Временска прогноза
Од понеделник месец септември ќе наликува на месец ноември, со тоа што на многу места ќе има обилни врнежи од дожд и пад на температурите – ова се деталите..
Големата промена на времето во текот на следната седмица на Балканот му е загарантирана, а со оваа промена доаѓа и крајот на долгото тропско лето. Оваа голема промена на времето која ја очекуваме уште од понеделник (9.9.2024), ќе донесе и опасност од големи поплави на повеќе места низ регионот.
Станува збор за циклонски систем кој ќе биде со центар некаде над Средоземјето и истиот полека ќе се преместува према Јадранот. Во ваква ситуација на многу места ќе има доста обилни врнежи од дожд, проследени со грмежи, силен ветер како и локална појава на силно невреме, а можна е и појава на град.
Екстремно количество на воден талог во текот на следната седмица очекуваме да падне во Алпскиот Регион, потоа долж обалата на Јадранот како и на северен Јадран, во поголем дел од Хрватска, северот и северозападот на Босна и Херцеговина, како и во Црна Гора и Албанија. Во овие делови очекувме локално да наврне и над 200 литри дожд на м/2, локално и над 250/300 литри дожд на м/2.
Апелираме нашите граѓани кои се наоѓаат во овие области, но и оние кои планираат одмор некаде во регионот, во никој случај тоа да не го прават во текот на следната седмица, и да не патуваат на овие места, и тоа поради очекуваните големи поплави. Температурите драстично ќе паднат и тие ќе бидат далеку потпросечни за месец септември, и повеќе ќе наликуваат како за ноември, од колку за септември месец.
Значително количество на воден талог во текот на следната седмица се очекува и во Македонија, на повеќе места ќе наврне над 30 литри дожд на м/2, локално и над 50 литри дожд на м/2, со што и во Македонија се можни локални поројни поплавувања. Температурите драстично ќе паднат и кај нас, особено во вториот дел од следната седмица.
Секако, доколку пак ја одберете дестинацијата за одмор соседна Грција, и таму очекуваме доста обилни врнежи во текот на следната седмица и голем пад на температурите. И во оваа соседна држава не се исклучува можноста од локални поројни поплавувања, што значи нема да ви биде во прилог да одете на одмор и во оваа соседна наша држава, за нашиот медиум изјави истакнатиот метеоролог Славчо Попоски
Временска прогноза
Временска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
Во текот на целата наредна седмица и тоа во периодот од 15 декември па се до 22 декември територијата на целиот Балкан и Македонија останува да биде под влијание на силниот Антициклон (Поле на висок воздушен притисок) кој се протега од југ и истиот условува да имаме температури значително над просекот за месец декември и стабилно и суво време без никави врнежи.
Сепак наутро останува да е ладно и на повеќе места температурите ќе се спуштаат за неколку степени под нулата па така се очекува појава на слана и на слаб мраз. Во ваква ситуација по котлините и по речните долини и понатаму особено во ноќните и во утринските часови ќе има појава на магла и на ниска облачност и таа повремено ќе биде густа и ќе условува намалена видливост.
Појава на магла и на ниска облачност особено во ноќните и во утринските часови ќе има и во делови од Скопската котлина.
Температурите пак како и до сега остануваат значително да бидат над просекот за месец декември и тие на повеќе места кај нас ќе надминуваат 10 степени а во југоисточните предели температурите ќе се искачуваат до околу 15 степени.
Во Скопје и околината наутро пак температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува до околу или ќе надминува 10 степени, доцна вечерва соопшти метеорологот Славчо Попоски
Временска прогноза
Ладно на утро со температури под нулата
Влијанието на силниот Антициклон кој се протега од југ и кај нас условува да имаме стабилно суво и претежно сончево време со појава на магла и ниска облачност во дел од котлините ќе продолжи и за време на овој викенд. Сепак, температурите ќе бидат за неколку степени пониски за разлика од изминатите денови но и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
И во Скопје и околината за време на овој викенд ќе продолжи стабилното суво и претежно сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Во делови од колтината особено во утринските и во ноќните часови ќе има појава на магла и ниска облачност.
Викендов наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени а преку ден температурата ќе се искачува во интервалот од 7 до 14 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 9 и 11 степени, соопшти Славчо Попоски
Временска прогноза
Снег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса во Македонија продолжува долгиот период на стабилно, суво и на претежно сончево време. Утре (петок 12 декември) и повторно во недела (14 декември) повремено ќе засилува ветерот од северен правец а температурите малку ќе опаднат во однос на оние температури кои ги имавме изминатите неколку денови. Сепак и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
Наутро и во ноќните часови по котлините ќе има појава на магла и на ниска облачност па во овие места преку ден температурите ќе останат пониски.
И во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите предели од Македонија. Наутро и повторно во ноќните часови во делови од Скопската котлина ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.
Наутро останува поладно со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до близу или за некој степен под нулата. Преку ден пак тие на повеќе места ќе се искачуваа до околу или пак ќе надминуваат 10 степени. Во југоисточните предели пак температурата ќе се искачи до околу или пак ќе надмине 15 степени, утрово соопшти Славчо Попоски
-
Спорт2 дена(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (14 декември)
-
Кичево1 ден(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
-
Хороскоп19 часаХороскоп за понеделник (15 декември)
-
Временска прогноза19 часаВременска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
-
Кичево5 часаТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда
-
Спорт19 часаРакометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
-
Технологија20 часаОткриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима
