Следете не

Македонија

Од ноќеска ново поскапување на горивата, ова се новите цени

Објавено пред

на

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.09.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 88,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.09.2023 година и со тоа малопродажната цена ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 83,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 83,00 ден/лит.

Македонија

Важно известување од Мин.за здравство за претстојните денови

Објавено пред

на

Од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи се добиени информации дека на 11.06.2024 (вторник) и 12.06.2024 година (среда), територијата на градовите Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза.

Владата ги усвои препораките од Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението за територијата на градовите Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран, за деновите 11.06.2024 (вторник) и 12.06.2024 година (среда), согласно коишто е предвидено:

➡️ Ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно: бремените жени и лицата на возраст над 60 години;

➡️ Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;

➡️ Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица;

➡️ Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавачите на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Дополнително, информираме дека територијата на Скопскиот и Вардарскиот регион на 11.06.2024 и 12.06.2024 година ќе биде зафатена од високи температури од жолта фаза (алерт – подготвеност) и во продолжение потсетуваме на општите препораки за заштита на здравјето:

➖ Во текот на екстремно топли денови, да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.

➖ Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце заштитни очила и капа. За сончање да се користи крема со висок заштитен фактор.

➖ Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. Воедно, да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.

➖ При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.
Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката, а ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиусови и пред употребата истата да се загрее на + 100 степени. Се препорачува да се избегнуваат производи кои не се термички обработени.

➖ На хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Министерството за здравство заедно со Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството, во континуитет и на дневна основа ја следат состојбата и доколку има пораст на температурите согласно најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе бидат предложени соодветни превентивни мерки.

Извор: Интегрален текст на Мин.за здравство (Фејсбук)

Прочитај повеќе...

Македонија

Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Прилеп-Крушево-Сладуево поради градежни активности

Објавено пред

на

Од денес на сила стапува времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600.

Заради тие активности, од денес 07.06.2024 год, сообраќајот веќе се одвива според одобрен сообраќаен проект за времен режим на сообраќај, известуваат од АМСМ.

Прочитај повеќе...

Македонија

Бензинот од ноќеска со намалена цена, дизелот останува не променет

Објавено пред

на

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.06.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.06.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84,00 ден/лит,

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 73,00 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 72,00 ден/лит и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 43,209 ден/кг.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин12 минути

Никогаш не би погодиле: Дали знаете што значи зборот „Google“?

Google е основан во 1998 година од компјутерските научници Лари Пејџ и Сергеј Брин – но дали знаете што всушност...

Магазин15 минути

Apple објави нова листа на застарени уреди

Apple објави нова листа на уреди за кои ја прекинува поддршката. Меѓу нив беа iPhone 5S, 21,5″ iMac и шестата...

Технологија44 минути

„nVIDIA“ го престигна „Apple“ и стана втора највредна компанија во светот

Nvidia достигна рекордни височини и ја надмина границата од 3 трилиони долари. Со тоа го престигна Apple и стана втора...

Спорт1 час

На првиот контролен меч против Црна Гора, футсал Македонија победи, додека вториот се игра утре после пладне

Македонската А футсал репрезентација забележа победа на првиот контролен натпревар против Црна Гора. Дуелот одигран во Никшиќ мина во наша...

Култура2 часа

Денес е празник, денеска е „Спасовден“, четириесет дена по Велигден, ова се обичаите и верувања за овој голем празник

Празникот на Христовото вознесение – Спасовден спаѓа во големите христијански празници, се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за четврток (13 јуни)

ОВЕН Расположението на денот е чиста среќа, драги наши Овни! Уживате во плодовите на вашиот труд. Beе можете да се...

Кичево21 час

Утре со манифестацијата „Поетска Рацинова вечер“ ќе се одбележи патрониот празник на Центарот за Култура „Кочо Рацин“ – Кичево

По повод патрониот празник на Центарот за Култура „Кочо Рацин“ – Кичево, ќе се одржи манифестација „Поетска Рацинова вечер“ која...

Спорт21 час

Претставниците на ФФМ, Филип Поповски и Сашо Даневски дел од организацијата на „ЕУРО 2024“

Претставници на Фудбалската федерација на Македонија, Филип Поповски во улога на делегат на натпревари и Сашо Даневски, кондициски тренер на...

Временска прогноза1 ден

Сепак за утре најава за пороен дожд и грмежи?

Многу топло, но со сосема малку пониски температури за разлика од денес ќе се задржи и во текот на утрешниот...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за среда (12 јуни)

ОВЕН Ова е уште еден работен ден каде што сѐ ќе се одвива со поспоро темпо, најмногу поради фактот дека...

НАЈЧИТАНИ