Временска прогноза
Од понеделник следи промена на времето, ова се најновите информации..
До недела времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а температурите наутро ќе бидат многу пониски за разлика од изминатите утрини и тие ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 19 степени, во Скопје до околу 15 степени, максималните температури пак особено за време на викендот ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени, во Скопје до околу 32 степени.
Во понеделник под влијание на влажна и посвежа воздушна маса од север, времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со локална појава на грмежи. Ќе дува засилен ветер од северен правец, а температурите повторно ќе се намалат и максималните дневни ќе се икачуваат во интервалот од 20 до 29 степени. Во Скопје до 25 степени.
Потоа од вторник времето ќе биде претежно стабилно и суво со свежи утра, а преку денот ќе бида пријатно топло, за Порта истакна Славчо Попоски.
Временска прогноза
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (Мај 2024)
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за четврток (2 мај)
-
Поезија1 ден
Во пресрет на најголемиот празник „Велигден“, стихови на кичевчанката Наумоска за Господовите страданија на патот на болката во страсната седмица
-
Македонија20 часа
СВР Охрид: Презема мерки за наоѓање на сторители, кои по телефон вознемирувале граѓани за случени сообраќајки на нивни блиски
-
Македонија22 часа
Денес е 1-ви мај, меѓународен ден на трудот, некои велат ден произлезен од традициите на работничкото движење
-
Магазин17 часа
На децата не треба да им се дозволуваат паметни телефони во рака пред да наполнат 13 години, се вели во експертски извештај на францускиот претседател Макрон
-
Македонија2 дена
Грк понудил поткуп на „Табановце“ па експресно бил лишен од слобода
-
Магазин2 дена
Фантастични резултати на Samsung во првиот квартал