Временска прогноза
Од понеделник сув студ со доста ниски утрински температури – Ова се деталите
Во текот на следната седмица, и тоа почнувајќи од понеделник (3 февруари) па се до крајот на седмицата ќе бидеме под влијание на значително поладна, но сува воздушна маса од североистокот и од истокот на Европа. Истата ќе услови значително пониски температури на воздухот, особено во утринските часови кога тие насекаде ќе се спуштаат под нулата.
Во делови од Македонија, особено во Пелагониско, Беровскиот регион, како и на планинските места и на Скијачките центри температурите наутро ќе се спуштаат и до околу -10 степени, локално и под -10 степени. Преку денот пак тие на повеќе места нема да надминуваат 5 степени, односно тие ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 9/10 степени. На планинските места, како и на Скијачките центри ќе биде значително поладно.
Со овој ладен продор, повремено ќе дува засилен ветер од северен и од североисточен правец, кој се очекува значително да го прочисти воздухот низ котлините кои се многу загадени во моментов, секако, вклучувајќи ја и Скопската котлина.
Само да напоменам, дека само во понеделник (3 февруари) ќе има локални послаби врнежи од дожд и снег на планините со надморска височина од над 1500/1600 метри надморска височина, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Од утре доаѓа бура од дождови во западниот регион од Македонија
Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, денот (недела 26 октомври) ни носи променливо време со локални врнежи од дожд и со засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец. Особено обилни врнежи ќе има во западните предели и тоа особено во текот на ноќта кон понеделник кога ветерот повремено и локално ќе достигнува брзина дури до 90 км/час. Овие процеси особено во западните предели ќе бидат застапени во форма на силно невреме.
Особено во западните предели локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 литри на метар квадратен дожд). Ќе има услови и за појава на грмежи во западните предели од нашата Македонија. И во Скопје и околината за време на оваа циклонска активност ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец а ќе има и повремени врнежи од дожд.
Што се однесува до температурите тие остануваат да бидат над просекот за овој период од годината и тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени а во Скопје температурата ќе се искачува до околу 19 степени.
Поради очекуваниот силен и бурен ветер апелирам граѓаните навремено да ги заштитат своите автомобили, односно истите да ги ставаат подалеку од старите и осамени дрвја, известува Славчо Попоски
Временска прогноза
Периодот пред нас со нови врнежи деновиве и силен ветер до 70 км/час
Длабок циклонски систем со центар над централна и над северозападна Европа и истиот од северозапад ќе се преместува кон северните и североисточните предели на Европа кај нас ќе услови да имаме многу ветровито време и да бидеме во топлиот дел од овој длабок циклонски систем кој ќе придонесе за натпросечно високи температури на воздухот. Сето ова ќе услови во следните денови кај нас да дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина до околу 70 км/час). И во Скопје и околината следува многу ветровито време со засилен, повремено силен ветер претежно од југозападен правец.
Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат поројни и проследени со локална појава на грмежи. И во Скопје и околината ќе има повремен локален дожд кој повремено во делови од котлината ќе биде пороен и со услови за појава на грмежи.
Се на се како што најавив пред нас е многу ветровито време па токму поради ова ве советувам да ги заштитите своите автомобили во случај на појава на силен ветер, односно истите да не ги ставате во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се стари и се осамени. Температурите во деновите пред нас на многу места ќе се искачат до околу 20 степени а на повеќето места тие ќе надминат и 20 степени. Во Скопје и околината исто така во деновите пред нас температурата ќе надмине 20 степени, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Пред нас период на суво време и значително топло
Во почетокот од новата работна недела, односно во понеделник и во вторник (20/21 октомври) времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево а во вторник полека облачноста од запад ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.
И во Скопје и околината времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во среда (22 октомври) ќе имаме и повремени локални врнежи од дожд.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени, во Скопје и околината максимумот на температурата ќе се искачува до околу 16 степени. Тоа значи дека температурите и понатаму ќе бидат под просекот за овој период од годината, информира Славчо Попоски
-
Кичево1 денВчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (25 октомври)
-
Хороскоп16 часаХороскоп за недела (26 октомври)
-
Спорт18 часаФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско
-
Македонија2 денаВисоки претставници на МВР денес беа во работна посета на ГП Блато и ОВР Дебар
-
Временска прогноза1 денОд утре доаѓа бура од дождови во западниот регион од Македонија
-
Мобилни уреди2 дена„Samsung Galaxy S26 Ultra“, се очекува да биде презентиран кон почеток на јануари идната година, супер моќен и елегантен мобилен телефон
-
Култура4 часаУтре е голем празник, се слави Св.Петка, за многу години „Петковден“ – честита домашна слава на сите кои чекаат гости вечерва и утре
