Временска прогноза
Од понеделник повторно нашата територија под влијание на циклонска активност која носи обилен дожд и електрични празнења

Под влијание на циклонска активнот со центар над Медитеранот, од понеделник (21 април) па се до самиот крај на следната седмица (недела 27 април) во Македонија ќе има честа појава на врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи. Локално пак, процесите ќе бидат во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.
И во Скопје и околината во текот на следната седмица ќе има честа појава на повремен дожд, кој во делови од котлината повремено ќе биде пороен и проследен со грмежи, како и со засилен ветер во зоната на нестабилност. Температурите и покрај ова нема многу да се менуваат во однос на оние кои ги имаме сега, што значи ќе бидат пролетни, до рано – летни.
Да напоменам дека за време на овој влажен период, локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 50 литри на метар квадратен дожд). Поради ова, можно е ново зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија, а можни се и локални поплавувања.
Исто така, апелирам, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да се избегнува претстој на отворено како и под осамени дрвја. Во случај на појава пак на силен ветер, граѓаните да внимаваат каде ги ставаат своите автомобили, односно истите да не бидат во близина на дрвјата, предмалку истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Викендов променливо облачно со локален слаб дожд, утринските температури ќе бидат во интервалот од 1 до 8 степени

За време на овој викенд денес сабота и утре недела, во Македонија во ноќните и во раните утрински часови ќе имаме значително поладно време, со температури кои ќе се спуштат во интервалот од 1 до 8 степени, додека на повисоките и на планинските места температурите очекувам да се спуштат и за некој степен под нулата. Особено на повисоките населени места и на планините ќе има и појава на слаб утрински мраз.
– Преку денот пак времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а само локално ќе има услови за краткотраен дожд. Максималните дневни температури пак ќе бидат во постепен пораст, па така тие, особено во недела ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.
Во Скопје и околината ќе имаме многу слично време како и во другите делови од Македонија, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Денес најмногу дожд наврна во Крушево и Охрид, а со тоа и температурите се драстично пониски

Значително количество на дожд до вечерва во 20 часот наврна на многу места ширум Македонија. Сепак најмногу дожд наврна во Крушево, и тоа 28 литри на метар квадратен и во Охрид 24 литри дожд на метар квадратен.
На табелата можете да ги погледнете температурите измерени вечерва до 20 часот по градови и места во Македонија, како и наврнатото количество на воден талог во литри на метар квадратен, и тоа на мерните станици на УХМР, пренесува Славчо Попоски
Временска прогноза
Дожд на секаде во Македонија, ова се последните метео информации

Под влијание на голем влажен Медитерански воздушен бран, веќе насекаде во Македонија имаме обилни врнежи од дожд, а температурите полека се повеќе опаѓаат.
Обилните врнежи ќе продолжат во текот на целиот денешен ден (петок 16 мај) се до ноќните часови кон утрешниот ден сабота (17 мај).
На повеќе места ќе наврне значително количество на воден талог (над 20/30 литри дожд на метар квадратен, локално над 40 литри дожд на метар квадратен). И во Скопје и околината за време на овој период ќе има пообилни врнежи од дожд.
Во исто време од север и од североисток ќе ни се спушта многу поладен воздух, кој и понатаму ќе ги спушта температурите на воздухот и тие ќе бидат значително потпросечни за средината на месец мај. Поради падот на температурите на воздухот, на планините над 1400/1500 метри надморска височина, особено во северозападните и во западните предели од Македонија ќе има врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка, во дел од планините и со висина од над 10 cм снег.
Да напоменам дека поради обилните врнежи, можно е зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија, а исто така, можни се и локални поплавувања. Апелирам, граѓаните да бидат многу внимателни, особено ако се движат покрај реките и водотеците, информира Славчо Попоски.
-
Кичево2 дена
(ВИДЕО) Кичевските матурани со веселба и дефиле денес го завршија последниот средношколски ден
-
Кичево17 часа
(ВИДЕО) Кичевчанец со огорченост говореше за смрдеата и заразите од дивата депонија „На Онкологија има над 700 кичевчани“
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (17 мај)
-
Скопје1 ден
(ФОТО) Претрес во Скопје поради компјутерски фалсификат, неовластено навлегување во компјутерски систем
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за недела (18 мај)
-
Временска прогноза2 дена
Дожд на секаде во Македонија, ова се последните метео информации
-
Временска прогноза1 ден
Денес најмногу дожд наврна во Крушево и Охрид, а со тоа и температурите се драстично пониски
-
Временска прогноза1 ден
Викендов променливо облачно со локален слаб дожд, утринските температури ќе бидат во интервалот од 1 до 8 степени