Македонија
Од ноќеска поскапува 95-ката и дизелот, ова се новите цени
За половина денар поскапуваат Еуросупер БС-95, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, а цената на Еуросупер БС-98 останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новите цени на нафтените деривати ќе важат од полноќ.
Согласно одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 67,5 денари за литар, на дизелот 58,5 денари за литар, а Екстралесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 58 денари за литар. Цената на Еуросупер БС-98 останува 69 денари.
Македонија
Живот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
Во текот на вчерашната ноќ во село Воѓани, општина Кривогаштани се случил немил настан, пламените јазици ја опожарија до темел куќата на Јане Благадушоски, домаќин човек со добра душа. Преку нашиот медиум упатуваме апел до сите кои можат да помогнат финансиски оваа куќа да се возобнови за да може Јане да продолжи безгрижно да живее.
Т-ска сметка: 270700006540756
Банка: Халк Банка
Име и презиме: Јане Благадушоски
с.Воѓани / ул. Најдо Најдоски бр. 149
Да бидеме хумани, затоа што животот е непредвидлив, може секого да го доведе до искушение.
Со почит до сите.
Број за контакт: 079/266-512 – Бојан Благадушоски
Македонија
Од ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за
утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)
изнесува 66,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 65,50 ден/лит, соопшти РКЕ.
Македонија
Се намалува малопродажната цена на Мазутот, бензините и дизелот остануваат со иста цена за литар
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,089 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 09.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 32,883 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 66,50 ден/лит, известуваат од РКЕ.
-
Кичево2 денаПополнета рубрика 2025: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Кичево10 часаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (17 декември)
-
Култура14 часаНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Македонија4 часаЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Здравје и убавина1 денНеколку совети како да ги намалите масните наслаги на нозете кои со време биле наталожени
-
Хороскоп1 часХороскоп за четврток (18 декември)
-
Магазин13 часаГолема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато
