичево1 ден
Трагична сообраќајка со жртви кај кичевската месност „Сеферов бунар“
-
Кичево1 ден
Сообраќајна несреќа предмалку се случила на магистрален пат Кичево-Гостивар во близина на с.Зајас
-
Кичево20 часа
СВР Охрид со детали за стравичната сообраќајка во Кичево која одзеде три животи
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (19 април)
-
Култура2 дена
„Велики Петок“, најстрог пост, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле..
-
Македонија2 дена
Возел мотор без возачка и со сообраќајна од друг мотор со измината важност
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за недела (20 април)
-
Временска прогноза11 часа
Од понеделник повторно нашата територија под влијание на циклонска активност која носи обилен дожд и електрични празнења