Следете не

Македонија

Од ноќеска поскапува дизелот и бензинот, ова е новата цена

Објавено пред

на

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република  Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,72% во однос на одлуката од 24.7.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,969%, кај дизелот за 4,065% , кај екстра лесното масло зголемувањето е за 4,410% и кај мазутот зголемувањето е за 3,245%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,782%

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,337 ден/кг и сега ќе изнесува 42,338 ден/кг.

Од 28.7.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,338 (денари/килограм)

Македонија

МВР демантира дека изгубеното девојче е пронајдено во соседна држава и апелира да ме се шират невистини!

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите објавени на порталот „Курир“ дека 14-годишната В.Ѓ., за која на 27 овој месец беше пријавено дека исчезнала, наводно е пронајдена во соседна држава.

Станува збор за комплетно лажна вест во која непознатиот автор се повикува на наводни „извори од истрагата“, а притоа со Одделот за односи со јавност при Министерството за внатрешни работи воопшто не ја направи задолжителната проверка на наводите, и покрај бројните апели и од страна на полицијата, и од страна на родителите на малолетничката да не се пласираат дезинформации со кои само може да се наштети на истрагата.

Како што МВР редовно информираше деновиве, за решавање на случајот и пронаоѓање на лицето е постапено веднаш по добиената пријава, вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Податоците за исчезнатото лице на 28.11.2023 во 13.00 часот се ставени на Стоп-листа на граничните премини, а на барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница за исчезнато лице од страна на Интерпол.

Истрагата продолжува интензивно и се преземаат сите мерки и активности за пронаоѓање нз лицето.
Министерството за внатрешни работи, согласно законот, бара веднаш да биде објавен овој демант, а невистинитиот текст секаде каде што е објавен да биде повлечен. Во спротивно ќе ги користи сите законски расположливи средства кои стојат на располагање.

Воедно, апелираме да не се шират дезинформации, а МВР постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката.

Прочитај повеќе...

Македонија

Делница Длабочица-Чатал денес сообраќајот ќе биде во прекин поради изведување градежни работи „минирање“, ова се информациите

Објавено пред

на

Илустрација

На ден 28.11.2023 (вторник) ќе се изведува минирање за потребите за изградба на експресниот пат А2 делница Длабочица – Чатал и затоа е предвиден времен прекин на сообраќајот на потег село Ветуница- мост на река Блидеш во период од 12:00-16:00 часот. По минирањето патничките возила ќе се пренасочуваат по локалните патишта, а сообраќајот за тешките товарни возила ќе биде во прекин се до расчистување на магистралниот пат, известуваат од АМСМ

Прочитај повеќе...

Македонија

(ФОТО) Превоите „Стража“ и „Пресека“ под снег, предмалку воведена забрана за тешки товарни возила за Стража

Објавено пред

на

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на планинските превои Пресека и Стража.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Од извори на терен до кои дојде Порта.мк, од пред 20 минути активирана е забрана за тешки товарни возила кои би транзитирале преку превој Стража, додека АМСМ предмалку ја потврди информацијата.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп10 часа

Хороскоп за сабота (2 декември)

ОВЕН Секогаш може подобро и вие тоа најдобро го знаете, па поработете на организацијата и плановите во наредниот период. Ништо...

Култура12 часа

Сеноќно молитвено бдение во нашиот манастир „Св. Богородица – Пречиста“ по повод големиот празник Воведение на Пресвета Богородица

Почитувани возљубени, со особена радост ве информираме дека на 3 декември, во 21 часот ќе се случува сеноќното молитвено бдение во...

Спорт19 часа

Судиите од првата македонска фудбалска лига супериорно ја завршиле работата на мечевите од 16-то коло

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 16 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:  На натпреварот Фк.Шкендија-Фк. Работнички одигран...

Автомобили21 час

Револуција или најгрдиот автомобил во историјата? Cybertruck пристигна (ФОТО+ВИДЕО)

Елон Маск конечно ја претстави својата визија за американскиот симбол – (pick-up truck). Тоа е многу грдо возило. Но, можеби...

Магазин21 час

Google од денеска брише неактивни сметки! Сепак, постои начин да се зачуваат податоци

Технолошкиот гигант Google од денеска брише неактивни сметки. Компанијата претходно го најави овој потег за да ја зголеми безбедноста на...

Магазин21 час

Сопственикот на TikTok, ByteDance, најави отпуштања

ByteDance , мајка на ТикТок, укинува стотици работни места во својот оддел за игри, изјави за CNBC лице запознаено со...

Хороскоп1 ден

Месечен Хороскоп (декември)

ОВЕН Љубов: На почетокот на месец декември сте поканети на забава со вашите драги пријатели, но не сте во можност...

Временска прогноза2 дена

Краткотрајно топло време, но голема разлика во температури, проследете ја најновата метео анализа

Во следниот период, односно до самиот крај на оваа седмица Балканот го очекува голем температурен шок (огромна разлика на температурите...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (30 ноември)

ОВЕН Марс сепак го зголемува вашиот стрес, бидејќи неговата главна идеја е да работите побрзо – ако се притиснете на...

Македонија3 дена

МВР демантира дека изгубеното девојче е пронајдено во соседна држава и апелира да ме се шират невистини!

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите објавени на порталот „Курир“ дека 14-годишната В.Ѓ., за која на 27 овој месец...

НАЈЧИТАНИ