Македонија
Од ноќеска повторно малопродажната цена на горивата се намалува, еве по која цена ќе возиме..
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 % во однос на одлуката од 24.11.2022 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,027 ден/кг и сега ќе изнесува 41,810 ден/кг.
Од 29.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 86,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,810 (денари/килограм)
Македонија
Додека преземал службени дејствија жител на Велешта нападнал полициски службеник
На 31.10.2025 во 15:00 часот на магистралниот пат Подмољје-Струга, полициски службеницн од ОВР Струга го лишија од слобода И.И.(45) од струшкото село Велешта затоа што физички нападнал полициски службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, за медиумите истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Македонија
Дополнете гориво, ноќеска дизелот солидно поскапува, додека бензините остануваат со непроменета цена за литар
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,50 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 67,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 36,057 ден/кг, истакна РКЕ.
Македонија
МВР: Кривична пријава против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“
СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 став 1 од КЗ, Ф.М., поранешен заменик директор во агенцијата поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 во врска со член 24 од КЗ „помагање“ и против Л.У., А.Р., Е.Т., А.Б. и А.Б., вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 во врска со член 24 од КЗ „помагање“.
З.А. во својство на директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, во периодот од 2017 до 2020 година, во повеќе наврати, со намера противправно да прибави за себе парични средства кои му биле доверени во службата, за службени патувања во странство на кои истиот присуствувал, примал дневници во висина од 50%, иако согласно Уредба за изменување на Уредбата за издатоците на службени патувања и службени патувања во странство требало да прима само 20%, бидејќи трошоците за сместување и исхрана не паѓале на товар на институцијата. Ф.М. во својство на заменик директор на Агенцијата за храна и ветеринарство со потпишување на решенијата за одобрување на службени патувања во странство му помогнал на З.А. противправно да ги присвои парите, а Л.А., А.Р. и Е.Т. во повеќе наврати, спротивно на наведената Уредба, изготвиле решенија за одобрување на службено патување во странство на име на З.А., врз основа на кои решенија А.Б. и А.Б. одобриле исплаќање на паричните средства врз основа на претходно изготвените решенија, иако знаеле и биле свесни дека решенијата не се донесени согласно уредбата, постапиле по решенијата и му ги исплатиле парите, со што му помогнале на З.А. да се стекне со противправна имотна корист во вкупен износ од 62.530 денари, а на штета на буџетот на Агенцијата за храна и ветеринарство, истакна МВР.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за петок (31 октомври)
-
Кичево2 дена„Џојсон Сeјфти Системс“ – Кичево заедно со „ОВР Кичево“ во кичевските училишта реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“
-
Кичево2 денаЈанев денес беше во посета на ОВР Кичево, заедно со раководствата на „РЦ Запад“ и регионалниот сектор за внатрешни работи Охрид
-
Хороскоп15 часаМесечен Хороскоп (ноември 2025)
-
Временска прогноза1 денПопоски: Ни претстои потопла зима, но со повеќе снег од лани
-
Кичево1 денПоради градежни активности на автопат Охрид-Кичево кај Подмоље ќе се врши пренасочување на сообраќај до среда
-
Здравје и убавина1 денПијалокот „Ракија“ може да лекува, еве десет значајни случувања кои може ракијата позитивно да дејствува врз нив
-
Скопје1 денЛишен од слобода возачот кој удри малолетничка на ул. „Перо Наков“ во Скопје и избега од местото на настанот
