Кичево
Од почеток на месецов 12 кичевчани мета на кучиња скитници, молк за решение на проблемот.
На 16.12.2022 во 15.20 часот во ОВР Кичево, Ј.Р.(37) од кичевското село Стрелци пријавил дека на улицата „Исеин Акиоски“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
Истиот ден, Б.Ч.(50) од селото Црвивци пријавил дека во атарот на Осломеј, кичевско, бил каснат од куче скитник.
На 16.12.2022, А.А.(38) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улицата „Мара Угринова Гина“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
На 14.12.2022 во 19.15 часот во ОВР Кичево, Ј.И.(62) од селото Бигор Доленци пријавила дека на улица „Индустриска“ во Кичево била касната од куче скитник.
На 13.12.2022 во 18.40 часот, А.С.(74) од Кичево во полициска станица пријавил дека на локален пат во кичевското село Осломеј бил каснат од куче скитник.
На 13.12.2022 во 12.10 часот во ОВР Кичево, А.С.(53) од кичевското село Долно Строгомиште пријавила дека на улица „Маршал Тито“ во Кичево била касната од куче скитник.
На 12.12.2022 во 12.35 часот, Б.С.(66) од Кичево во полициска станица пријавила дека на улица „Рудничка“ во Кичево била касната од куче скитник.
Истиот ден, 17-годишен малолетник од Кичево пријавил дека на улицата „Магистрален пат“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
На 11.12.2022 година во 18.30 часот, Л.И.(26) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улицата „Магистрален пат“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
На 08.12.2022 во 10.50 часот во ОВР Кичево, З.Ј.(58) од кичевското село Другово пријави дека на улицата „Магистрален пат“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
На 03.12.2022 година во 10 часот, С.С.(22) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улицата „Прилепска“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
На 30.11.2022 година во 17.35 часот, Н.К.(33) од Кичево во полициска станица пријави дека на улицата „Магистрален пат“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
Извор: Дневен билтен / МВР / СВР Охрид – Стефан Димоски
Кичево
ОВР Кичево го пронајде возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во Кичево и го напушти местото на настанот
На 25.11.2025 во 22:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Кичево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(25) од Кичево и мопед со кичевски регистарски ознаки, управуван од 13-годишник од Кичево, по што возачот А.Ф. со возилото го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој е пронајден и со него е извршен службен разговор.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево и по целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д. (51) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ по член 353 од Кривичниот законик.
Тој, во својство на градоначалник на Општина Кичево, несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања дадени со Законот за локалната самоуправа и спротивно на Законот за пожарникарство.
– Пријавениот, од 2016 година, секоја година, со одредени лица склучувал договори за вработување во Територијалната противпожарна единица Кичево и по истекот на една година од нивното вработување, не извршил должен надзор, пропуштил да им го прекине работниот договор и дозволил, истите да не се стекнат со соодветен сертификат за квалификација како пожарникари, издаден од надлежен Државен орган, за јавноста и медиумите предмалку соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
„Венаки“ Кичево: Пристигнува гооолемиот „Black Friday“ со неверојатен попуст до -70% на цени на одредени производи од светски производители за санитарија и останата покуќнина
Како современа и опшествено одговорна компанија која веќе 32 години успешно функционира на домашниот пазар, преку нашиот веб го најавуваме дефинитивно најголемиот „Black Friday“, во нашиот град кој трае на 28.11 и 29.11. Можете да искористите и до 70% попуст на одредени производи од врвни светски производители како што се, ATLAS CONCORDE, Geberit, Liv, Sanovit, Creavit, STN, Qua, Bien, Gomez, Navarti, Tilezza, Geo Tiles, Unitas, Ideal Standard, итн.
Во понудата има голем избор на керамички и порцелански плочки, „wc школки“, „кабини“, „паравани“, мебел за бања и уште многу други производи за вашата бања кои ќе го подобрат и олеснат секојдневието!
Дополнителни информации и резервации можете да добиете на телефонските броеви 075/264-634 и на 075/228-948, на фејсбук, инстаграм или директно во нивниот продажен салон секој работен ден од 09:00 до 18:00ч, најдете ги на гугл мапа на магистрален пат, ТУКА
-
Кичево1 денОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
-
Кичево5 часаОВР Кичево го пронајде возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во Кичево и го напушти местото на настанот
-
Кичево1 ден„Венаки“ Кичево: Пристигнува гооолемиот „Black Friday“ со неверојатен попуст до -70% на цени на одредени производи од светски производители за санитарија и останата покуќнина
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (25 ноември)
-
Хороскоп19 часаХороскоп за среда (26 ноември)
-
Хроника1 денМлад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
-
Временска прогноза1 денОд утре повторно нови обилни врнежи од дожд и засилен ветер, снегот ќе биде застапен на повисоките места од државата
-
Магазин1 денРецепт за најсочните мини пици: Брзи, меки и едноставно неодоливи
