Следете не

Македонија

Од ноќеска поевтинуваат горивата, Дизелот конечно со цена под 70 денари за литар, ова се новите цени по кои ќе возиме до следна промена..

Објавено пред

на

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,00 денари, на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 за 1,00, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 69,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 80,00, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 82,00 денари за литар.

Цената на Екстра лесното масло за домажинство не се менува и останува 68,00 денари.

Македонија

СВР Охрид: Армијата на Република Македонија ќе реализира тактичко-технички активности

Објавено пред

на

Во периодот од 09 до 11 јуни 2025 година, од 10 до 16 часот, на плажата „Бафало бич“ во близина на езерската полиција, припадници на Армијата на РМ ќе реализираат тактичко-технички активности.

Притоа, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското езеро, ќе употребат артифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема.

Сите активности во рамките на тактичко-техничките активности, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на полициската станица Охрид и полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ (Езерска полиција).

Апелираме до граѓаните, да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на овој значаен настан, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Македонија

На граница кај бугарин во возило пронајдени биле електрошок и солзавец, бил веднаш лишен од слобода

Објавено пред

на

На 04.06.2025 во 10.50 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Р.А.(37) од Република Бугарија затоа што при гранична контрола и проверка во патничко возило „нисан“ со германски национални ознаки, кое го управувал, пронајдени и одземени се електрошок и солзавец.

Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка, информира МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

(ФОТО) СВР Охрид одржа работилници на тема „Безбедност и правила за децата во сообраќајот“ со ученици од второ и трето одделение на основни училишта

Објавено пред

на

ФОТО: СВР Охрид

СВР Охрид во соработка со општинскиот Совет за превенција на детско престапништво и секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, во изминатите денови заклучно со вчера (02.06.2025), одржа повеќе работилници на тема – „Безбедност и правила за децата во сообраќајот“, наменета за учениците од вторите и третите одделенија од основните училишта: „Св.Наум Охридски”-Пештани со подрачните училишта од Коњско, Елшани и Трпејца, „Живко Чинго”- село Велгошти, „Ванчо Николески” – Лескоец со подрачните училишта од Косел и Куратица и „Кочо Рацин” со подрачното училиште од Лакочереј.

– Целта на работилниците беше, низ теоретски и практичен дел, со интерактивна презентација, на децата како најранлива група на учесници во сообраќајот да им се презентираат основните правила за безбедност во сообраќајот. Посебен акцент се стави на значењето на боите на семафорот, на правилното преминување на улица на пешачки премин, потоа на правилата при користење на средства за движење (велосипед или тротинет), како и за улогата на сообраќаецот во регулирање на сообраќајот, значењето на сообраќајните знаци.

Исто така, на импровизирана крстосница, беше демонстрирано како сообраќаец го регулира сообраќајот, при што учениците имаа можност со велосипеди да научат правилно да се движат на крстосница, почитувајќи ги дадените правила и знаци од страна на полицаецот.

По завршување на интерактивната презентација, за децата беше организиран мини квиз како форма за утврдување на нивните стекнати знаења за безбедност во сообраќајот и им беа поделени летоци и минимизирани сообраќајни знаци со содржини кои беа опфатени со работилницата, информираше портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија3 часа

СВР Охрид: Армијата на Република Македонија ќе реализира тактичко-технички активности

Во периодот од 09 до 11 јуни 2025 година, од 10 до 16 часот, на плажата „Бафало бич“ во близина...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за петок (6 јуни)

ОВЕН Можно е денес да бидете под голем притисок и да не ви биде лесно сите задачи да ги извршите...

Кичево17 часа

(ФОТО) ТППЕ Кичево: Се гаси дива депонија зад „Стара централа“

Дива депонија уште беснее во Кичево, во близина на местото викано „Стара централа“, односно непосредно до кичевското село Србјани. Четворица...

Македонија20 часа

На граница кај бугарин во возило пронајдени биле електрошок и солзавец, бил веднаш лишен од слобода

На 04.06.2025 во 10.50 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Р.А.(37)...

Скопје1 ден

За еден ден во Скопје изречени 180 мерки во областа на сообраќајот

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.06.2025) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (5 јуни)

ОВЕН Некој на работа врши притисок врз вас и приморани сте некои работи да ги завршите побрзо отколку што очекувавте....

Спорт2 дена

ФФМ на дечињата кои учествуваа во финалниот турнир во „Детската лига“ ќе им овозможи бесплатно да го следат мечот Македонија-Белгија од трибините на „Тодор Проески“

Фудбалската федерација на Македонија ќе им овозможи бесплатен влез на источната трибина на Националната арена „Тодор Проески“ на сите деца...

Хроника2 дена

При изведување градежни работи на автопат Кичево-Охрид од дрвена платформа паднал работник, жител на Кина

На 03.06.2025 во 07:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека, О.З.(52) од Кина, при изведување градежни работи на автопатот...

Временска прогноза2 дена

Попоски апелира за локална дестабилизација со пороен дожд, ова се информациите

Под влијание на фронтална долина со поладен воздух во висина која се наоѓа над нашиот дел од Европа, во Македонија...

Хороскоп3 дена

Хороскоп за среда (4 јуни)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

НАЈЧИТАНИ