Македонија
Од ноќеска поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена по која ќе возиме една седмица

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.05.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,50 ден/лит.
Ова ќе бидат новите цени заклучно со 00:01 вечерва:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 68,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 70,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 60,50 (денари/литар)
Македонија
СВР Охрид со засилени контроли во патниот сообраќај, изречени низа санкции

На 29.08.2025 година од 11 до 17 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници извршиле контрола на 87 моторни возила, во Охрид ззатекнале 55 возачи кои управувале со брзина поголема од дозволената (22 надвор од населено место, 17 во населено место) како и 9 возачи кои на места каде со сообраќаен знак е забрането, извршиле престигнување на други возила (Кичево-06, Дебар-03). Против овие возачи, поднесени се соодветни платни налози.
Апелираме до возачите на моторни возила, крајно внимателно да ги управуваат своите моторни возила, да ги почитуваат сообраќајните знаци и другата вертикална и хоризонтална сигнализација.
– Воедно, упатуваме апел и до пешаците, велосипедистите и моторциклистите како учесници во сообраќајот, да бидат совесни и одговорни, пешаците да ги користат обележаните пешачки премини за премин на коловозите а велосипедистите и моторциклистите да користат заштитни кациги и друга неопходна опрема.
Секое спротивно однесување како и зборување на мобилен телефон при управувањето со возилата, ќе биде санкционирано согласно одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Од ноќеска цената на нафтените деривати се намалува, ова е новата цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.06.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,50 ден/лит.
Извор: РКЕ
Македонија
Охридската полиција спаси четири лица од пловен објект, откако вчера им се скршил дел од едрилицата

На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека лица од пловен објект кој бил во водите на Охридското езеро, на околу 2.5 километри од езерскиот брег наспроти авто кампот „Извиднички“, бараат помош.
Полициски службеници со службен глисер веднаш се упатиле кон посочената локација, каде се забележани четири лица на едрилица кои извикувале и барале помош.
Преземени се неопходните мерки и лицата се безбедно пренесени во полициската станица кај каналот „Студенчишта“.
Безбедно е извлечена и едрилицата на која, поради лошите временски услови со силен ветар и бранови, дошло до кршење на крмениот лист, по што, лицето кое ја управувало едрилицата, изгубило контрола врз пловниот објект, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (29 јуни)
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за понеделник (30 јули)
-
Кичево20 часа
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево
-
Скопје1 ден
Во Скопје посебен режим на сообраќај за утре и задутре
-
Хроника1 ден
МВР со детали за трагичниот настан на Дебарско езеро
-
Lifestyle1 ден
Не е вода: Пијалокот што го хидрира телото најдобро
-
Lifestyle1 ден
Внимавајте кога излегувате од ладна просторија на летното сонце: Еве зошто!
-
Lifestyle1 ден
Три начини на кои тестенините можат да ви помогнат да ослабете