Македонија
Од ноќеска ново намалување на цената на горивата
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.04.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 66,50 ден/лит, известуваат од РКЕ.
Македонија
АМСМ: Една коловозна лента во правец Охрид-Св.Наум има вода, сообраќајот се пренасочува по лева коловозна лента
Во 03.30ч непрооден патен правец Охрид-Св.Наум дел од стовариште „Митко“, десна коловозна лента во правец на Охрид околу 100м, има вода од околу 30см. УПС пренасочува сообраќај по лева коловозна лента.
На м.н. ТППЕ. Известени ЈП Македонија Пат, рано утрово известија од АМСМ.
Македонија
Државниот пазарен инспекторат изврши инспекциски надзори во пет градови, затекнати биле низа неправилности кај 16 правни субјекти кои продавале тутунски производи
Државниот пазарен инспекторат на ден 17.11.2025 година и 18.11.2025 година, изврши инспекциски надзори на територија на градовите Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга кај 23 правни субјекти кои вршат трговија на мало со тутун и производи од тутун.
При извршените инспекциски надзори кај 16 правни субјекти затекнати се количини на тутунски производи за кои правните субјекти не поседуваат документи за набавка од добавувач и ги немаат потребните ознаки акцизни марки.
Согласно законските надлежности, затекнатите производи во количина од над 3000 пакувања со вредност од над 1.000.000,00 денари се привремено одземени и предадени во Агенцијата за управување со одземен имот на Република Македонија.
За констатираните прекршоци, Државниот пазарен инспекторат постапувајќи согласно законските надлежности издаде прекршочни платни налози.
Државниот пазарен инспекторат, за констатираните неправилности достави известување и до другите надлежни институции, Царинската управа и Министерството за внатрешни работи за нивно понатамошно постапување.
Државниот пазарен инспекторат истакна дека ќе продолжи со спроведуведување на инспекциските надзори со цел утврдување и санкционирање на нелегалната трговија на територија на Република Македонија согласно законските надлежности. Акцијата е дел од посветеноста на Државниот пазарен инспекторат за борба против корупцијата и криминалот.
Македонија
Албански државјанин фатен на „Ќафасан“ со 332 парчиња риба белвица
На 18.11.2025 во 13:30 часот на Граничен премин Ќафасан, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Р.К.(59) од Република Албанија.
При гранична контрола и проверки во патничко возило „нисан“, со албански национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се 332 парчиња риба-белвица.
Тој е предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Струга за понатамошна постапка и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Магазин1 денПорака од возач на Брза Помош, почит за сите возачи, наши спасители!
-
Кичево22 часаЦУК со известување за изминатото деноноќие, во Кичево побарана била општинска интервенција во делот на ул. „Прилепска“
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (20 ноември)
-
Кичево2 дена„Македонски Завет“ организира хуманитарен концерт во НУЦК „Кочо Рацин“ со културно уметнички друштва и естрадни уметници од Кичево
-
Хороскоп10 часаХороскоп за петок (21 ноември)
-
Македонија16 часаДржавниот пазарен инспекторат изврши инспекциски надзори во пет градови, затекнати биле низа неправилности кај 16 правни субјекти кои продавале тутунски производи
-
Временска прогноза2 денаДожд секаде, повремено ќе засилува југоисточен ветер, поради состојбата ќе растат условите за зголемување на нивоата на реките и на езерата
-
Без категорија8 часаЖолта предупредувачка фаза поради најавените обилни врнежи од дожд и силниот ветер, локално процесите ќе бидат во форма на невреме

